Вашето мислење за новинарите во Македонија?

  • Креатор на темата Креатор на темата MMZdravkovski
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
14 мај 2013
Мислења
5
Поени од реакции
3
Возраст
41
Вака... Најпрвин да кажам дека немам ништо лично против новинарите само сакам да си разрешам некој дилеми...
Што тие мислат дека се, и дали мислат дека се повеќе од нас - обичните граѓани кои имаме некоја друга професија...
Кој е критериумот да се стане новинар? Дали е тоа 3месечен курс во МИМ? - Половина од оние кои се декларираат како новинари не знаат дека новинарство се учи на Правен, туку имаат некое средно, па со курсот работат како некојси дописници или слично, а притоа немаат ни осигурување ни плави картици и висат пред бирото, и после тој треба да креира јавно мислење???
Па јас ако чекам некој полуписмен со 3 месеци курс во МИМ да ми креира мислење ја треба да се обесам.
Како е можно новинар да биде пратеник?
И најнејасното прашање во мојата глава во врска со новинариве...
Кои права они ги сакаат? Што мислат они - го фанале Господ за јај.а? Кој се они да бараат права повеќе од обичните граѓани? Како некојси изесен Кежо кој издал некој заштитен сведок, треба да се пушти и ослободи од обвинение? Како некој кој изел 300 против некое правно или физичко лице, и потоа тоа лице го гони за клевета или навреда, како тоа лице нема одговорност само затоа што е новинар???
Па зарем секоја будала може да јаде на вести или било каде гом.а, и само затоа што има курс од 3месеци (95%) или факултет за новинарство (+5%) за него не треба да важат законите во државава???
Секој мора да има одговорност за неговите постапки без разлика дали е новинар или доктор или било што. Зарем на некој градежник ако му се сруши зграда не треба да одговара? Така и вие господа од новинарската фела, треба да си сносите одговорност за секое изедено гом....це
 
Не ме зафркавај... новинарите работат во телевизија…телевизијата е партиски насочена и врши рекламација на партијата за време на избори…партијата се натпреварува да дојде на власт…власта е политика…власта управува со државата……… сето тоа е логички поврзано и поддржано меѓу себе :)

Јас немам ништо против новинарите.., тоа не е до нив, они си работат за парче леб, а за да му го даде тоа парче леб некој на нив, тие работат за некого, а тој некого му дава наредби за работа……… чим има смешано и политика се оди во провалија :)
 
Не ме зафркавај... новинарите работат во телевизија…телевизијата е партиски насочена и врши рекламација на партијата за време на избори…партијата се натпреварува да дојде на власт…власта е политика…власта управува со државата……… сето тоа е логички поврзано и поддржано меѓу себе :)

рекламација =/= реклама
 
Си го вадат лебот на свој начин...

Инаку незнам зашто се фатиле да се ослободи тој Кежаровски, како би се осеќале они да бидат заштитен сведок и некој јавно во весник да им го напиште името и презимето и дека е заштитен сведок... Со тоа се нарушува безбедноста на граѓанинот и опасноста да биде убиен (особено ако сведочел против некоја мафија, не сум запознаен со детали за случајот и не ме интересираат). Чим можел јавно да пишува за заштитени сведоци, е сега ќе лежи затвор (јас лично би му дал доживотна, нека се осмели некој друг да пишува така после тоа :D)...
 
според мене искрено е интересно да си новинар. треба да си авантурис во душа, да сакаш патувања, никогаш да не си изморен и секогаш да си подготвен за акција.
секогаш дознаваш се што се случува во земјава, а и пошироко. сите информации се кај тебе.
не знам што ти сметаат новинарите, тоа си им е работа. како на професорот што му е работа да предава лекции, како докторот што лекува, така новинарот заработува.
 
Си го вадат лебот на свој начин...

Инаку незнам зашто се фатиле да се ослободи тој Кежаровски, како би се осеќале они да бидат заштитен сведок и некој јавно во весник да им го напиште името и презимето и дека е заштитен сведок... Со тоа се нарушува безбедноста на граѓанинот и опасноста да биде убиен (особено ако сведочел против некоја мафија, не сум запознаен со детали за случајот и не ме интересираат). Чим можел јавно да пишува за заштитени сведоци, е сега ќе лежи затвор (јас лично би му дал доживотна, нека се осмели некој друг да пишува така после тоа :D)...

Друже има пола вистина во ова што го велиш ама не е се црно бело.
Типот го уапсија ако не се лажам по 3 години и за сосем трета работа, а наводно зошто издал сведок.
Сведокот сам признал дека бил лажен сведок.
Тука проблемот е што новинарот не сакал да го издаде изворот од каде што ја добил информацијата кое му е право загарантирано со закон, а они му се заканувале и го присилувале да каже кој му ја дал информацијата.
Очигледно е дека на некој горе во власта му има нешто згрешено затоа е целата фрка.

П.С Ако има некој други поточни информации слободно нека ме корегира
 
Вака... Најпрвин да кажам дека немам ништо лично против новинарите само сакам да си разрешам некој дилеми...
Што тие мислат дека се, и дали мислат дека се повеќе од нас - обичните граѓани кои имаме некоја друга професија...
Кој е критериумот да се стане новинар? Дали е тоа 3месечен курс во МИМ? - Половина од оние кои се декларираат како новинари не знаат дека новинарство се учи на Правен, туку имаат некое средно, па со курсот работат како некојси дописници или слично, а притоа немаат ни осигурување ни плави картици и висат пред бирото, и после тој треба да креира јавно мислење???
Па јас ако чекам некој полуписмен со 3 месеци курс во МИМ да ми креира мислење ја треба да се обесам.
Како е можно новинар да биде пратеник?
И најнејасното прашање во мојата глава во врска со новинариве...
Кои права они ги сакаат? Што мислат они - го фанале Господ за јај.а? Кој се они да бараат права повеќе од обичните граѓани? Како некојси изесен Кежо кој издал некој заштитен сведок, треба да се пушти и ослободи од обвинение? Како некој кој изел 300 против некое правно или физичко лице, и потоа тоа лице го гони за клевета или навреда, како тоа лице нема одговорност само затоа што е новинар???
Па зарем секоја будала може да јаде на вести или било каде гом.а, и само затоа што има курс од 3месеци (95%) или факултет за новинарство (+5%) за него не треба да важат законите во државава???
Секој мора да има одговорност за неговите постапки без разлика дали е новинар или доктор или било што. Зарем на некој градежник ако му се сруши зграда не треба да одговара? Така и вие господа од новинарската фела, треба да си сносите одговорност за секое изедено гом....це
Никој факултет ниту курс ниту школа не е мерило ниту гаранција дека некој ке го биде за таа работа. Новинарството и политиката се такви професии за кои ниедна школа неможе да те научи, можеш да завршиш и највисоко образование за новинар или политичка школа ама тоа во пракса не ти вреди многу (такви се и многу други професии, едноставно праксата е поголем дел од занаетот), обичен рибар може да биде подобар новинар или политичар и од најшколуваните. За тие професии требаат големи јајца и се друго е гола прагматика и снаодливост.... (зборувам за вистински новинари и политичари а не за газолижачи и голи репортери).
Секој треба да си сноси одговорност за своите постапки и одговорноста треба да биде иста за сите. Проблемот е во тоа што ако за секој напишан збор се поднесуваат тужби и се досудуваат драконски оштети со тоа се воведува апсолутна цензура и новинарството се сведува на репортерство и фалење на оној кој моментално е на власт. Што е твојата или мојата чест понезначајна од честа на било кој лигав политичар па во случај на повреда на неговата чес се досудуваат отштети од по 10, 30, 50 000 евра, а ако некој те навреди тебе или мене ке ни досудат по 10.000 денари отштета! Нека биде и за политичарите по 10 000 денари! Дали нивната душа е нешто повеке од нашата душа та повеке ги боли, трпат повеке душевни болки? И која е заштитата на новинарот ако објави некоја афера која тој како новинар ја открил и по кое откритие треба да постапи обвинителството? Никоја! Веднаш ке му стегнат тужба а тој неможе да покрене постапка за гонење и докажување на аферата затоа што тоа е работа на обвинителот кој секако е од владеачите и тужителите.
За случајот со Кежаровски има многу нејаснотии и секако хроничниот проблем кај нас- притворот.
Нејасно е зошто Кежаровски не бил повикан на одговорност тогаш кога го сторил наводното дело, пред 5 години? Тоа не е дело кое можел да го крие, се работи за текст во дневен весник кој сите го читаат и ако имало кривично дело требало да биде повикан на одговорност веднаш..... Нејасно е зошто притворот се продолжува во недоглед. Притворот се одредува за обвинетиот да не го доврши делото, да не влијае на сведоците, да не ја попречува истрагата, и да не избега. Во овој случај делото е довршено, сведоците ако ги има секако се сослушани, истрагата е завршена и доказите се обезбедени а за бегање нека му се одземе пасошот. Зошто е продолжен притворот, зошто Апелација сеуште нама одлучено по жалбата за претходниот притвор а притворските предмети се итни! Зошто нема образложение на одлуката за притвор?
 
Новинар за мене е Мирка Велиновска со школо кое денешните новинари можат да го сонуваат - Завршила Филозофски факултет - историја на уметноста, студирала ориенталистика во Белград и класичен англиски јазик на Кембричкиот универзитет.

Згора на тоа е и жена....која има поголеми мадиња од сите мажи новинари заедно.

Ако имаме овакви повеќе новинари....тогаш ниедна НВО организација нема да може да ни ја креира медиумската слика.
 
Затоа е уште поголема трагедијата при толку образованост да им ги лиже задниците на моменталната владеачка гарнитура, што преку колумни, што во емисија на еден друг лижач, поранешен осуденик, па се дешава колективно лижење задници и многу трошење на тоалетна хартија LIVE.
--- надополнето: 29 јули 2013 во 03:38 ---
Иначе во моменталнава ситуација во државата мислам дека најмалку посакувана работа е новинарството, тие неколку пријатели што ги имам нејќат да слушнат за новинарство.
 
Затоа е уште поголема трагедијата при толку образованост да им ги лиже задниците на моменталната владеачка гарнитура, што преку колумни, што во емисија на еден друг лижач, поранешен осуденик, па се дешава колективно лижење задници и многу трошење на тоалетна хартија LIVE.

Додека ти ги брани домашните интереси од надворешните агресори.....до тогаш ако сака и за партијата на зелените нека биде....како и секаде во светот....секој новинар си е позиција или опозиција....но никој не пишува во интерес на нивните непријателски настроени соседи(за разлика од нашите новокомпонирани новинарчиња).
 
А замижување (и пушење) пред домашните/внатрешните настани и играње како ќе каже пастирот влегува во рамките на професионално новинарство и допринесува за стабилност во државата?
 
Не разбирам што тоа ни се десило во државата што новинарите со нивните пера ја задржале да не се дестабилизира.
 
Што тие мислат дека се, и дали мислат дека се повеќе од нас - обичните граѓани кои имаме некоја друга професија...
Кој е критериумот да се стане новинар? Дали е тоа 3месечен курс во МИМ? - Половина од оние кои се декларираат како новинари не знаат дека новинарство се учи на Правен, туку имаат некое средно, па со курсот работат како некојси дописници или слично, а притоа немаат ни осигурување ни плави картици и висат пред бирото, и после тој треба да креира јавно мислење???
Па јас ако чекам некој полуписмен со 3 месеци курс во МИМ да ми креира мислење ја треба да се обесам.
Како е можно новинар да биде пратеник?
И најнејасното прашање во мојата глава во врска со новинариве...
Кои права они ги сакаат? Што мислат они - го фанале Господ за јај.а? Кој се они да бараат права повеќе од обичните граѓани? Како некојси изесен Кежо кој издал некој заштитен сведок, треба да се пушти и ослободи од обвинение? Како некој кој изел 300 против некое правно или физичко лице, и потоа тоа лице го гони за клевета или навреда, како тоа лице нема одговорност само затоа што е новинар???
Па зарем секоја будала може да јаде на вести или било каде гом.а, и само затоа што има курс од 3месеци (95%) или факултет за новинарство (+5%) за него не треба да важат законите во државава???
Секој мора да има одговорност за неговите постапки без разлика дали е новинар или доктор или било што. Зарем на некој градежник ако му се сруши зграда не треба да одговара?

Новинарството во МК е професија во изумирање, но токму поради обратните причини од наведените. Изумира бидејќи како професија е или поддржана или прогонувана од власта. Независноста е одамна отидена низ прозор.
- Кежо издал лажен заштитен сведок. Зборот „лажен“ е многу битен во муабетот.
- Клеветата/навреда не е криминално дело (односно не треба да биде).

Никој факултет ниту курс ниту школа не е мерило ниту гаранција дека некој ке го биде за таа работа. Новинарството и политиката се такви професии за кои ниедна школа неможе да те научи, можеш да завршиш и највисоко образование за новинар или политичка школа ама тоа во пракса не ти вреди многу (такви се и многу други професии, едноставно праксата е поголем дел од занаетот), обичен рибар може да биде подобар новинар или политичар и од најшколуваните.

Ова е погрешно на толку многу нивоа. Се додека постојат убедувања дека за одредени професии не ти треба образование состојбата со истите ќе биде таква каква што е.

Додека ти ги брани домашните интереси од надворешните агресори.....до тогаш ако сака и за партијата на зелените нека биде....како и секаде во светот....секој новинар си е позиција или опозиција....но никој не пишува во интерес на нивните непријателски настроени соседи(за разлика од нашите новокомпонирани новинарчиња).

Не. Секој новинар е независен од позицијата или опозицијата.
И задачата на новинарот не е да брани домашни интереси од надворешни агресори. Тоа е задача на власта.
 
Мене лично највеќе ме нервира кога некој што ќе напише статија "10 начини како да го освоите" се смета за новинар.
 
Какви новинари , ние немаме новинари имаме само луѓе кои читаат вести т.н . презентери , по претходен диктат од Грујо и Бранко
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom