Приватни средни училишта во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата maca_sk
  • Време на започнување Време на започнување
Ја не знам зошто форсирате дека треба да се одбере средно што ќе дава знаење или ќе ги форсира децата. Ако у средно не си го пролуфтирате мозокот и зјапате/зборите дур предаваат, ја не знам кога.
 
Дечки, јас креирав една анкета, се однесува на образованието кое сте го имале во основно, а и сега во средно. Работиме на проект за подобрување на вашето образование, па потребна е ваква анализа, која ќе се трае неколку месеци, за да има подобар увид. Ова не е поврзано со Влада, Министерство и сл., туку е проект на неколку ентузијасти :)
Ќе ве замолам да одговорите на прашањата што поискрено, ние работиме за вас.
Поздравче :)
https://www.surveymonkey.com/s.aspx?sm=C95AiW62NXXUvGQ1NT6Qcw%3d%3d
 
Ја не знам зошто форсирате дека треба да се одбере средно што ќе дава знаење или ќе ги форсира децата. Ако у средно не си го пролуфтирате мозокот и зјапате/зборите дур предаваат, ја не знам кога.
Уште си со ова мислење?
 
Леле мислењево :tapp::facepalm:
Мозок се луфтира на планина не во школо.
 
Мислам дека секој има право да ги разгледа опциите кои ги има. Немам ништо против приватните училишта, но нашето искуство е морам да признаам поразувачко. Синот се запиша во Меѓународното училиште Максимилијан. Кога се запишувавме, изгледаше ветувачки. Училиштето изгледа многу убаво и локацијата кај градскиот парк му е прекрасна. Ама во рок од 3 години ги изгубија сите наставници. Се спојуваат одделенија и се прават комбинирани паралелки со ученици од различни години и класови. Во такви комбинирани средини и едукативната компонента заостанува. Ние се запишавме таму затоа што сакавме да му пружиме на детето повеќе, ама тоа што добивме е крајно разочарувачки. Затоа и веќе не ме таму, заедно со повеќе од пола ученици.
Не викам дека не треба да се запишуваат деца во приватните училишта. Само треба добро да се истражи. Приватните не се евтини, ама кога веќе сум одлучила да ги платам парите, тогаш треба да го добијам тоа за што сум платила.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom