Споменик за Македонците киднапирани од ОНА

  • Креатор на темата Креатор на темата oon
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
3.161
Поени од реакции
1.324
СПОМЕНИК ВО НЕПРОШТЕНО ЗА МАКЕДОНЦИТЕ КИДНАПИРАНИ ОД ОНА

На 12-тата годишнина од конфликтот, конечно, ќе биде подигнат споменик што ќе сведочи за 12-те киднапирани Македонци, меѓу нив и тие од тетовското село Непроштено. Ова ќе биде прв паметник за цивилните жртви, кои во јули 2001 година од поранешните припадници на ОНА беа киднапирани од своите домови, ниви, дворови и улици за потоа да бидат и свирепо убиени и закопани во непознати гробници. Во Непроштено е уреден спомен-парк посветен на четворица од киднапираните и се чека на споменикот, за и официјално да биде промовиран.

Дванаесет години трае и потрагата на роднините на киднапираните Македонци по своите блиски. Тие и натаму порачуваат дека ни амнестијата ни времето нема да ги скршат и да ги одвратат од потрагата по најмилите за да може, како што велат, достојно да ги закопаат. Роднините открија за „Дневник“ дека дури сега, по 12 години од киднапирањето, се подготвени да ги подигнат останките откопани од гробницата Непроштено и да ги упокојат своите блиски.

Спомен-парк

Спомен паркот е изграден со донации од месното население од Непроштено, од тетовци и граѓани од Македонија. Сместен е во центарот на македонскиот дел од село Непроштено. Спомен-паркот е поделен на два дела. Првиот дел е фонтана со кружен тек на водата како симбол дека животот продолжува и оти непроштенци остануваат во своите огништа без оглед на трагедиите. Во вториот дел од спомен-паркот ќе бие поставен споменикот во форма на пресечен мермерен блок како симбол на пресечениот живот на четворицата киднапирани и убиени соселани. На споменикот од бел мермер, кој се изработува во Прилеп, со златни букви ќе бидат испишани имињата на киднапираните и убиени од Непроштено, Kрсто Гогоски - киднапиран на 23.7.2001 г., Цветко Михајловски - киднапиран на 22.7.2001 г., Васко Михајловски-киднапиран на 22.7.2001 г., Стојан Михајловски - убиен на 6.9.2001 г. Зад споменикот ќе има шестметарски јарбол со државното знаме. Јарбол во висина од 17 метри со државното знаме ќе биде поставен и пред спомен-паркот.

- Споменикот го подигаме во знак на почит и сеќавање на киднапираните Македонци, жители на село Непроштено, и на жртвите од ова село во конфликтот од 2001 година. Ова ќе биде дел од текстот на споменикот, кој ќе претставува печат и сведоштво за тоа што се случи во 2001 година, но и порака дека и покрај убиствата, киднапирањата, изгорените куќи, животот во Непроштено продолжи и оти тука ќе останеме - вели Раско Богдановски од иницијативниот одбор за изградба на спомен-паркот.

Потрагата продолжува

Kарактеристика за Непроштено е што селото е поделено на македонски и албански дел и дека и покрај големата трагедија што ја доживеаја жителите-Македонци во 2001 година, се вратија во своите огништа ги обновија изгорените и оштетените куќи и животот го продолжија во родното село. Велат дека комуницираат со соседите-Албанци, но оти по конфликтот тешко е да се каже дека имаат заемна доверба. Поделени се и во одбележувањето и видувањето на тоа што се случи во 2001 година и додека Албанците во својот дел од селото веќе 10 години имаат споменик на загинати припадници на ОНА, Македонците, 12 години по конфликтот, ќе го отворат спомен-паркот на киднапираните.

За симболиката на името на селото и за с` што се случувало, особено во конфликтната 2001 г. Богдановски вели:

- Нема точни податоци зошто селото е именувано Непроштено. Веројатно тоа значи дека има нешто што не може да се прости. Христијански е да се простува, но не смее да се заборави. Затоа и го подигаме споменикот.

Во разговор со роднини на киднапираните Македонци, впечаток е дека нивната битка во потрага по најблиските не прекинала. Напротив, велат дека нема да се откажат с` додека не се најдат телата на сите 12 киднапирани и убиени Македонци.

- Трагаме и никогаш нема да се откажеме од намерата да ја дознаеме вистината што се случи со нашите блиски. Kој ги киднапира и уби и каде се закопани - вели член од семејството Михајловски.

Војо Гоговски, чиј татко Цветко е еден од киднапираните од Непроштено, најави дека по одморите очекува јавниот обвинител Љупчо Зврлевски да ги повика на разговор и го поздравува ставот на обвинителот дека е спремен да ги прими.

- Од обвинителот ќе побараме да продолжи потрагата по киднапираните, да се открие каде се закопани за да може достоинствено да ги погребаме. Во разговор со семејствата на киднапираните се согласивме дека од Судска медицина ќе ги подигнеме деловите од трите тела што беа најдени во гробницата во Непроштено и за кои преку идентификација на ДНK се утврди дека им припаѓаат на киднапираните Македонци - вели Гоговски.

Тој потсети дека роднините 11 години по ексхумацијата на деловите од телата на киднапираните се решиле да ги подигнат за барем некои од нив толку години по трагедијата да бидат упокоени и да почиваат во мир. Роднините на киднапираните по ексхумацијата одбија да ги подигнат останките на блиските, револтирани бидејќи беа пронајдени само делови од четири тела и оти државата не продолжи со потрага на други локации на гробници во кои би можело да се закопани киднапираните и убиени Македонци.

Роднините не се откажуваат ни од барањето да се откријат злосторниците и да им се суди и покрај амнестијата со која беа опфатени и четирите хашки предмети, меѓу кои и „Гробница Непроштено“. Гоговски засега не сака да зборува дали на средбата со Зврлевски ќе го отворат и тоа прашање.
ПОКАНА ДО ДРЖАВНИОТ ВРВ
В понеделник и во вторник се навршуваат 12 години од киднапирањето на Македонците од Тетовско, а наскоро иницијативниот одбор и официјално ќе го открие споменикот на четирите киднапирани и убиени жители на Непроштено. На отворањето на спомен-паркот ќе бидат поканети и претседателот на државата Ѓорге Иванов, премиерот Никола Груевски и претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски.

http://dnevnik.mk/?ItemID=F83A41CD0C18B24A9139A9468BA4905B
 
Вандализам ќе биде зборот, кој кратко после подигнувањето на спомениците ќе го гледаме на секој 2 портал.
 
Цело време Македонските жители во селото се под притисок на овие и живеат во страв.
 
Почесни гости ќе бидат министерот за рамковен Г-дин Муса Џафери и министерот за одбрана Г-дин Талат Џафери, претседателот нема да дојде а премиерот ќе брка странци да ги фати за...како беше ОНА??? инвестиции чинам?!?:facepalm: Ахххх.....
 
Па браво. Во ред е да има и ваков споменик, од поновата македонска историја.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom