- Член од
- 3 ноември 2008
- Мислења
- 3.161
- Поени од реакции
- 1.324
Америка за шест часа може да ја уништи Русија
23 јули 2013
Ако Русија и Америка еден ден започнат повторно да војуваат, тоа ќе биде „бес-контактна војна„ во која во предност ќе биде оној кој има побрзо и попрецизно оружје
Поради тоа, овие две велесили вложуваат огромни финансии во модернизација на оружјето, затоа што некогашното војување од ров, заминува во историјата и ќе биде застапено само во локалните судири.
Заменик на руското Министерство за одбрана, Јуриј Борисов, задолжен за модернизација на вооружувањето, изјави дека Русија за неколку години ќе има супер брзо висо-копрецизно оружје. Аналогно оружје изработуваат и Американците, кои планираат истото да го добијат во периодот од 2018 до 2025 година.
-Би било глупаво ние да седиме и да дремеме, јасно е дека и ние работиме на далеку побрзо и многу попрецизно вооружување- вели Борисов. Тој додава дека разработката и правењето на такво вооружување е многу скапо и додава дека многу е поевтино да се направат ефикасни системи за борба против непријателските ракети.
Според него на Русија и се заканува опасност. Првата е конфликт со земјата чие технолошко ниво е повисоко од Русија. Таква војна би се водела без контакт.
Втората опасност доаѓа од тоа дека, непријателот има слични можности како Русија, на време ги мобилизира силите и стекнува предност на важни делови од фронтот.
Третата опасност се локалните војни слични на оние во Авганистан и Чеченија, како и спротивставување на тероризмот.
Четврта опасност е слабата заштита на премногу долгата руска граница.
Петтата опасност би можела да биде заострување на борбите за ресурси на Арктикот, каде руските објекти за добивање нафта и гас можат да бидат нападнати од диверзанти.
За да илустрира колку е важно да се вложуваат пари во модерното вооружување, рускиот потпретседател на владата Дмитриј Рогозин на една конференција во Москва рече дека повеќе од десет години во САД работат на концепција на удар од оружје кое не носи атомски глави, но кое може да уништи основни инфраструктурни објекти. Една американска воена игра, наводно покажала дека САД можат за првите шест часа да уништат до 90% од руските ракети.
-Лани во Пентагон имаше дискусија во која тамошните експерти тврдеа дека со помош на три и пол до четири илјади високо-прецизни ракети, САД можат за шест часа да ја уништат основната руска инфраструктура, па по тоа Русија не би можела да пружи отпор- раскажа Рогозин.
Ова негова „шок информација„ пред се беше наменета на домашните скептици. Имено, во Русија не е мал бројот на опозиционерите кои сметаат дека би било корисно за земјата, парите да се вложат во повеќе полезни програми а не во војската. Така мисли и Алексеј Кудрин, поранешниот Министер за финансии на Русија, кој дојде во судир со Дмитриј Медведев, токму поради различни ставови околу воениот буџет.
Рогозин вели дека на американската опасност може да се спротивстави само така што ќе се направи автономно оружје кое не зависи од современите телекомуникациски технологии кои можат да бидат за неколку минути исфрлени од работа.
-На Русија и е потребен технолошки скок во ракетниот и атомскиот програм, истакнува Рогозин, кој не крие дека во модерните технологии Русија заостанува во однос на Америка и најразвиените западни земји, но тоа може да се надокнади така што ќе се концентрираат сите научни потенцијали. Токму сега тој раководи со воено-идустрискиот сектор како што во време на Сталин тоа го правеше Лаврентиј Бериј.
Предупредувачката анализа на Рогозин доби голем публицитет. Реагираа и од Министерството за одбрана на Русија.
-Ниту една држава на светот, не може денес да удри на Русија а да не биде казнета. Не е можно да се уништи во толку кратко време 90% од нашите стратешки атомски сили. Атомскиот арсенал на Русија останува гарант за безбедноста на земјата- изјави заменик министерот за одбрана Анатолиј Антонов.
-Руските потенцијални противници одлично знаат дека доволно е до нив да долетаат само 10% ракети со атомски глави, кои таа територија би ја претвориле во пекол. Не говорат случајно ракетните експерти дека земјата која има двесте ракети со атомски глави никој не смее да ја нападне, реагираат од Министерството.
http://www.novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=21604