Македонија под Османлиска власт

  • Креатор на темата Креатор на темата Vasko.G
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
26 јули 2013
Мислења
287
Поени од реакции
180
Возраст
27
Со оваа тема сакам да продискутираме малку за Македонија под Османлиска власт но и за сите културно-политички влијаната од страна на Османлиската империја врз Македонија
 
за што поточно сакаш да се дискутира?
вака општо кажано во кратки црти би било: демократија сигурно немало така да не знам на која политика поточно се мисли..освен ако не е таа за освојување нови територии и воведување нови закони..културата и религијата биле наметнати...биле воведени ригорозни закони...македонците немале право на избор ... се бореле да се ослободат од османлиската власт... и на крај се ослободиле замисли..
 
Да до деветнаесетиот век немало демократија,со појавата на новите султани-реформатори дошла и демократијата а со самото тоа настапиле на сцена ослободителните движења.
 
Според мое мислење историјата на Османската империја е и наша историја.
Да појаснам:
Во склоп на Османската империја живееле повеќе народи меѓу кои и нашиот Народ. Но нејзино време не постоеле национални држави
Зошто го користиш изразот Османлиска наместо Османска?
 
Тоа било период од 500 години мачење на народите, меѓу кои сме биле и ние.
Ама каква дојде денешницава, бетер ќе биде.
 
за што поточно сакаш да се дискутира?
вака општо кажано во кратки црти би било: демократија сигурно немало така да не знам на која политика поточно се мисли..освен ако не е таа за освојување нови територии и воведување нови закони..културата и религијата биле наметнати...биле воведени ригорозни закони...македонците немале право на избор ... се бореле да се ослободат од османлиската власт... и на крај се ослободиле замисли..

Пробувале неуспешно и на крај дошле други и ги "ослободиле", за да денес сами се потурчуваат. Македонците се врв на мазохизмот.
 
од тој период ми е познато (како и на повеќето, Илинденското востание)
но што со животот тие 5 века на Македонецот.
На пример за Српско-знам, за Бугарско-знам,море и за Грчко.
Ама еве за под Турско,неколку прашања.
Дали ни бил признаен идинтетот.( што се подразбира под поимот,Каури.)
Дали била дозволена и признаена црквата.
Дали образованието било на мајчин јазик и до кој степен.
 
Каур (ако не грешам)мислам дека значи неверник.
За остатокот не сум баш сигурна,моја теза е дека штом ја наметнувале својата вера и ги потрчувале најверојатно не би требало ни црквите да ги признаваат,а на кој јазик се комуницирало... па сигурно се снашле некако... плус и денес употребуваме доста турцизми во нашиот секојдневен говор.
 
Ги потурчувале останатите народи и ги терале да го научат нивниот јазик, да бидат нивни робови и да ја прифатат нивната вера.
Но среќа се спасивме и од нив :)
 
Ако планирате вака шарлатански муабети,дека не асимилирале и не мачеле....тоа и во прво одд се учи.

Дајте разгорете некој период од тие пет века,за да продискутираме подетално.

Инаку на пример нашата земја не страдала толку за време на тие пет века,за разлика од кога дошле Србите,Бугарите и Јужните.
 
од тој период ми е познато (како и на повеќето, Илинденското востание)
но што со животот тие 5 века на Македонецот.
На пример за Српско-знам, за Бугарско-знам,море и за Грчко.
Ама еве за под Турско,неколку прашања.
Дали ни бил признаен идинтетот.( што се подразбира под поимот,Каури.)
Дали била дозволена и признаена црквата.
Дали образованието било на мајчин јазик и до кој степен.

Ѓаури по турски. Идентитетот официјално ни бил бугарски, грчки и влашки. Иако кај Македонците ваквата поделба повеќе била класна.

http://forum.kajgana.com/threads/Зн...Бугар“-и-“Грк“-во-однос-на-Македонците.38256/

А за црква имале се до укинувањето на Охридската Архиепископија

Охридската архиепископија била укината со интриги на грчкиот патријарх односно со фалсификување на должнички сметки.Инаку постои документ во издаден од страна на султанот Сулејман Велеченствени со кој се забранува насилно ширење на исламот,но и покрај тој документ локалните сајбии,аги и бегови постапувале по својата волја и тоа не е случај само за верската определба.
--- надополнето: 27 јули 2013 во 13:53 ---
Според мое мислење историјата на Османската империја е и наша историја.
Да појаснам:
Во склоп на Османската империја живееле повеќе народи меѓу кои и нашиот Народ. Но нејзино време не постоеле национални држави
Зошто го користиш изразот Османлиска наместо Османска?
Османлиска или Османска е едно те исто разликатра е во тоа што Османлиска е најблизу до оригиналот devleti Osmanli а османска е словенска транскрипција.Не е погрешно ни едното ни другото.
 
Многу интересен е фактот што за време на османлискиот период немало масовни протерувања на нашето население.....немало ни извршување геноциди од огромни размери како што ни направија јужните.....исто така никој никогаш не забранил да се зборува на Македонски.....никој не бил и измачуван,и не пиел рицинус ако дома зборувал на својот исконски јазик....за разлика од тоа што ни го правеа јужните и итн.

Значи иако биле најозлогласени тие пет века ропство.....иако поробувачот е муслиман....никогаш не сме биле толку оштетени како што не оштетија православните "браќа" од исток,север и југ.
 
Македонец: Кој би бил до толку луд во тоа време робови да протерува? Нашево население доброволно пет века под турско изгледа си ги дремело, од кур ќеиф си дигале востанија.
 
Набивањето на колец е најстрашната казна која Османлиите ја применувале обично кон ајдуците, востаници или разбојници.

Бунтовната Македонија има вакви погубувања како најпознатиот водач Карпош кој е набиен на колец а потоа му е отсечена главата крај камениот мост во Скопје, но и други.
0007.jpg

Сликовен приказ од осуден со набивање на колец
За овој чин ни даваат повеќе описи патеписците. Најстариот опис е од Јакобо Промонтарио од 1475 год. Англискиот патеписец Манди од неговото патување во 1620 Манди, вака опишува едно јавно набивање на колец:

- Се земало долг колец кој како се оди кон врвот е се потенок и шилест. Врвот е добро измазнет, намачкан со лој а понекогаш и окован со метал. На осуденикот му ги врзувале рацете и нозете, го легнувале на земја и повеќемина го стегале а џелатот почнувал со набивање на колецот од задниот отвор. Додека џелатот удирал со чекан по колецот, другите ја тегнеле жртвата за врзаните нозе во спротивен правец.

Притоа внимавале да не се оштети срцето и белиот дроб за несреќникот да живее и да се мачи подолго. Колецот излегувал на грбот зад вратот. Потоа колецот, заедно со жртвата, го исправале и долниот дел го закопувале. Рацете и нозете на осудениот некогаш му ги оставале одврзани, а понекогаш му ги одврзувале за да прета.
Манди тогаш ги чул најстрашните и најморничави лелеци.

Германецот Таубе во 1777 год. како очевидец раскажува дека жртвата некогаш умирала по неколку часа а имало случаи да живее и по осум дена. Осуденикот на колецот претал, пцуел, колнел, лелекал и особено страдал од жед, но на роднините им било забрането да му дадат вода. Особено го пцуеле пророкот Мухамед, за да ги предизвикаат стражарите, да ги убијат и им се скратат маките. Откако осудениот ќе умрел на колецот, кучињата го дрпале по нозете и телото, а птиците го колвеле.
00031.jpg

Осудениот со денови умирал додека стражата не дозволувала пристап на роднини или да му се скратат маките
Да се видат набиени луѓе на кол не била ретка појава во турско време што ни го потврдува патеписецот Савијур Лузињан кој низ Балканот поминал во 1786 год.(особено имало по Одринско). За набивањето на кол турските документи употребуваат израз – “kaziga vurdi”.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom