- Член од
- 3 ноември 2008
- Мислења
- 3.161
- Поени од реакции
- 1.324
Умре „Американскиот сон„
29 јули 2013
Четири од пет возрасни Американци во некој миг од животот ќе бидат соочени со сиромаштија, невработеност или зависност од социјална помош
Истражувањето на агенцијата кое го пренесува „Хафингтон пост„ укажува на понатамошен пад на економската сигурност во САД и крај на она што се нарекува американски сон.
Резултатите од истражувањето пристигнуваат во момент кога претседателот Барак Обама, се обидува повторно во фокус на својата администрација да ја стави економијата, што го истакна во неколку последни говори.
Според последните информации, тешки времиња сега посебно ги погодуваат белците. Песимизмот го достигна својот врв од 1987 година, а последните анкети покажуваат дека дури 67% од белците сметаат дека состојбата на економијата е многу лоша.
-Ќе биде уште полошо- смета Ајрин Салјерс (52) која по два разводи и откако останала без работа, одгледува овошје и зеленчук.
Сепак, тоа како што вели, не е доволен за живот.
-Ако побарате работа, нема да најдете, а дури и да успеете, платата не е доволна за живот. Младите луѓе немаат што друго освен да се дрогираат- додава таа.
Според мапата која треба да се објави наредната година, економската несигурност ќе погоди 76% од белата популација на возраст до 60 години.
Под економска несигурност се подразбира периодот во траење од најмалку една година во кој едно лице нема работа, и зависи од социјална помош.
Ако се земе во предвид целата популација на САД, економска несигурност ќе ги погоди неверојатни 79% од населението.
Моментално во Америка постои рекорден број на сиромашни-46,2 милиони лица, односно 15% од популацијата, а главна причина е високата стапка на невработеност поради рецесијата.
Иако припадниците на другите раси имаат поголема стапка на сиромаштија, во апсолутни броеви најголем број на жители кои се под границата на сиромаштија се белците- повеќе од 19 милиони е под годишната заработка од 23.021 долари за семејство од четири членови.
http://www.novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=21934