Тајната на добрата пица

  • Креатор на темата Креатор на темата The`bItCh
  • Време на започнување Време на започнување
Тоа е веќе друго....можеш да ја направиш релативно добра/слична ако е правена во права печка :)
 
Од неодамна се заинтересирав за правење на пица дома. Но некако пицата која ја прават пицериите е различна од домашната.
На почетокот мислев дека е до тестото, па до кашкавалот па после помислив дека е до сосот...
На крајот се се сведува на тоа дека за една работа да биде целосна мора сите поединечни елементи да се постават на право место и во право време.
Тестото го правам со брашно, вода, шекер, сол, маслиново масло ( макар да не сметам дека и со зејтин би било лошо) и се разбира квасец.
Според мене многу е битно да се стасува 2 пати и тоа што е можно поспоро. Тадури го стасувам во обичен фрижидер веднаш штом ке почне да расте.
сосот, кашкавалот и саламата се работи кој пицата ја прават различна но пред се прашање на вкус е од што колку ке ставиш.
Печењето го правам во домашна електрична печка која развива 250 степени. Но тука сметам дека мора нешто да се направи. Сигурно треба повисока температура што е можно поконстантна температура како во фурна. За тоа купив мермерна плоча која ја ставив во печката.
Сега вкусот ми е многу посличен на оние од купечките да бидам искреен
Што се однесува до тестото сметам дека е добро да се стави малку млеко. Еднап ми испадна многу убава пицата со тесто со млеко но како аматер толку знам
Би било добро доколку некој од професионалните пекари даде некој совет. Можеби уште подобро би било некој пица мајстор да ни ја објави некоја негова тајна.... Но како и да е може секој да пише коментар што смета дека е важно за тоа пицата да ти испадне професионално ( пред се вкусно)
 
Не сум пица мајсторка и не знам колку можам да ти помогнам но ниту еден од таа струка нема да ти ја каже својата тајна.Така да си знаеш...Секој си има свој начин на правење...некој со пасирани домати,некој со томатело друг со кечап Витаминка или домашно направен.Потоа се печи во фурна ако сакаш да наликува како оние во пицериите...јас сум гледала и сум запаметила...Нема којзнае каква филозофија во правењето...

И темава е супер...мислам дека може да се послужи и за рецепти за пица.;)
 
Најбитно од све е да се пече на константна температура, и да се пече во печка, не во рерна.

Други битни аскепти се да не се користат маринирани печурки.
 
Вујко ми има успешна пицерија за која користи некој „посебен“ рецепт за тесто. Му имаат понудувано и солидни суми на пари, за да го каже рецептот, ама ништо од тоа. Рецептот го знаат само 3 луѓе (тој, мајка ми и баба ми). Тој што му го кажал, веќе некои 6-7 години е починат. Го имам и јас гледано како го прави, ама не успеав да видам ништо посебно :)
 
Вујко ми има успешна пицерија за која користи некој „посебен“ рецепт за тесто. Му имаат понудувано и солидни суми на пари, за да го каже рецептот, ама ништо од тоа. Рецептот го знаат само 3 луѓе (тој, мајка ми и баба ми). Тој што му го кажал, веќе некои 6-7 години е починат. Го имам и јас гледано како го прави, ама не успеав да видам ништо посебно :)

Дај пиши ми пп , да отидам да ја пробам ...

Он топик, маринирани печурки чуда прават, не ставајте од тие у тегла тиње се, само вода пуштаат, и друга голема тајна е одредената количина на босилок во тестото, барем така ми кажале некои пица мајстори, а тоа у рерна у печка кур се тресе итн, се зависи од тоа дали и како ќе го задржи вкусот... Би сакал да пробам со фолија некој ден да не излезе ништо да видиме дали ќе има некаков ефет..
 
Тестото да биде замесено и да се остави 24 h дa остои за да немаш киселени.
 
Ако сакате да пробате права пица, правец во Гиго Порта Влае, само идете после 20.00 и гледајте да е еден дебел тип тој што ќе ја прави пицата, и да не биде за носење, седнете! така испаѓаат доста поубави.
 
Дај пиши ми пп , да отидам да ја пробам ...

Он топик, маринирани печурки чуда прават, не ставајте од тие у тегла тиње се, само вода пуштаат, и друга голема тајна е одредената количина на босилок во тестото, барем така ми кажале некои пица мајстори, а тоа у рерна у печка кур се тресе итн, се зависи од тоа дали и како ќе го задржи вкусот... Би сакал да пробам со фолија некој ден да не излезе ништо да видиме дали ќе има некаков ефет..
марнирани -се печурки од тегла
свези -се оние шампињоните во пластика што треба да ги рендеш
 
И јас мислам тестото ја прави пицата „убава“а со што ќе ја наредиш
тоа и ќе јадеш.Женами тука е мајстор,често правиме пици, само во релна,
доле-средината има тенок слој на тесто,но и премногу мезре,дури и истекува некогаш,јас најповеќе го сакам и крајот-венецот,пред некој ден што беше леле....
баш сакав да ја сликнам,ај некогаш ќе ја пишам(она за тестото)понекогаш го прави и од вечер за утре и го става во фрижидер сум видел.
 
јас работам угостителство....
инаку тајната,се си има своја убавина
составот на тестото секаде е различен,
е сега попрофесионално....
најубаво ако сакате е доматното пире на фирмата,,бонум
прво се мачка со доматно пире
(мозе и павлака ако сакаш пицата да се вика американа со плус шунка кашкавал и габи.)
потоа значи рендан кашкавал, доколку мозете да сиго дозволете на милирам т.е. гауда или едамер од милрам
шунката наекстра меин
свези габи и пицата се пече на 300 оган е најдобро
кога ке ја изваеш ја мачкаш со зејтин,и ставаш оригано


сите други состојки како што се пршут,врат или незнам што мозес да си ги комбинираш
 
Држи ја температурата 250 (или нешто плус до 280 ако е можно) некое време дури ги спремаш другите работи.Брашно на крајот на тестото за да не го лепиш и никако мачкање со јајце на тие делчиња.
Сос:
41818g.jpg

Кашкавал:
kaskaval_kravji_steka_gall.png
Печурки свежи од Кочани или од Бонум.Teстото ако е домашно, колку потемно брашно толку подобро.Ако е готово само од Трио Прилеп или една гевгелиска фирма.Никако од Жито Леб или Фриком.Од Цермат, Теко златна средина.
 
Ја work у Италијански пица ресторан фајв године
Tесто се праи сс млеко
Пеќка(печка што викате ви : ) на 310 целзиусови
Мeсто кашкавал строго моцарела
Доматно пире се праи сс блендер и се додава малце сол бибер и шикер, маааалце вода
Строго сфежи шампињони, маринирани сакс
поздраф нездраф
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom