LG официјално го претстави најновиот G2

  • Креатор на темата Креатор на темата Флеш
  • Време на започнување Време на започнување
Ф

Флеш

Гостин
http://telefoni.com.mk/news-5353-LG-oficijalno-go-pretstavi-najnoviot-G2.html

LG Electronics денеска го претстави LG G2 смарт телефонот, првиот модел во рамките на новата премиум G серија на оваа компанија. Речиси 700 гости од 30 земји присуствуваа на светската премиера на овој модел во реномираната Frederick P. Rose хала во Линколн центарот во Њујорк. LG G2 смарт телефонот ја отсликува ориентираноста на компанијата LG кон потребите на потрошувачите и токму врз основа на истражувањата на нивните навики се дефинирани и главните карактеристики на овој модел, како ергономскиот дизајн, низа практични функции и интуитивното корисничко искуство.
„Нашата дефиниција за иновација е технологија која вистински одговара на потребите на корисниците“, изјави dr Jong-seok Park, претседател и извршен директор на компанијата LG Electronics Mobile Communications. „Токму низ истражувањето ги добивме неопходните показатели кои ни помогнаа моделот G2 да го направиме наш најдобар и навозбудлив смарт телефон до сега.“

--- надополнето: 8 август 2013 во 09:46 ---
Целосни спецификации ....

http://www.gsmarena.com/lg_g2-5543.php
 
Лично...

Но сепак не ми е јасно до каде ќе стигнат вака како што почнале...за 2-3 години ќе почнат и коли да произведуваат :pos:( зборувам генерално за сите не само за ЛГ ).
 
Ни новиот Snapdragon, ни Quad-core процесор не им помага на LG. Само телевизорите им ги почитувам, за телефони не ги бива.
Non-removable battery, ало бе.

Nexus 4 е добар само дека го има тоа Nexus, бидејќи Google се потруди да го дошминка телефонот.
 
Ако ништо друго барем знаеш дека е ставен класа дисплеј, пошто сами си го произведуваат ;)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom