Компании од кои не сте задоволни

  • Креатор на темата Креатор на темата nekojtamu
  • Време на започнување Време на започнување
Од овие поголеми апаши нема во Македонија. На секои три месеци се разбираме преку пријави. Па глуп персонал што имаат начукано, глуп, поглуп здравје.

Уште полошо е дека генералната слика е таа.Мислам на ‘разбирачката‘ со било која фирма, работодавец или уште полошо државен орган.За најобична работа 40 пати да вртиш телефони, фактурирани и платени 2 ресивери, ти носат 1, па после 10 дена уште 1 ама со мана, па ај пушти по меил да е официјално, па по факс, па дојди лично, па јави се во Скопје во дирекција, па еј извини сме го згрешиле датумот дојди утре...и ќе забегаме од темава :cenzura:
 
Сите компании кои што не ја зголемија цената ама затоа ја намалија грамажата на производите и кажуваат прикаски дека цената не е зголемена х години.
Велешката алва Кристал која беше 1кг-162 денари а сега е 800 грама 175 денари,затоа кога ќе одам во бугарија купувам бугарска алва од 1кг-2,5 евра.
 
Не би знаел, генерално јас не купувам од нив...
 
Спомнаа некои и предтоа.. али еве да си кажам.. на прво место на мојат листа би биле
1. Blizoo
зошто? 4 години бев нивни корисник.. редовно си ги плаќав сите сметки.. а од нив добивав ... нема да се изразам така.. не..
таква некултура, таква ароганција, таква непрофесионалност... мислам цела книга дека би напишала само за нив кога би морала да ви кажам зошто не сум задоволна и зошто не би зела ништо од нив.. па дури и ако ми даваат беспари. Денот кога го раскинав договорот... беше еден од оние денови кога се чуствува човек како да сака да вришти од среќа, да викне цигани да му свират сарвошии и да го части цел град
2. EVN
Да бев толку храбра како онаа од Башино село што им ја запали трафостаницата... ја ќе ја запалев овде оваа главнава... да изгорат до темел.. али не сум :cenzura:
3. Стопанска банка - Велес..
Тој што бил, знае какви неспособни, недоносени створења има.. -.-
4. ВИП...
Од тие нивни слатки понуди што ги имаат... ми се повраќа... мило ми е што веќе не сум таму..
5. Од повеќето автобуски компании...
возат по автопатине како да се на трки и немаат никаква култура.. не ми е јасно зошто мора секој пат да се карам и да му објаснувам на "искусен" шофер дека не се вози по автопатон ск-ве со 200.. и дека на ниеден од тие луѓе што се возат не им се иде на гробишта.. :mad:
 
Ова е лесно прашање, Т-Хоум...
Според темава, комуникацискиве компании нудат најлоши услуги, а спаѓаат во едните со најголема заработувачка :(
 
Имав проблем со лаптопот, не работеше звучникот(а тоа го знам бидејќи на слушалки и екстерни работи, а самиот звучник не работи), и им го носам во Сет Компјутери од кај што и го купив лаптопот со истечена гаранција. Влегувам, викам здраво, вака и вака, немам звук на компјутерот, звучникот не работи ако може да се смени, на слушалки и екстерни звучници има звук, немам ни гаранција, сакам да го оставам на сервис, ми викаат во ред дечко.
Две недели ги немаше да се јават, кога се јавив ми рекоа ќе го направат најбрзо што може, потоа уште 2 недели цели чекав и на крај ми рекоа не можеме да најдеме дел. Во ред, идам да си го земам лаптопот, нели непоправен лаптоп не треба ништо да ме кошта, и ми викаат xy сума за детекција/откривање на проблемот(или како и да го крстија), а пази, јас знаев што е проблемот, дури и им го кажав, и на крај ми наплатија околу 500 денари само за тоа. Никогаш повеќе!
 
Жито Маркети.. На брзина требаше да купам шампон и земав еден од 170 денари.. И давам 1000 на госпоѓава, и она ми враќа 330 денари.. Јас без да видам колку ми дала само ги ставам во џеб и заминувам.. И таман стасав дома ги вадам парите 330 денари.. И ми текна дека 1000ка и дадов. Се отепав од барање по џебовите ја немаше.. Се враќам во Жито и учтиво прашав дали ми вратиле 830, а госпоѓава кога ми се нафрли па.. Што се занесуваш ти, 500 денара ми даде, јас на крадец ли ти личам.. Среќа го викнаа шефот и ги видовме снимките на кои се познаваше дека 1000 денара и дадов, па си ја призна грешката госпоѓата..

Секоја чест за: Бензинска пумпа Црна Река во Велес.. Ова се случи уште кога ја отворија.. Влегов да сменам пари од евра во денари. Му дадов 150 евра на продавачот, и тој ми рече почекај да прашам дали од оваа каса да ти дадам пари. Ја почекав малку и се врати продавачов, вади 9000 денари и ми ги дава, јас веднаш ги ставив во џеб.. Запалив колата и си заминав, не стасав ни до семафорите дечково ме стаса со моторче, запира до прозорот и гледам во раката го држи новчаникот мој.. Сум го оставил на каса. Ништо не фалеше од него, секоја чест навистина.
 
Близу е најголемата катастрофа од оператор. Телеком има најдобра услуга ама најскапа. Народов брендот им го плаќа и тука е проблемот. Инаку од други што ми текнува Неоком е многу паднат, цени плафон и Жито леб го намали квалитетот откако го продадоа Грците. Од пумпиве Макпетрол до скоро беше катастрофа со горивото. Мораше нешто да менуваат ради конкуренција. Е сега има многу мали претпријатија кои не вредат да се спомнуваат.
 
Помалку за набројување се тие од кои сме задоволни. Таква тема подобро ќе биде да се отвори..
 
One.

2 години плаќав BOOM тв за да имам вкупно 10 канали, од кои последниве месеци од мај па наваму немав ништо. Секогаш кога идев да се пожалам, ми викаа донеси го ресиверот, го носам го ставаат кај нив работи, дома нон-стоп ми кажува помести ја антената, па нема сигнал, па сликава трепери све тоа им беше кажано неколку пати.

Нивниот одговор: Со уредот се е во ред, имате проблем со вашата местоположба, поместете ја антената. Арно, купив нова антена, ја ставив на една тераса, па на друга, па на крај на кров. Истото срање. Во централно градско подрачје.

На крај одвај чекав да поминат тие 2 години и им го фрлив, ми рекоа ама зошто еве сега можете и без договор, со помала преплата, дрн дрн... Глупости.

Важно бапни им договор на муштериите, дади им на почеток едни канали, после менувај си ги по твој ќеиф, на крај воведи им пенали од 4000 или 6000 денари и терај.

Сега со дигитализацијата истото срање го прават, ресивери ни за жива глава, дали постои во државата некоја грижа за корисници или купи нов тв, или земи си бум...

VIP

Нивниот легендарен интернет.
 
Blizoo.

Еден милион проблеми, незнам како ги трпам уште.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom