Зошто се напуштаат македонските села?

  • Креатор на темата Креатор на темата Anco
  • Време на започнување Време на започнување

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.606
Поени од реакции
15.409
Возраст
70
Локација
Skopje
Вовед и не треба во оваа тема,состојбата на селото сите ја знаеме.
Во многу македонски села нема повеќе детски жагор-ни летно време,
просто нема никој кај кого да појдат внуците и правнуците-опустело.
За некои села може и да се најде оправдување зошто е тоа така .
За повеќето села нека кажат сегашните поколенија - членови тука.
Има примери каде села после ослободувањето со 2000 жители,
а денес да нема ниту еден,тогаш имало услови за нив а сега нема.
На денешен ден пред 70 години е запалено селото Никифорово.
Изгореле и се уништени 62 куќи, останале само неколку куќи.
После ослободувањето селото е обновено, почнала и настава во О.У.
Но не се вратиле сите поранешни жители некои уште тогаш се иселиле.
Во 1953 година е формирано Мавровското езеро - уште еден проблем.
Неможност жителите да се бават со сточарство поради потопување
на мавровското поле и ливадите. Почнало повторно иселувањето.
Денес во селото има само во две куќи постојани жители.
Но во селото има многу новоизградени убави куќи-секаде се спомнува
за присатност на иселените жители во летно време но овде и зимно.
-----------------
Каде отидоа никифорчани,зошто го напуштија селото и огништата.
Дали ќе најдам соговорници во некои од овие жители од 1943 година,
односно еве како изгледаа таму тогашните семејства во ова село.
А таква слика беше и во сите други македонски села (сега опустени)
Село Никифорово 1943 година. ( Николовско маало )
----------------
Семејство Анастасиевски Рафе и Султана
Синови: Данило, Павле, Аврам, Вецко, Мито,
Ќерка:...Донка
----------------------------------------------( Мацановско маало )
Семејство Арсовски Славко и Милица
Синови: Љубе, Танче, Јове, Злате,
Ќерки:....Светлана, Давитка, Доца, Илинка
-----------------
Се разбира може и од другите фамилии или маала во селото.
Добро е да се разговара за сите краишта од Македонија и дадат
примери зошто е дојдено до ваквата состојба,се разбира и нешто
повеќе за формирање и растурање на селските задруги.
Баш ме интересира посебно за селото Белица од Поречието,
кој жители сега ќе ги најдете во Драчево а можеби и Ѓорче.
----------------
 
Во глобала иселувањето трае веќе подолго време и тоа не само од село во град, туку и од помали градови во поголеми.

Конкретно за делов што си го спомнал т.е т.н Мавровски села(Маврово,Никифорово,Леуново), се случува веќе повеќе години миграција село-град.
Најголема причина за тоа е немањето работа.
Како што спомна поради езерото не е можно да се бави некој со земјоделство и единствените кои се останати се оние кои се вработени во делот туризам(читај скијачки центар, хотели, некоа меана), централата Врбен и Националниот парк.

Останатите поради немање основни услови(немање работа, никаков ноќен живот со исклучок на зима, оддалеченост од болница,кино,театар и други поволности кои ги нуди градот) за живот си ја бараат среќата по градовите т.е најчесто Гостивар или Скопје.

П.С Од 1 до 8 одделение во основното училиште немам прашано точно ама сигурен сум дека не се повеќе од 15 деца.(Се мисли заедно сите одделенија!!!)
 
Еве конкретен пример бидејќи јас сум од село Бач битолско кое спаѓа во општина Новаци најголема по територија општина во Македонија но со најмалку население.Моето село некогаш имало 700 души од кои годишно се раѓале во селската амбуланта 25 деца а училиштето имало од 300 до 400 ученици.Но по почетокот на миграциите во 1960 селата почнала полека да се празнат инаку ние до 2004имавме и своја општина Бач кој поради недостаток на население се распушти.Сега бориме борба за лекар во амбулантата бидејки повеке од четири години е затворена.Училиштето работи со 18 деца и тоа до сега ќе го затвореа доколку не бевме пограничен регион.
 
Младите Мариовци меѓукои и татко имале две можности. Дали да биди сточар и земјоделец во Мариово во место каде немало и сеуште нема водоводна мрежа, на одредени делови немало струја а од село до село се одело преку ридови со магариња или пак да дојде во градот да стане човек.
Многу нормало си дојде во Прилеп, заврши Машински факултет во Битола и си најде работа за инжинер во Прилеп.

Насловот на темата требало да си го пишел:
Зошто селаните од цела Македонија се населуваат во Мојот град убав во кој јас сум староседелец, кога нема работа за моите внуци.
 
Во некои села од мојот крај има уште по десет или пет жители и тие се со над 75 некои и 80 години.
 
Anco, тебе изгледа ти се уарни да отвараш теми. :icon_lol:

А што им фали на моите (глупи)теми
или вие повеќе ги сакате оние од типот што ако нејќе да голта или со која рака го тресете.
 
А што им фали на моите (глупи)теми
или вие повеќе ги сакате оние од типот што ако нејќе да голта или со која рака го тресете.
Баш се интересни,онка за разонода.
 
Воглавном секој бега од тешкиот селски живот... Колку и да се лажеме дека го сакаме никој нема да живее во место каде што нема продавница, вода и струја... Да не зборам за инфраструктура..

За пара може голема да се направи ако се работи со памет... Ама тоа па е лошото кај селските луѓе што многу внимание не обрнуваат на книгата, и не се стремат кон подобро... Еве во селото кај дедоми работат колку да преживеат... Не за да направат големи куќи, среден двор, ова она... Туку колку да имаат да не се без ич... Сега има исклучоци али во главно е тоа...

Сега во странство ако видиш да живееш на село тие како привилегија... Таму пак се со поинакво размислување...Посредено е.. и да се мали селата пак им се обезбедени најосновните работи...

Кај нас покрај желбата за неработење и самите услови за живеење си го направиле своето...
 
А што им фали на моите (глупи)теми
или вие повеќе ги сакате оние од типот што ако нејќе да голта или со која рака го тресете.

Чичко Анчо, со сета почит кон тебе и животното искуство што го имаш, но начинот на кој ги отвораш темите некогаш не остава многу простор за дискусија. Ги ставаш темите во контекст кој што е поодминат за нашата генерација, а со тоа си го ограничуваш бројот на членови што може да ти помогнат. Излишно е да се зборува за тоа зошто селата се напуштаат. Тие не се напуштаат, тие се напуштени веќе долго време. Да се зборува за ослободувањето, земјотресот е настаните што се случиле во тоа време за нас е од исто значење како да зборуваме за палеолитот - и двете се историски настани за кои знаеме од емисии и учебници само.

Некој да прашаше зошто луѓето се иселиле во тоа време ти би можел да ни држиш лекции, ама во случајов освен ти самиот никој не може да ти одговори на прашањето што се случило со Никифоровци. Јас комшиите не си ги знам па не некои луѓе што си ги оставиле огништата пред 70 години.
 
Во Богданици ако одите ниту еден млад човек нема да видите. Све се избегани.
 
Затоашто младите неќат да работат на нива...да берат и да копаат за егзистенција што е нормално во такви рурални предели.


Затоашто работата која они ја бараат а ретко кои ја наоѓаат ја нема во селата.

Затоашто мислат дека Скопје е меката и дека ако се преселат ваму ќе станат милионери.
 
Во глобала Македонија се напушта, не селата. Порано ќе се видеше некои фамилии да го напуштат селото за град, ама сега се напушта селото за друга држава. Причината е јасна, сиромаштијата.
 
Na nikoj ne mu se raboti,site sakaat da lezat i da zimaat plata. Zatoa ima kaj nas najveke partiski kniski prema broj na naselenie vo cela evropa.
 
Anco

Невкусно е ти да отвараш теми во кои изразуваш загриженост за селаните, кога изнакажа толку лоши работи за провинцијалците во Скопје.

Македонските села ги напуштаат младите брачни парови, зашто веќе не сакаат доматите и пиперките и лубениците да ги продаваат за џабе или да мора да ги оставаат на пазарот зашто не им се исплаќа да ги вратат дома. Во Источна Макеоднија се селат цели фамилии во Италија, а таму нивите човек ќе родат.
Земјоделецот никој не го есапи во Македонија, луѓето немаат два живота и си одат од Македонија. Без гајле, таквите одат во Западна Европа, не доаѓаат во СКопје.

Во Западна Европа е луксуз да живееш далеку од градскиот метеж. Секое село до најдлабоката вукојебина е поврзано и може на интернет да си видиш како да стигнеш до таму.
Во Макеонија има села до кои се стигнува само со магаре и не знам до кога ќе се чудиме зошто луѓето се селат од селата.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom