Кои се попријателски настроени домаќини: Охриѓани или Грците?

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување

Кои се подобри туристички домаќини?


  • Вкупно гласачи
    205
Леле мори мајко:facepalm:

Од нив ништо не ме чуди, па и да почнат да наплаќаат влез во езероно, штом веќе не даваат ни вода од чешма. Цццц...

А да не заборавиме дека МОРА да платиш за лежалката иако ти сакаш на песок да си легнеш ...
 
Како Струга, нема друга! :P

Грците не се пријателски настроени туку е тоа обична камуфлажа,лицемерје бидејки имаат корист од нас,тоа се вештачки насмевки и пријателство,Охриѓани не дека се непријателски настроени туку само еден дел се нељубезни,тоа е разликата,првите глумат љубезност,а вторите не!

Подобро да ми прават вештачки насмевки, да имаат добар однос со мене додека сум таму, отколку да отидам во Охрид и да ме направат од онакво подолу. Тоа што Македонците имаат проблеми во Грција, не е од работниците во туризмот и сл., туку од трети лица, најчесто навивачи на некој од тамошните клубови, кои патем се големи патриоти.

За парите кои ќе ги потрошам за една недела во Охрид, толку ќе ме чини патот и уживањето во Грција, Црна Гора или Хрватска. Кога веќе спомна дека се лицемерни, нека научат и Охриѓаниве да работат така, нека ги нормализираат цените и ќе видиш како ќе тргне работата на подобро. Битно ми е да направи јас да се чувствувам добро кога престојувам кај него во хотел или апартман, а не да ми се одмили и никогаш во животот повеќе да не ми текне да се вратам во градот, не кај него.
 
како турист одамна не сум бил во охрид. Си имаме стан во Охрид и си одам на свое. Така да немам големо искуство со изнајмување на соби и охриѓаните кои изнајмуваат.
Но голем проблем во Охрид ми се
  • нечистите плажи
  • изгор цените во кафичите
  • тесен простор на плажа поради лежалките кој патем мора да се платат.
  • НЕМАЊЕТО СПОРТСКИ ТЕРЕНИ надвор од хотелите и школите.
Сепак овие проблеми ги решавам со тоа што најчесто одам на св Наум. Најубава и најчиста плажа и вода во Македонија
Со грците пак сум немал некои големи проблеми. Често одам за Паралија, еден другар од татко ми има вила и ја изнајмува така да ретки ми се контактите и со грците.
Еднаш бевме со девојка ми на Крф и сакавме да изнајмиме скутер за 5 - 6 дена. Арно ама бевме во шпиц сезона. Ај некако најдовме низ ипсос едно место каде се изнајмуваат мопеди директно без предходни резервации. Имаше премногу гужви и уште три четири мотори. Предходно со девојками зборувавме на македонски и тој гркот не сети. Таман дојдовме на ред ни вели сите мопеди биле расипани. Откако си заминавме ги изнајми сите до еден.
 
Изгор цени по кафани? 100 денари Скопско пиво да речеме дека е просек, а сте пијале вие Грција по кафани, можеби евро и пол е едно пиво? :pos:

Околу домаќините, и на едните, и на другите им даваш пари, логично е и двата домаќина да се љубезни, од човек до човек е тоа... зависи на што ќе налеташ. :)
 
Грците шо организираат тури со брод не им е понижување да ти ги измијат нозете ко ќе се качиш во него, а и не се лакомат да превезуваат патници во поголем број од дозволеното. Исто така се многу паметни пошо идат со реални цени за јадење и пиење на брод. Ко ќе се укрцаш у брод ти вика порција суфлаки 6 евра, коктели по 5 евра. После два саати ги намалуваат цените на порција суфлаки 3 евра, коктели 3 евра. За на крај да стигне суфлакито до 1 евро, а октелите 2 евра.
Е они знаат како да ти ги земат парите, додека Охриѓани се толку лакоми шо се у стање да го фрлат месото ама не спуштаат цена.

Доста чест проблем што сум го видел. И Охриѓани да се разбереме, ова не е плукање без основ, дај муќнете ја тоа главата и бидете поконструктивни. И со малку пари но со добар концепт може доста да се направи. Со башибозук и дигање акции без никаков основ, патем секоја шупа да ја претварате во место за престој, без да ја уредите соодветно и да налупате цена и ѕвездички, ќе ги изгубите и своите мештани како население.
 
На остров да јадеш гиро од 2 евра (120 денари), и у охрид 120 денари сендвич - е мало морген :tapp:

И да не се љубезни,секој 2 ден ни ги чистеа собите,нечисти садеви ако имаше ги средуваа гланц,алишта расфрлани имавме низ соба,кога се вратив беа здиплени и кренати настрана.

кафе 2-3 евра.....епа сеа види. :D
 
Одамна не сум била на одмор во Грција ама од тоа што имам одено сме немале некои си проблеми со тамошните, зошто нели првично одиш на одмор добро да си поминеш а не одиш таму да исправаш криви дрини. Така да гостопримливоста била на ниво секогаш.

Од другата страна пак во Охрид три пати досега се случило да ми кренат или му кренат кола на некој од друштвото со кое што сме дојдени а била само таа со скопски регистрации во редот, газдарицата да ти се качи горе и да ти се дере зошто вие сте се бркале низ спратот а тоа подот е обична бродарица, дрвени даски несменети од времето на Св. Климент и газдарицата мисли дека обичното движење по подот е бркање на змејови во соба.

Но исто така лани бев на викенд за први и втори август во Охрид кај еден инспектор во пензија кој што издава апартмани и се нервираше човекот зошто овие комшииве негови што исто така издаваат соби му пререкле како смеел да им купува тој тоалетна на туристиве и да им става пешкири негови, многу ги распрдувал и требало сами тоа да го прават. Се гледаше дека се работи за нашетан човек кој нели за разлика од другите охриѓани имаше видено што значи туризам и како треба да се постапува со туристи па имаше и замислете, инвестирано во апартманите негови :eek: . Ако мислите дека лажам - слободно побарајте го Душко се викаше човекот, мислам дека улицата на која што имаше апартмани е Јане Сандански.
 
Како се налетувате на тие лоши охриѓани мене не ми е јасно, јас имам барем 7-8 пати отидено во Охрид (лани последен пат) и никогаш не сум налетал на некоректни сопственици каде што сум бил лошо третиран напротив една година газдата дури на крајот на одморот последниот ден не однесе на скара на галичица горе во едно село сакал да не части. Лани исто така сосема коректни беа луѓето и смештајот беше само 300 денари на 5 минути максимум од Охридска банка што е одлично, што се однесува до цените мислам дека малце претеруваат туристиве со нагласување дека е скапо зошто навистина не е, зошто и во Скопје со бетон “природа“ наплаќаат солени цени а тука барем Охрид знам природа, туристичко место, прекрасно езеро итн.

Во Грција не сум бил никогаш ниту пак сакам да отидам некогаш, сепак моја проценка е дека имаат подобри сместувачки капацитети и поголема туристичка култура сепак имаат искуство во тоа.. но не треба да заборавиме дека даваме пари на нашите најголеми душмани, дека се љубезни во тек на сезона само заради тоа што треба да ти ги земат парите и не верувам истиот третман дека ќе го добиеш ако си само пролазно таму да речеме а не треба да ги користиш нивните услуги
 
Доста чест проблем што сум го видел. И Охриѓани да се разбереме, ова не е плукање без основ, дај муќнете ја тоа главата и бидете поконструктивни. И со малку пари но со добар концепт може доста да се направи. Со башибозук и дигање акции без никаков основ, патем секоја шупа да ја претварате во место за престој, без да ја уредите соодветно и да налупате цена и ѕвездички, ќе ги изгубите и своите мештани како население.

Они си патат од еден проблем, а тоа е следново.
Наместо односот турист - домаќин да го гледаат како двонасочен (пари-услуга), тие истиот го третираат исклучиво еднонасочно. Односно, тие НАМ ни прават услуга. Ние треба да сме среќни што уопште ни дозволиле да влеземе во градот, камоли да се бањаме или јадеме таму. Тоа што им оставаме пари, за нив е ирелевантно.

Искрено, народ со таков менталитет и тотално непознавање на туристичкото работење и не заслужува да има езеро. Да беше било кој друг на нивно место, растур ќе направеше во позитивна смисла.
 
Oхриѓаните да учеа од Грците како се води туризам до сеа ќе беа меѓу првите 5 најпосетени дестинации во Европа. Нељубезноста, никаквите сместувачки капацитети, лакомштината, ладниот однос, скапите цени се она што ме тера да не им идам више на Охриѓани. Башка шо ќе потрошам многу повеќе отколку на море. Чисто за споредба тура со брод во Грција со посета на 6 острови чини 12,5 евра додека Охриѓани за обиколка околу езерото зимаат 30 евра :eek: Лежалките во Грција со гага кафе и вода флаширана се 6 евра, а во Охрид ќе платиш само толку за лежалка без пијачка. Кафињата во Грција по кафичи е 1-2 евра исто ко у Охрид само шо овде пиеш кафе поред море а у Охрид поред езеро. Гиро во Грција е 1,5-2 евра додека хамбургер у Охрид е 150 денари. Смештај у Грција на чекор од море за двајца е 20-25 евра со вклучено користење на клима, интернет, сопствена тераса со жици и штипки за сушење алишта,комплет опремена и одвоена од соба - кујна, супер среден тоалет. Во Охрид за истата цена добивате смештај далеку од плажа, клима нема со изговор дека ноќите се свежи :eek:, интернет нема - зш ќе ти ко ќе бидеш на плажа, сопствена тераса немаш ама затоа имаш рѓосани жици и штипки од дедо ное, кујна некомплетно опремена, тоалет во кој не работи фасонката, четка за бришење го*ца со три влакна и туш кабина од под која тече вода.

За комплетно да биде задоволството ко ќе се одлучиш да изнајмиш смештај обавезно газдата ти кажува дека е поарно да си купиш готвено јадење отколку да му готвиш у смештај, да не му пушташ бојлер на скапа струја и фрижидерот да биде стаен на најмала јачина да не троши толку многу, е за разлика од Охриѓани ова во Грција никогаш не ми се десило. Прво ќе се убијат да ти најдат смештај. Значи ако во една куќа немаат место за сместување, одма те фаќаат за рака те носат кај нивен роднина/пријател и ти наоѓаат. Домаќинот секогаш те пречекува со насмевка, кафе, ти го покажува смештајот и не ти мрчи за нишо. Башка шо си сместен одма на плажа и не му е проблем на домаќинот секое сабајле да те пречека со насмевка, да те праша дали ти треба нешто, дали е се во ред, Да те спречи ти да си го фрлиш ѓубрето со муабет дека тоа е негова работа, да ти го чистат смештајот секој трет ден, а куќата да ја чистат секој ден. И зашо јас би идела у Охрид после ваков пречек и љубезност во Грција? Не фала. У Грција ем поефтино ќе поминам, ем нема да се замарам со глупи домаќини, ем ќе се бањам у море а не у езеро каде секоја година се излева канализацијата и туристите се капат у гомна.


Премногу хиперболизирано зборуваш за Грција, а во истовреме ја намалуваш цената на Охрид. И не прајте споредби за целосен помин во Грција со " стегнат гз " шо би рекле, а во Охрид луксузно со секојдневни пијанки, и после им било на фраериве скапо по кафичиве и на журкиве. Од Охрид сум, ама биден сум и на уште неколку места во Грција, знам каква е разликата, а истото да си го дозволуваш и на двете места.... не би рекол дека можеш да поминеш поевтино во Грција. Само за сместувањево сте во право, можеби им се понови објектите и нудат поисплатливи цени бидејќи конкуренцијата им е преголема и мораат и тие да намалат.

И уште нешто многу важно!!! Сите сакате да дојте сега од 27ми јули до 3ти август во Охрид ко ќе е најјакото, а ми споредвите цени со Грција од 15ти септември.
 
Како се налетувате на тие лоши охриѓани мене не ми е јасно, јас имам барем 7-8 пати отидено во Охрид (лани последен пат) и никогаш не сум налетал на некоректни сопственици каде што сум бил лошо третиран напротив една година газдата дури на крајот на одморот последниот ден не однесе на скара на галичица горе во едно село сакал да не части. Лани исто така сосема коректни беа луѓето и смештајот беше само 300 денари на 5 минути максимум од Охридска банка што е одлично, што се однесува до цените мислам дека малце претеруваат туристиве со нагласување дека е скапо зошто навистина не е, зошто и во Скопје со бетон “природа“ наплаќаат солени цени а тука барем Охрид знам природа, туристичко место, прекрасно езеро итн.

Во Грција не сум бил никогаш ниту пак сакам да отидам некогаш, сепак моја проценка е дека имаат подобри сместувачки капацитети и поголема туристичка култура сепак имаат искуство во тоа.. но не треба да заборавиме дека даваме пари на нашите најголеми душмани, дека се љубезни во тек на сезона само заради тоа што треба да ти ги земат парите и не верувам истиот третман дека ќе го добиеш ако си само пролазно таму да речеме а не треба да ги користиш нивните услуги
Другар, поголем душман од самите нас за нас нема, да се оправиме ние како држава ќе видиш како ќе сменат сите политика кон нас, државните интереси се променлива работа. Ако ние се оправиме како држава никој ништо нема да ни може.
 
Гласав за охриѓаните по грешка.
Мислев “понепријателски“ пишува.

Баш завчера за малце ќе се степав со таксист од охрид пошо ме виде скопјанец и почна да ме врти низ охрид ко демек не го знам градот.
Па уше коа му пререков зашо ме праи будала и ме врти ко да сум сакат да не го знам охрид коа е помал од аеродром - се напна да ме симнел од такси на сред пат па уше да сум му плател ко за цел пат.

Удрени се жими се.

едит:
колку за информација - такси Бел Мерцедес е случкава, чисто да знаете
 
Коа ќе го чујам оноа “ Охриѓанине се бетер ’’ тачно ми се сере. Ок е, никој не ти вика дека си предавник што даваш пари да те ебат , само немој да си измислуваш аргументи за да се осеќаш боље околу цела таа ситуација.

Нема збор дека во грчка е поубаво и можеби поисплалтливо, ама нека ме не убедува некој дека непријатни и к'не поедницни се исти со цела една нација што нејќе да те смисли како жив организам.

Али ок е, разбирам дека ти треба нешто за што ќе се фатиш и ќе си го оправдаш изборот за летување додека некој ти лепи налепници, ти краде таблици, ти држи предавања за историја додека ти го сече гирото, те нарекува скопјанец, а ти на сето тоа климаш потврдно со главата и со пола уста му потврдуваш пошто ““никој не може да ти каже тебе кај да си ги трошиш твоите пари ’’ и “не се замараш со политика дојден си на одмор’’.
 
Гласав за охриѓаните по грешка.
Мислев “понепријателски“ пишува.

Баш завчера за малце ќе се степав со таксист од охрид пошо ме виде скопјанец и почна да ме врти низ охрид ко демек не го знам градот.
Па уше коа му пререков зашо ме праи будала и ме врти ко да сум сакат да не го знам охрид коа е помал од аеродром - се напна да ме симнел од такси на сред пат па уше да сум му плател ко за цел пат.

Удрени се жими се.

едит:
колку за информација - такси Бел Мерцедес е случкава, чисто да знаете
Кажи ми од каде до каде те носеше?

Сте се се запрашале дали и некои од туристите имаат елементарна култура?
 
Гласав за охриѓаните по грешка.
Мислев “понепријателски“ пишува.

Баш завчера за малце ќе се степав со таксист од охрид пошо ме виде скопјанец и почна да ме врти низ охрид ко демек не го знам градот.
Па уше коа му пререков зашо ме праи будала и ме врти ко да сум сакат да не го знам охрид коа е помал од аеродром - се напна да ме симнел од такси на сред пат па уше да сум му плател ко за цел пат.

Удрени се жими се.

едит:
колку за информација - такси Бел Мерцедес е случкава, чисто да знаете



хахахаха одам јас кај банкана и го прашвам на еден таксист бате шо пари до Струга ? ми вика 400 денари , тој подолу 500 ми бараше и фино лепо си се јавив во Струшко такси и во сред сезона те вози за 250 денари а од мини маркет до парк плативме 180 денари .... шо тарифа имаат тамо не сваќам
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom