Какво беше вашето пораѓање?

  • Креатор на темата Креатор на темата obicna&sexy
  • Време на започнување Време на започнување
Ај ваљда е дозволено на темава и машки да пишуваат :icon_lol:

Она што го има доживеано мајка ми, вие не можете ни да го сонувате... Многу пати ми ја има кажувано случката пред мене и пред гостите.Таа, мене и брат ми не родила на стари години, а предходно доживеала 3 спонтани абортуси, имала компликации и неможела да раѓа деца, барем така и кажале докторите. Но била упорна и на 38 години го родила брат ми, а на 41 мене. Среќа ја пораѓал сега веќе починатиот др. Јошевски во Поликлиника Чаир кој тогаш немал ниту 30 години, значи уште "дете бил", можда Ilumious го знаела, или можда слушнала за него дека гледам има докторска фамилија. Тој беше роднина со татко ми, затоа и толку до детали ви кажувам. Пораѓаот на брат ми и бил со царски рез, и поминала прилично лесно, иако долго време траела операцијата, додека пак за мене го видела Господ во бели гаќи. Изгледа на др.Јошевски му се стемнило пред очи кога ја видел мајками по втор пат. Неможеле на исто место да прават повторно царски рез, па ја свртиле некако од страна и ја почнале процедурата. На сред операција за малце ќе го загубела животот, докториве наши почнале да паничат :facepalm:, освен Јошевски кој останал мирен и стабилен и покрај тоа што животот на мајка ми и висел на конец Едвај ја спасиле, и после операцијата неможела 3-4 недели да стане од кревет од болки и од конците...Ептен тежок пораѓај имала, чудо е како преживеала. Среќа татко ми ги вршел сите работи место нејзе, и за капење, и менување пелени, јадење ова-она, па можела некако да се опушти.

И до ден денес и се крева косата и цело време ми повторува: "кога ќе имате деца, дури тогаш ќе сватите колку е тешко да си родител." :гик:
 
Не гледам причина зошто не смее да се пие вода. За спонтано породување природата сама си го има решено тоа. Со првиот плач мајката е веќе спремна и способна да стои на нозе. За царскиот е малку поинаку, но сепак, велат да се пие вода колку што можеш повеќе, токму поради епидуралната. Водата е природен циркулатор за организмот, а анестезијата треба што побрзо да се исфрли, за да биде чисто млекото.

Па со жени што имам правено муабет ми имаат кажувано дека еден месец после тоа не можеле да седнат и да одат во тоалет.
 
Па со жени што имам правено муабет ми имаат кажувано дека еден месец после тоа не можеле да седнат и да одат во тоалет.

Со нормалниот пороѓај, јас бев способна да си земам бебето под мишка и да си одам дома :D Ко ништо да не се случи, додека со царски рез мака видов...болки имав доста долго.
 
еве ќе се избацам што ми кажувала мајка ми.Со мене првиот пораѓај и бил мн лесен ..глас не пуштила ..вика и честитале за најхрабра мајка.. :) ,а со брат ми вториот пораѓај царски рез беше и големи маки виде...
 
Со нормалниот пороѓај, јас бев способна да си земам бебето под мишка и да си одам дома :D Ко ништо да не се случи, додека со царски рез мака видов...болки имав доста долго.
Овој нормален пораѓај, нели почнуваат болките и идеш у болница, и си вртиш кругови додека не се отвориш, легнуваш на бокс и ако детето е правилно за излез со главчето нормално се пораѓаш. А ако се сврти во последен момент идеш на рез. Е сеа мене ми е прашањето колку трае тој самиот чин на боксот и колку се јаки болките да ми споредите со нешто пример да се исечеш, да ти треснат бокс по нос, да паднеш на глава, да си скршиш рака, нога :) Одприлика ако има слична болка некој нека ми опише.
 
Леандро, да не си трудна? o_O Или и ти како мене, се спремаш психички? :icon_lol:

Ми имаат спомнато дека ако имаш болни менструации, пораѓајот би ти бил полесен затоа што си отрпнат на слична болка. Нормално, едната е појака од другата.
И мене ме интересира колку боли. Јас би прифатила еден тест како на оние типовине од клипот поназад, чисто да видам со што ќе си имам работа. :icon_lol:
 
Овој нормален пораѓај, нели почнуваат болките и идеш у болница, и си вртиш кругови додека не се отвориш, легнуваш на бокс и ако детето е правилно за излез со главчето нормално се пораѓаш. А ако се сврти во последен момент идеш на рез. Е сеа мене ми е прашањето колку трае тој самиот чин на боксот и колку се јаки болките да ми споредите со нешто пример да се исечеш, да ти треснат бокс по нос, да паднеш на глава, да си скршиш рака, нога :) Одприлика ако има слична болка некој нека ми опише.
Тешко да се заврти во последен момент, свртено си е некое време и така си седи му се допаѓа таа положба :D Мада мене најмалото ми беше свртено, отидов во болница ми закажаа за понеделник царски рез, и неделата од пусти страв дека имав голема мака со синот, се сврте со глава надолу, мислев низ стомак ќе излезе, и докторите се чудеа кога ја гледаа на ехо :)
Е сега, за времетраењето е различно кај секоја жена, некои се пораѓаат за саат време некои и по неколку саати седат на бокс (како јас на пример :) ), уствари незнам како е кај нас ама јас не бев баш на бокс, туку на специјален кревет кој мислам дека имаше од страна држалки, ама јас не ги користев. Се зависи од отварањето...
Болка...уф, незнам како да ти ја опишам, не е ни како бокс у нос, ни како рака кршење, туку повекје како со пила ти сечат половина од телото (без опојка) :pos:
Ама, минливо е тоа, не треба да се ствара паника, јас иако знаев што ме чека, секогаш си мислев на моментот кога ќе го видам малото, кога ќе го гушнам, кога ке му избројам прсти на раце и ножиња :love:
 
Боље да речеше бокс у нос, сега ова пилава ќе ми се врежи во мозок :ROFLMAO:
 
Боље да речеше бокс у нос, сега ова пилава ќе ми се врежи во мозок :ROFLMAO:

Подобро да бидеш спремена на поголема болка, отколку да стиснеш нозе и да кажеш „Јас не раѓам, кој го правел нека си го раѓа„ :D
 
Па со жени што имам правено муабет ми имаат кажувано дека еден месец после тоа не можеле да седнат и да одат во тоалет.

Иако сум жена, не верувам на жени. :)
Особено за оваа работа, бидејќи преувеличуваат х10. Исто како што преувеличуваат во текот на бременоста за тоа колку им е лошо, колку им се гади, па колку е тешко, па ју нејм ит. И јас така си чекав нешто да почне да се случува, а тоа ништо. Се` додека не почна да ми расте стомакот, секое одење на доктор го прашував дали сум бремена или ме лаже. На денот кога се породив можев да седам во лотус јога позиција, а никогаш во животот не сум вежбала јога. :)
Тие што ти кажувале така најверојатно биле сецнати, па затоа виделе малку мака. Како и секоја обична исекотина боли, ама сигурно не толку многу. А за да не дојде до моментот на засекување, се прават масажи на самото место во текот на бременоста. Земи си масло од кантарион и после секое туширање нанеси и масирај се. Ако нема засек, во моментот кога бебето е надвор, буквално можеш да станеш и оро да играш и ништо нема да ти биде.

Овој нормален пораѓај, нели почнуваат болките и идеш у болница, и си вртиш кругови додека не се отвориш, легнуваш на бокс и ако детето е правилно за излез со главчето нормално се пораѓаш. А ако се сврти во последен момент идеш на рез. Е сеа мене ми е прашањето колку трае тој самиот чин на боксот и колку се јаки болките да ми споредите со нешто пример да се исечеш, да ти треснат бокс по нос, да паднеш на глава, да си скршиш рака, нога :) Одприлика ако има слична болка некој нека ми опише.

Де ма па и ти, ама си се исплашила, небаре за умирачка е работава. А кога раѓале старите на нива и поле? Што мислиш како им било? Ајде Маро честито и фати го во раце копачот, има земја за орање! :)
Не е важно колку боли и не се замарај со тоа. Добрата вест е што не боли константно, туку на интервали. Не е ова дека ќе те боли 19 саати без прекин. Почнува на 15 минути раздалеченсот, трае можеби 2-3 минути и после тераш до следното, а во меѓувреме нема болка, како ништо да не се случува. Па после постепено се намалуваат интервалите на 10-7-5 минути. Важното да се знае е што повеќе се плашиш, тоа повеќе се стегаш, а тоа значи дишеш плитко, помалку кислород во мускулите и матката, а со тоа и поголема болка. Тајната е што повеќе да се опуштиш, ако во моментот можеш да мислиш на оргазам, најубаво!! :)
 
Е така бе Бисера, види шо Ху ни даде, гледај пола се откажаа у старт. И плус оваа Анфем од една пила се исплаши, ние до Топилница пораснавме, куршум не не бие :D
 
.... секогаш си мислев на моментот кога ќе го видам малото, кога ќе го гушнам, кога ке му избројам прсти на раце и ножиња :love:

А пропо муабетов.
Јас во моментот на првиот опуљ, ја кажав следнава констатација:
Срце мајкино, со десет раце и десет нозе!! :LOL::LOL::love:
 
А пропо муабетов.
Јас во моментот на првиот опуљ, ја кажав следнава констатација:
Срце мајкино, со десет раце и десет нозе!! :LOL::LOL::love:

:pos::pos: Октоподу мамин :pos::pos:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom