Граѓанска (религиозна?) војна во Ирак?

  • Креатор на темата Креатор на темата Katunec
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
7 мај 2005
Мислења
1.231
Поени од реакции
307
Речиси секој ден има десетици мртви во бомбашки напади. Нападите се интензивираа овие денови, а ситуацијата продолжува да ескалира. Последниве три месеца има барем 3000 жртви, а се претпоставува дека се повеќе. Општеството е поделено на религиозна и етничка основа, при што сунитите и шиитите се таманат, Курдистан е речиси автономен и спори со владата во Багдад за одредени територии во кои има терористиччи напади. Ситуацијата е напната и заради поврзаноста со останатите делови на Блискиот-Средниот Исток, посебно со Сирија и Турција.

http://www.iraq-businessnews.com/2013/07/27/us-warns-of-increased-risk-of-terrorist-attacks/
 
Најголем непријател на Муслиманите се самите тие колку луге имаат загинато од бомбаши самоубијци во Авганистан, Израел, Пакистан...
 
Како нешто покрупно да се крчка, не е само Ирак во игра.

Погледнете што се случува деновиве, народот се дигна во Египет, а војската тргна да се справи со Муслиманското братство; има околу 200 убиени и илјадници повредени само во Каиро. На Синајскиот Полуостров, исламистите дигаат востание, а војскта се спрема да го угуши. Jас би рекол Египет беше повеќе во ситуација пред граѓанска војна.

http://www.washingtonpost.com/world...3e01da-f7a4-11e2-a954-358d90d5d72d_story.html

Овие два-три дена во Тунис има опасна закана за власта таму, и мавање.

Во Либија - побуна против исламистите од Муслиманското братство, спекатакуларно бегство од затвор на илјада затвореници.

Во Сирија војската започнува финални операции, но исламистите стрелаат 50 војници и продолжуваат со самоубиствени напади во Дамаск.

Кумулативно земено, многу активности.
 
На повидок арапска пролет 2.издание,овојпат во вистинска смисла на зборот.Во Египет народот се дигна против исламистите на чело со Морси и го тргнаа од власт,во Либија нападнати претставништва на муслиманското братство,во Тунис протести против режимот поради убиство на секуларниот лидер на опозицијата,во Сирија нешто слабо им оди на ФСА во борба против силите на Башар,дури има инфо од терен дека борци на ФСА преоѓаат во редовите на САА бидејќи Башар им понуди амнестија.
Претстои многу важен и интересен период на Блискиот исток во секој случај.

Мило ми е,иако до пред некое време немав таков впечаток,што има нормален народ на Блискиот исток кој не сака да го водат затупавени исламисти кои можат само да ја уназадат земјата бидејќи не се носители на прогрес и се угнетувачи на човековите права и слободи.Се надевам дека човештвото ќе победи,секако цената е скапа и многу народ загина за туѓи интереси посебно во Сирија.

Би сакала да видам слична ситуација и во КСА,сигурно има незадоволство помеѓу народот од репресивниот режим на кралската фамилија.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom