Џими Картер: Во Америка демократијата не функционира

  • Креатор на темата Креатор на темата Katunec
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
7 мај 2005
Мислења
1.231
Поени од реакции
307
Поранешниот Американски претседател со остри критики за сеопфатното шпиунирање и складирање на податоци во САД.

Jimmy Carter Defends Edward Snowden, Says ‘America Has No Functioning Democracy’

“America does not have a functioning democracy at this point in time,” the German newspaper Die Spiegel quoted the former US president as saying. There was some question on the validity of the source, however, as no American media outlets reported on the event and it was not clear where Die Spiegel got its source from.

http://www.inquisitr.com/855289/jim...en-says-america-has-no-functioning-democracy/
.
 
Џими Картер е еден од последните живи американски претседатели кои имаат право да зборуваат за демократијата во САД.

Но за жал, тоа што Џими Картер го вели е сурова вистина, во САД нема функционална демократија, туку има функционална бирократија и функционална коруптократија, која како таква никогаш нема да се прилагоди на демократските начела и принципи.

Доволен доказ за ова е фактот дека и покрај јавното откривање на програмата Призма на американската агенција за безбедност НСА, сепак американската влада на чело со Барак Хусеин Обама неодамна ја продолжи оваа програма за шпионажа на десетици милиони, ако не и на стотици милиони невини граѓани не само на САД, туку и на сите останати држави во светот.

На Едвард Сноуден му останува да си го проживее остатокот од својот живот со чиста совест, свесен дека не само на американската јавност, туку и на целата светска јавност и ја откри вистината за едно од најголемите криминални дела на владата на една држава во поновата историја, а фактот дека ниту американците, ниту остатокот од светот воопшто не ги интересира сериозноста на ваквите постапки од страна на владата на една држава, само ќе ги обесхрабри потенцијалните идни Едварди Сноудени да обелоденат вакви информации бидејќи сигурно не би сакале да бидат прогонувани бидејќи на светот му откриле сурова вистина, а за возврат истата таа вистина да биде игнорирана од страна на луѓето.

Вистинска трагедија !!!
 
Демократијата никогаш не функционирала во Америка.

Почни од изборот на претседател (со електори), избор на судии на врховниот суд, во Конгресот и сенатот има лобисти.

Ама тоа е така на секаде така. Ако размислам карактеристично за демократијата е да не функционира.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom