ФОТО: Сафет од струшко стана комита

  • Креатор на темата Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
А

Атомската мравка

Гостин
1.jpg

Сафет Адемовски македонски муслиман од струшкото село Подгорци облечен во комитска облека е единствен Македонец со друга вера кој се приклучи на коњаницата која на 2 август за време на големиот празник Илинден треба да пристигнат на Мечкин камен во Крушево.

„Ова ми беше животна желба, неколку години се спремав. Оваа година успеав некако да се спремам и да отидам на тоа свето место, да ги посетам Мечкин Камен, Крушево, да им се поклонам на паднатите борци. Апел до сите Македонци – Муслимани, Турци, Албанци, Роми и сите други без разлика на етничката припадност да го продолжиме овој пат, сите заедно, сложно. Тоа е наша должност, да се поклониме на сите борци кои се борела за оваа наша земја и за нејзината слобода.

Погрешно сум сфатен од мојот народ, тоа не го прифаќаат, гледаат со други очи. Од мојата фамилија догодина ќе има и други. Од другите не знам, а би сакал да има, да се приклучат да отидеме таму, зашто тоа е многу значајно место за нас, за цела Македонија и за сите што живеат во неа, додава Сафет Авмедоски.

Извор

Ех камоли да имаше повеќе вакви како Сафет во државава..
 
Браво, секоја чест за човекот. Докажа со сопствен пример дека македонците муслимани без разлика на верата сепак припаѓаат кон македонскиот народ и култура.

пс После Сафет, јас сум за Dardan-ia и puno да ги правиме комити. Како што и тие велат ова е и нивна држава, па да ја почуствуваат навистина како своја. ;) :D
 
Почна политика на приближување на Македонците со исламска вероисповед кон останатите Македонци. Не за џабе Вмро стави Македонец муслиман за главен секретар на партија којшто ќе треба веројатно да одработува кај Македонците муслимани во Струга и Кичево каде што највеќе се под притисок на албанизација.

Се надевам дека сите ја научија лекцијата од последните избори.
 
Е арно де. Колку што знам крушевскиот манифест ги повикуваше сите народности и вери да се приклучат кон востанието. Ништо погрешно или сензационално нема тука.
 
И некогашна ЈНА не бираше од која националност си, а си во нејзините редови,
и затоа опстојуваше таа држава-додека беше така.
Кад беше овој Сафет, па некој си Суљо, па Осман, па Тасим, па Дарди и Пуно и др...
во 2001,на која страна ли беа на тетовското кале или во Радуша или во Арачиново,
да беа на правилната страна до тоа немаше ни да дојде,немаше против кого...
 
Не за џабе Вмро стави Македонец муслиман за главен секретар на партија којшто ќе треба веројатно да одработува кај Македонците муслимани во Струга и Кичево каде што највеќе се под притисок на албанизација.

Емил Димитриев не е Македонец муслиман и во Кичево бројот на Македонци муслимани е занемарлив.
 
Емил Димитриев не е Македонец муслиман и во Кичево бројот на Македонци муслимани е занемарлив.
Ашим Зекировски е !
Македонците муслимани во Кичево, Дебар, па и Гостивар барај ги во Турците и дел во Албанците.
 
Порано ги пцуевте македонските муслимани, де ја продадоа нацијата, де станаа турски курви и секакви понижувања. Не биле дискриминирани од самите граѓани, туку институционално.....

НО сега кога видоа како демек гласовите на македонските муслимани ги одбираат градоначалниците одма рипавте и муслиманите се македонци.....
 
Ашим Зекировски е !
Македонците муслимани во Кичево, Дебар, па и Гостивар барај ги во Турците и дел во Албанците.

Зекировски стана член на Извршен, не генсек. Има огромна разлика. :)

Македонците муслимани се политички фактор само во две општини во државава. Струга и Маврово-Ростуше. Ростушките Македонци муслимани ја прегазија коалицијата ДУИ - Фијат која тврдеше (ги учеше) дека се Торбеши, и оттука наградата за Зекировски, додека во Струга се случи спротивното. Тие со малциски став во двете општини сега се жедни по медиумско внимание. Така имаш ростушки досади на подфорум религија на Кајгана, кои само плукаат по нешто и имаш луѓе од струшко кои со вакви очајни обиди пробуваат да покажат дека постојат и бараат некој да почне да мисли на нив.

Ситуацијата во Струга е многу покомплексна и тешко дека некој би ја решил со именување на член на Извршен кој воопшто и не потекнува од таа средина и тешко би бил прифатен. Струга бара и пари, и стратегија и меѓународна поддршка. 20 години разноразни невладини, хуманитарни и секакви други организации и верски школи се инсталираат таму.
 
Да одлична вест да беа повеќето како Сафет ќе немавме до сега волку проблеми како што сега ги имаме но секоја чест за Сафет кој се одлучил на овој чекор ... :)
 
Зекировски стана член на Извршен, не генсек. Има огромна разлика. :)

Македонците муслимани се политички фактор само во две општини во државава. Струга и Маврово-Ростуше. Ростушките Македонци муслимани ја прегазија коалицијата ДУИ - Фијат која тврдеше (ги учеше) дека се Торбеши, и оттука наградата за Зекировски, додека во Струга се случи спротивното. Тие со малциски став во двете општини сега се жедни по медиумско внимание. Така имаш ростушки досади на подфорум религија на Кајгана, кои само плукаат по нешто и имаш луѓе од струшко кои со вакви очајни обиди пробуваат да покажат дека постојат и бараат некој да почне да мисли на нив.

Ситуацијата во Струга е многу покомплексна и тешко дека некој би ја решил со именување на член на Извршен кој воопшто и не потекнува од таа средина и тешко би бил прифатен. Струга бара и пари, и стратегија и меѓународна поддршка. 20 години разноразни невладини, хуманитарни и секакви други организации и верски школи се инсталираат таму.

Навистина?

А, Студеничани или попознат како Торбешија или Дебар? Во Дебар има 3,000 Турци со мајчин јазик македонски. Јас не велам дека сите, но добар дел од Македонците муслимани во Западна Македонија денес се попишани како Турци, а во општини како Струга, Студеничани како Албанци.

Мене не ми треба некој да ми кажува дали е Турчин или Македонец. Доволно е да го погледнам по физиономија и ќе знам.

Треба стратегија и добра волја само. Тие многу добро знаат што се , но поради некој нивен револт и религиска припадност друга националност.

Да одеше Вмро со кандидат Македонец муслиман во Струга со сигурност ќе победеа таму тоа ти гарантирам.
 
Порано ги пцуевте македонските муслимани, де ја продадоа нацијата, де станаа турски курви и секакви понижувања. Не биле дискриминирани од самите граѓани, туку институционално.....

НО сега кога видоа како демек гласовите на македонските муслимани ги одбираат градоначалниците одма рипавте и муслиманите се македонци.....
Ти кога ќе станеш комита на свет ден Илинден во земја вековна Македонија?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom