па, ако и веруваме на историјата, турското освојување било рај за народот..
нели пред тоа, балканот беше кланица, војни од пред Самоил, серви, блгари....крстоносци..
потоа, спас,...
нема војни, десеток, помал данок спореден со претходните времиња...денес има 18% ддв, ако не се лажам..
некој напишал робови...
тоа е глупост, луѓето имале приватна земја, цркви-религија, јазик....
турција, базирана на религија, заостанала технолошки, и тоа е причина за тешкиот живот...
што можело да се очекува од необразованите аги-бегови и другите?
нај образованите луѓе во империјата биле децата од православните...
никој не спомнува дека и муслимите давале деца во девширме, да ги спасат од бедотијата...
турските села, не биле ништо подобри од христијанските...
турците биле свирепи, набивале на кол...
а кој освојувач им дал цвеќина на непријателите?
ние забораваме една работа, дека туците, не се турци (дојдени од азија), туку се бивши римјани, кои сепак имале култура...
но, со тек на времето, како верска држава, таа култура исчезнала...
македонија била дел од империјата, заедничка историја...
но, во секојдневниот живот, тешко би се нашла заедничка историја...
сармата и јанија, тоа е заедничка историја?
ниту турците оделе на Велигден или Илинден на собори, ниту рајата славела Бајрами...
во империјата, живото бил башка-башка...
не е познато дека турско село тргнало на каурско, за разика од гегските села...
најголемиот зулум во етничка македонија е направен од гегите, а не од турците, кои геги се донесени од нив за контрола на рајата...
ова не е кажано напамет, поткрепено е со генетика...
инаку, познато е дека до пред опсадата на Виена, султанот ја чувал армијата во Истанбул, тие оделе 90-100 дена до Виена...
ако е така, кој му го чувал Балканот и Левантот?
ние забораваме дека и црквата работела за империјата, водејќи администрација, фискални, и т.н. работи..
на селаните им било отежнувано-забрането да се населуваат во градовите, поради депопулација на селата, кои давале данок во натура, да јадат сиромашните по градовите..
во градовите, познато е дека постоеле групации од трговци, ковачи, јорганџии...кои држеле монопол на цените и услугите...
рајата најповеќе трпела од тимарите...
во империјата, приватната сопственост (мислам на земјата, Mulk) била признаена...
но, тимарите, курнази, својата земја, Timar, која им била дадена за заслуги, ја претвориле во приватна земја, Chiflik, и така се оттргнувале од државната контрола, тогаш државата не можела да интервенира, на пример кога тимарот им ја зголемувал таксата на луѓето од неговиот Чифлик..
секако, тоа ја слабеело империјата, но тоа им бил законот, и тие го следеле...додека го следеле..
зошто растела пресијата врз рајата?
западот ги земал трговските патишта, технолошки напреднал..
производството и храната станале скапи производи, тешко се продавале..
настанал хаос, од кој произлегле луѓе како Али Паша од Јанина..
тие ја искористиле војната со Наполеон во с. Африка да живеат како кралеви..