Anco
За солун ДА, ЗА срем НЕ
Во нашата НОБ,имаше помеѓу партизаните и многу поети,кои напишава-испеава,преубави
песни за партизаните и за нивната борба за слобода на татковината.
Овие песни може уште да се наречат револуционерни и борбени песни.Тие песни некогаш ќе бидат пишувани на хартија,а често и кажувани-пеени од уста на уста, за некои песни и не може да се утврди автор,тие се толку брзо прифатени помеѓу борците и така речи се народни. Некои песни поради својата популарност станале и општонародно добро.Песните се создавале на самиот терен,таму каде се воделе и борбите и каде се случувало дејството на настанот.( „Очи“-Ацо Шопов)
Со создавање на покрупни воени единици и бригади се создале и повеќе песни и хорски композиции кои се пееле, а некои од нив се и Маршеви на истите бригади.
„Што ми е мило ем драго
млада партизанка да станам
на Пелистерска Планина.
Збогум и проштавај роде мој,
јас отидов во бој,бој бој,
збогум и проштавај роде мој,
јас отидов во бој.
На пелистерска Планина
во лавчанската корија
кај дванаестте кладенци.
Таму се клетва зедовме,
со фашисти да се биеме,
слобода да добиеме
за наша Македонија.
Збогум и проштавај роде мој,
јас отидов во бој“
Оваа популарна партизанска песна прв ја испеал народниот херој Стив Наумов при формирање на првиот партизанско-битолски одред „Пелистер“ во април 1942 година. (други податоци немам)
Понатаму верувам ќе следуват и многу други познати и непознати партизански песни, а може да се стават и пуштат и како видео-спот.