Уапсен Паско Кузман

  • Креатор на темата Креатор на темата G e G o
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
4 април 2006
Мислења
9.179
Поени од реакции
3.073
Возраст
41
Локација
кај дримон
Веб-сајт
www.facebook.com
Браво Грујо , имаш пијачка од мене !

pasko-kuzman1.jpg

Утринава пред Скопскиот Кривичен Суд со лисици беше изведен Паско Кузман.
Екипата на Пресс24 го забележа и побара потврда од полицијата. Од МВР кузо потврдија дека Кузман бил уапсен утринава но повеќе детали најавувааат за подоцна во текот на денот.

Според извори од истрагата, Паско Кузман е приведен во врска со акцијата Фаланга 2 во која претходно паднаа 19 лица меѓу кои и вработени во Управата за заштита на културното наследство, Музејот на Македонија и Музејот во Демир Капија како и полициски службеник од Велес.

Групата од археолошки локалитети на територијата на Демир Капија, Свети Николе, Кавадарци и Скопје вршела илегални ископувања на предмети со културна и археолошка вредност, продавање на истите во Р.Македонија и странство како и продажба на икони за кои постојат сомненија дека потекнуваат од црковни објекти, а се со непроценлива вредност за културното наследство на Р.Македонија.
 
Не ми се верува ова, какво време дојде, почнале чесни луѓе да апсат..
 
Мислам со години се збореше за него и за ова...

82D0CE9C85F07140B8685BE61232F7C4.jpg

Полицијата изутринава го уапси Паско Кузман, директор на Управата за заштита на културното наследство, потврди за Макфакс портпаролот на МВР Марија Јаковлевска.

Кузман изутрината бил изведен пред кривичен судија во Скопје.

Повеќе информации полицијата се очекува да соопшти во текот на денот.

Извор: Кајгана


Честитки, се надевам ќе скапе. Twitter почна: https://twitter.com/search?q=#Паско&src=hash
 
Директорот на дирекција за заштита на националното културно богатство, го прави баш спротивното.
Тоа е можно само во земја во која министерот за правда е фатен со дрога и нелегално орушје у кафана.
 
2 теми имате....како „гробот“ да го нашол....
 
Треба да лопужава да му се забрани да живее во државата.И врапчињата знаеа кој ги правеше најголемите зделки со артефакти,требаше порано,да го уапсат.
 
Класична местенка , не ми е верно Кузман да продавал артефакти во странство. Што е вистинската причина наскоро ќе дознаеме кога ќе се појави во судница и ќе проговори. Дали можеби саботажа на "инвестициите" на Субрата Рој??
--- надополнето: 15 јули 2013 во 13:06 ---
Мислел со 50%-50% ќе помине, будала човек.

Tребало повеќе да даде за "трезорoт".
 
Време беше... Последната посмртна маска (слична со онаа од Требеништа) откриена 2002 г. на Охридската тврдина, си ја чуваше дома ко лично дедо му да ја правел!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom