Маде ин Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Македонец
  • Време на започнување Време на започнување

Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.814
Срамота, нема ниедна тема отворено за овој настан.

Илинденски МАРШ се одржува секоја година,почнувајќи од 1978 година.​

konjanici.jpg

За да не должам многу само ќе го поставам годинашниот говорот на претседателот Иванов во чест на овој марш :

- Учеството на „Илинденскиот коњанички марш“ е предизвик, но и привилегија и чест. Секоја година има сè повеќе и повеќе пријавени кандидати за учесници и сè повеќе и повеќе пријатели и поддржувачи на манифестацијата. „Илинденскиот коњанички марш“ е култен настан кој секоја година се подготвува и се реализира со душа и срце. Но, ова не е марш и манифестација само за спомен на минатото, тоа е и влог во сегашноста и залог за иднината. Македонските граѓани, овде во Лисиче, во Крушево, и во секое друго македонско село или град, никогаш нема да ја заборават жртвата на илинденците и нема да дозволат никој да ја доведе во прашање македонската државност, нагласи Иванов.


Ве молам поставувајте слики,видеа и сл.....и објаснете каков е начинот за да се земе учество во овој марш,т.е дали постојат критериуми.
 
Ајде време е за МАДЕ ИН ВЕВЧАНИ..па нели е држава...
-------------
Темата е убаво поставена и ја терате во друг правец,можеби требаше друг наслов.
Секоја година одам да ги испраќам коњаниците за Крушево. Убава традиција.
Кој не бил нека дојде догодина во Лисиче во црквата за да го доживее тоа.
Комитите и војводите го заслужива тоа и повеќето од тоа.
Убаво би било кога би не обавестувале секојдневно за нивниот пат со слики.
 
Ај дечки не тролајте ве молам. За сега само ви ги избришав мислењата, а ако продолжите со тролање ќе кркате казнени поени/бан.
 
Мислам да покрај оваа убава замислена и остварена традициа,недостасува уште
една. „По стапките на февруарскиот поход“ (некаде Богомилскиот поход)
Веднаш би се пријавил па иако би бил таму најстар,за десетдневен марш,баш во студениот февруари кои треба да се организира ако не секоја година,бар секоја петта или десета. По стапките на нашите дедовци и татковци од далечната 1943 година.Па да изврвиме по Јакупица, Кожув и Плачковица по исти такви услови се разбира пешки и да не речам и гладни,туку баш онака како што било.па да стасаме до Прохор пчински или бар до најблиските падини таму,каде се создаде и нашата држава.
Не треба да се заборават и тие херои.
 
дечки дали некој може да ми каже како се вика песната што ја даваат на тв за организираниот превоз за крушево?
 
Јас од маде ин Македонија само пуканки купувам од Баба Ленче од тие чоколадните.
 
дечки дали некој може да ми каже како се вика песната што ја даваат на тв за организираниот превоз за крушево?
Иронично песната е сосема не маде ин Мацедониа. Песната е снимена од Ирецот Енди Ирвин заедно со тимот, со поддршка од музичари од Бугарија.
Bear's rock - Andy Irvine
 
Иронично песната е сосема не маде ин Мацедониа. Песната е снимена од Ирецот Енди Ирвин заедно со тимот, со поддршка од музичари од Бугарија.
Bear's rock - Andy Irvine
фала
многу е добра
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom