Шота Буби
нотар
- Член од
- 4 март 2009
- Мислења
- 3.087
- Поени од реакции
- 1.780
АВСТРИСКИОТ ВЕСНИК "ДИ ПРЕСЕ" АНАЛИЗИРА:
Балканските конфликти во последната деценија од 20-тиот век можеа да бидат избегнати на лесен начин, и за тоа не беа потребни никакви специјални мерки. По се она што се случи, не е важно дали на Балканот живее народ или нација, туку најважно е тоа што поради тие разлики никој веќе не умира, анализира австрискиот весник "Ди Пресе"

Другото прашање кое го посочува "Ди Пресе", сега се поставува во европската дипломатија, а тоа е дали денешните српски политичари се искрени со тоа што доброто на Србија и нејзините граѓани, го ставаат пред доброто на косовските Срби? Или кога изјавуваат дека веќе нема да дозволат народот да ја уценува нацијата? Дека Србија тоа не може да го издржи, а да не се скрши? На ова, како одговор во текстот е напишано дека тој е лесен - не е битно она што тие го мислат, се додека тоа сериозно не го спроведуваат.
Со ваквите настани, дури сега актуелниот врв во Србија постанува "националистички", и тоа од истиот оној тип како што се "националистичките" Франсоа Оланд во Франција или Ангела Меркел во Германија. Не е ни чудо што српскиот врв сега брза за да ужива во пријателската, мултинационална атмосфера во Брисел, која ги носи вистинските карактеристики на една утопија, потенцира весникот, и посочува дека ова не е случај само во Србија, туку насекаде во Балканот каде е отворена нова рунда во играта на националниот идентитет, а картите не се еднакво поделени.
Хрватска, е приказна сама за себе. Туѓмановиот ХДЗ на почетокот беше националистички, а не наспроти некои анахрони карактеристики, народно движење. Тие беа "народни" по дома, а "националистички" кон надвор, потсетува "Ди Пресе".
Во меѓувреме, Белград доби термин за почеток на пристапните преговори. Да тргнеме од тоа дека процесот ќе се одвива по вообичаената постапка, што значи релативно долго. Кога Србија ќе влезе во Европската унија, Хрватска таму може ќе помине веќе цела деценија како полноправна членка.
Текстот завршува со косовските Албанци, кои се се уште длабоко навлезени во својата народна фаза, а Западот многу брзо, дури и веднаш би сакал да ги види како модерна нација. Единствениот пат за да се постигне истото е доколку се обединат со Албанија, а во спротивно, ќе останат само народ. После се она што се случи во минатото, останува ирелевантно дали на Балканот живее народ или нација, најважно е дека поради тие разлики веќе никој не умира, потенцира "Ди Пресе".
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=FE2685CC53FAEB4F862C7CA78C6C5BE5