@cool@
Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
- Член од
- 2 јуни 2007
- Мислења
- 23.601
- Поени од реакции
- 27.115
Колку пати некого сочно сте опсуле кога ви влегол во “макази“ или ви пресекол пат? Или, кога со начинот на возењето, бавно или брзо, едноставно ве нервира?
Денес, освен ако не сте Далај Лама или Мајка Тереза, тешко е да се остане смирен, бидејќи има премногу лоши и насилни возачи. Но, кои се лошите возачи, што ги прави да се такви, како што ги викаат “идиоти“? Дали и вие сте лош возач? Ова се 10 особини на лошите возачи, па оценете се самите.
10. Не користите сигурносен појас
Во време на “crash“-тестови, ѕвездички за безбедност, кукли што излетуваат од возилото, а и со малку знаење на физиката, тешко е да се замисли деко некој го игнорира сигурносниот појас. Секој има по некој роднина или пријател што имал “тоталка“, не бил врзан и преживеал – ама малку глупаво е да се рескира.
9. Секогаш ја блокирате левата лента
Двете ленти постојат со причина, а сообраќајната култура налага дека левата лента е побрза. Точно, не мора секогаш да се тркате на автопат, но ако неколку возила ве претекнат по десната лента, зарем е толку голем проблем малку да се поместите?
8. Не држите доволно растојание
Ова не треба премногу да се објаснува – ако оној пред вас вози пребавно, едноставно го претекнувате или возите зад него. Но, “лепење“ или набивање до задниот браник на возилото пред вас нема воопшто да го забрза, а ако малку прикочи, рескирате судар за кој во секој случај ќе сте криви.
7. Пијани сте
За опасностите од возење во пијана состојба скоро се’ се знае, но некои и денес мислат дека се попаметни од сите други и редовно возат пијани. А немате контрола врз автомобилот ниту перцепција на просторот, Затоа, викајте такси или отспијте во автомобилот.
6. Имате регистерска табичка со името
Освен ако не се работи за име на фирмата, ваквите табички се непримерни и непростиви. Воопшто нема потреба премногу да се објаснува зошто.
5. Мислите дека сите мораат да ја слушаат музиката од вашиот автомобил
Независно за каков вид на музика станува збор (турбо-фолк, најнов хит, опера или сериозна музика), всушност никого не го интересира вашиот музички вкус. Прегласната музика ви го одзема вниманието, а ги иритира другите учесници во сообраќајот.
4. Свирите на секоја ситница
Постојат луѓе кои едвај чекаат да стиснат на автомобилската сирена. Сеедно дали се работи за некој кој не тргнал истата милисекунда кога се запалило зеленото светло на семафорот, или ако некој вози пребавно, не мора да свирите секогаш кога ќе ви текне, туку исклучиво кога тоа навистина е потребно. А да, свирењето кога е колона во сообраќајот, сеуште никогаш не придвижило ниту еден автомобил, но добро е да се види дека луѓето се обидуваат и се “трудат“ тоа да го направат.
3. Палите светла за магла и кога нема магла
Некој ги убедил “талентираните“ возачи дека нивниот автомобил одеднаш ќе стане силен и брз “ѕвер“ ако дење ги запалат светлата за магла. Тие поверувале и сега тоа е тренд. А магленките се за подобро да се види патот кога има магла. Кога ја нема, само ќе изгледате како идиот и ќе им сметате на другите возачи.
2. Користите мобилен кога возите
Има премногу студии колку е опасно да се користи мобилен телефон кога се вози. Но, некои тоа не ги спречува да разговараат, пишуваат пораки, па дури и да ставаат статуси на Фејсбук. Ако веќе мора да телефонирате, купете си безжична слушалка.
1. Постојано го коментирате лошиот начин на возење кај другите
Коментарите “Гледај, жена вози“, “Кој ти дал возачка?“ и стереотипите дека возачите од внатрешноста се полоши, ниту ќе го направат патувањето побрзо, ниту пак нив подобри возачи. Затоа, опуштете се, пазете на патот и сообраќајот и… памет во глава.
Во кои точки се пронајдовте себеси ???
јас под 10; 2 и делумно под 1