Какво беше вашето пораѓање?

  • Креатор на темата Креатор на темата obicna&sexy
  • Време на започнување Време на започнување
HAHAHA IMA NA FACEBOOK DVAJCA MAZI GI TESTIRAAT DALI BI GO IZDRZALE NAPONOT PRI PORAJGAJOT, NORMALNO NA ZENATA, STAVENI POD APARATI .... EPA NE ZNAAT KOLKU DA VRESKAAT ---- PLASKOVCI :D
 
Избришани 36 мислења, банирани од форум 8 членови:

Capture.JPG

Да не има други кандидати?

Продолжете со дискутирање на темата. Ако ви е досадно, најдете си друга занимација. Остајте ги темите на тие што навистина имаат нешто да кажат.
 
Пу, баш ми текна една добра реплика. (n)
:icon_lol:

Ја како сам се породија ? :eek: или како било ја кд сам се родија? Со маки сум се родил јас, пет и двеста, сирота мама
Шала на страну чуја сам мноо е заебано на пораѓај
Врескање појјако и од на Шарапову се дешаа

Не сум знаел дека глупавоста е толку заразна. Ти ги опоменуваш, они упорно пишуваат глупости кои немаат врска со темата.
Добро бе, вие мајки ли сте? Да ви нацртам дека не треба да одговарате на темава ако се немате породено? _Филип и parvati штотуку им се придружија на останатите банирани...
 
Мене ме интересира некој да опише колку боли, колку е страшно, што мисли ви се вртат низ глава :)
 
Мене ме интересира некој да опише колку боли, колку е страшно, што мисли ви се вртат низ глава :)

Подобро и да не знаеш :pos:
Кај мене беше катастрофално, огромни болки кои не се опишуват. Првиот пороѓај ми траеше 16 саати, вториот секундарен царски рез, третиот 8 саати. Пробаа болките да ги намалат со сретства за смирување, акупунктура...ништо не помага :) Среќа тие што се врткаа околу мене немаа појма македонски, па така псовки сочни им мавав :icon_lol:
Со царски рез не осеќаш нели, ама болките после пороѓај се неподносливи и траат неколку дена, недели...така да не препорачувам царски рез (освен ако е неопходен)
Интересна случка беше што акушерката на првиот пороѓај, фино лепо се слизна од плодната вода се издига еден метар у воздух и тресна на земја, а јас на сета мака се смеев ко улава :pos:

Но, сета таа мака, болки, врискања, мислиш дека умираш со секој напон исчезнуваат кога ќе ти го дадат во прегратки топлото збрчкано бебуле :love:
--- надополнето: 29 август 2013 во 13:13 ---
п.с. Една моја пријателка има станато од бокс кога почнале напоните и на лекарот му вели: Јас си одам дома, не раѓам! :pos:
 
Кој знае како ќе се издржат болките, а гледам сите на царски се удрени. Мајка ми вели дека од природен пораѓај нема подобра опција, али ај стисни заби да те видам:)
 
Неможам да зборувам од лично искуство ,али никогаш не сум се плашела од порѓај затоа што е тоа природен и спонтан процес ,за секоја жена и мислам дека е индивидуално кај секоја жена,гледајки ги искуствата на мои блиски особи .Знам каде со царски рез за 4 дена ја пуштија дома од болница и за многу кратко време и зарасана раната и што е најинтересно воопшто не и се познава лузната многу малечок рез има ,а знам исто случај со нормален пороѓај каде исто без никаков проблем или болки и за кратко време време се породи само што ја однесле во болница за 15 мин.,а исто со нормален пороѓај знам дека една жена се мачеше цел ден и нок додека не се породила и тешко и одеше и закрепнувањето после тоа,а со бебето имаше проблеми и рекле дека е тоа поседица што ја оставиле толку долго т.е не ја направиле царски рез .Со епидурално знам дека ми имаат кажано дека при нормалниот пороѓај немаш болки ништо не осекаш за време на пораѓањето нешто како анестезија било...значи индивидуално е за секој,само едно би ти препорачала ако не се породуваш подолго време од првите болки и ако не ти предложат тие сами да ти направат царски рез барај сама зашто не било тоа добро и за бебето и за мајката ....
 
Кој знае како ќе се издржат болките, а гледам сите на царски се удрени. Мајка ми вели дека од природен пораѓај нема подобра опција, али ај стисни заби да те видам:)

Убаво ти вика мајка ти, јас имам искуство со двата вида на пораѓај, првото си го родив природно и ништо неможе да замени, овие другиве ми се со сезариан секшн, господ и богоројца во бели гаќи ги видов... ако можете раѓајте си природно, ак нејќите да ве болит, ќе си примите епидурална една и ќе ви дава сигнали докторот, коа треба да стискаш да прајш и така, ај па вие што сте се уплашиле сиот овој свет е од мајки роден (вака ме тешеше свекрва ми) :icon_lol:
 
Самиот пороѓај
како да ме пратиле на шопинг со 10 кредитни картички и неограничен лимит

Непосредно потоа
ме излажале за лимитот и треба да си го покријам минусот

:)

Тако ти је мала моја, кога раѓаш дупла шкорпија. :love:
 
А да каже некој како е со спинална/епидурална?
 
Ај едно глупо прашање.
Дали ако еднаш родиш со царски рез, треба сите наредни породувања да ти бидат исто со царски? Или нема веза тоа?

И сега едно паметно.
За колку време после породување ви се регулира менструалниот циклус, месец за месец, да се врате у нормала?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom