Компании од кои не сте задоволни

  • Креатор на темата Креатор на темата nekojtamu
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
27 декември 2011
Мислења
591
Поени од реакции
508
Возраст
59
Додека ми е тазе во главава да отворам нова тема заради тоа што ми се случи мене, а сигурен сум дека му се случило на секој барем по еднаш. Дома правиме нова кујна и купуваме се што треба да се вгради за мајсторот да почне да работи. Дојде ред за мијалник и по разгледувањето на повеќе мијалници на интернет се одлучивме за мијалник од фирмата која продава Фабер и Нарди во Капиштец (не ја именувам заради тоа што незнам дали да ги именуваме и дали заслужуваат). Се јавив таму, прашав дали го имаат и ми рекоа дојди, ќе го нарачаме и ќе го имаш за еден ден. Си реков што не го нарачаат тие па јас да појдам утредента да го земам ама ај. Отидов, оставив име и презиме и број и си заминав. Денес, ми се јавија да го земам. Отидов таму, го земав, го ставив на задното седиште во автомобилот и право кај мајсторот. Мајсторот го зема во рака, помина со раката по внатрешната страна и ми вели овој е удрен оди и врати го. Се враќам во дуќанов и муабетот е ти го виде тука и си го зема може ти си го удрил негде. Значи јас се вратив таму за отприлика еден саат (станува збор за времето помеѓу 13 и 14 часот попладне) и шизикот не ја враќа стоката. После мало убедување и разговарање со „директорот„ ме упатија да го носам мијалникот во нивните магацини кај Интеримпекс во Автокоманда. Отидов и до таму па и тие ме убедуваа дека тоа е моја грешка. Ако првпат во животот купувам мијалник, НОВ, дали треба да го ставам на скенер? На крај ми дадоа друг кој го разгледував некое време и иако имаше две многу мали гребаници во себе си реков ако не го земам ќе направам инцидент. Е тоа почитувани форумџии е компанија од која никогаш повеќе нема ништо да купам ниту пак ќе имам добар збор. Ова го напишав на уште еден форум затоа што за разлика од нормалниот свет кај нас муштеријата изгледа никогаш не е во право.
 
„Компании од кои што не сте задоволни“ а името на компанијата не е наведено.
Како ќе знаат читателите да ја избегнат таа компанија?
 
Т-Мобиле, ОНЕ, Пакомак ( ради изложбата ), КАМ маркет кој се тотално неуслужливи, Жито Велес шо вработените гледаат да те украдат, ЈСП-Скопје итн.. итн..
 
(не ја именувам заради тоа што незнам дали да ги именуваме и дали заслужуваат). Е тоа почитувани форумџии е компанија од која никогаш повеќе нема ништо да купам ниту пак ќе имам добар збор. Ова го напишав на уште еден форум затоа што за разлика од нормалниот свет кај нас муштеријата изгледа никогаш не е во право.

И што сакаше да кажеш со постот, ако не кажуваш која е компанијата? Па тие дефинитивно заслужуваат да бидат именувани во ваков контекст. Инаку твојот пост не би имал никаква цел;)
 
И што сакаше да кажеш со постот, ако не кажуваш која е компанијата? Па тие дефинитивно заслужуваат да бидат именувани во ваков контекст. Инаку твојот пост не би имал никаква цел;)


Мислев дека возрасни ја читаат темава, ама ете имало и мали деца. Чукнете со прстињата Фабер и Нарди Македонија и ќе дознаете.
 
Мислев дека возрасни ја читаат темава, ама ете имало и мали деца. Чукнете со прстињата Фабер и Нарди Македонија и ќе дознаете.


Чек бе шефе, не треба да глумиме Шерлоци тука. Сам си ја кажа темава - компании од кои не сме задоволни. Тоа не значи дека треба да сме мистериозни.

„Една маалска продавница кај мене што не продава леб од Жито Лукс. (сами ќе сфатите возрасни луѓе сте)“
 
Д фирмата која продава Фабер и Нарди во Капиштец (не ја именувам заради тоа што незнам дали да ги именуваме и дали заслужуваат). Се јавив таму, прашав дали го имаат и ми рекоа дојди, ќе го нарачаме и ќе го имаш за еден ден..

Мислев дека возрасни ја читаат темава, ама ете имало и мали деца. Чукнете со прстињата Фабер и Нарди Македонија и ќе дознаете.

Да сега специјално ќе земам да барам на нет како точно се вика фирмата која продава Фабер и Нарди само зашто тебе те мрзело да пишеш. И извини требало во насловот да пишеш возрасна граница само за над 45год. да ја читаат темава. Ем отвараш тема ем не знаеш за што ја отвараш, најбитно е името на фирмата а приказната да дојде во втор план. ;)
 
Да. токму така. А да, имаш грешка во потписот :)
 
Blizoo - светски идиоти
И јас мислев да ја пишам истата компанија. Пишуваат дека нудат супер-добри услуги а у ствари ти даваат све 10 пати полошо од тоа што е изрекламирано. Јас ги имав кратко време и ги баталив.
 
Јас само би се пожалил од спороста на нивниот сервис иначе се што сум купил од таму било трајно. Мониторот од 2007 уште работи, дигикамот од 2003 уште работи и УСБ меморијата од 2005 сеуште работи (ама не ја користам :) )
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom