Ултразвукот во ГТЦ и на новите мостови - дали го слушате?

  • Креатор на темата Креатор на темата Sagan
  • Време на започнување Време на започнување

Ултразвукот во ГТЦ и на новите мостови - дали го слушате?


  • Вкупно гласачи
    83
Пред еден месец кога се враќав од чаршија и го преминував мостот за да стигнам до Центар, го чув овој звук и покрај вревата од минувачите.
Иначе, не ми пречи или иритира од проста причина што не обрнувам внимание.
 
Ултразвукот не може да го детектираме со сетилото за слух. Ама кога купуваат на тендери кинески апаратчиња по цена на најдобрите, ондак добиваш уред што брка луѓе и животни.
 
Ги слушам само навечер, кога ГТЦ е празен... Не сфатив, кај се ставени овие гомца?
Ако се ставени да ги бркаат птиците од спомениците, зошто побогу ги слушам низ цел ГТЦ? Дури и од спротивната страна (кај што нема споменици).

Јас секогаш сум мислел дека тоа зуење доаѓа од звучниците кога се исклучени (нели, нема музика навечер). Да не е тоа?

gtc_2.jpg



Кај што се портокаловите точки :).
 
Ми ебава се у мозок ми иде да утепам некого !!! Бев еднаш во читална , и слушалки ставени и музика на најјако пуштена, ми се еба матер преку алишта ми влага во потсветста и во душата ..
 
Гадно е, коа ќе поминам покрај мостовите со точак ма секудна-две го осеќам ама ме иритира ненормално многу.
 
Вакви беа ставиле порано во Италија кога бев.На крај откако се побунија неколку здруженија ги тргнаа и тоа знам дека се маткаа дури и по судови.Сега пред некое време слушав дека било дури и забрането да се ставаат такви направи,али овде ете во Македонија,државата без закони се е можно.
 
Проклет да е бетмен и неговите џиџи-миџи.

Прв пат коа ги сместија викам растеривачи на шиш мишеви да не се, ама тоа да ти било против невини гОлапчиња.

Барем да беа фазани и да се омрсеше човек сеа...
 
Ја кога бев во Скопје, набрзина поминав низ гтц пошто звукот ти мава дирекно вмозок и во живци, а на мостот почна главата да ме боли од него. :/
 
Дај бе не ситничарите... опркужени сте со секакви зрачења сега ова сметало :D
 
Не би сакал никого да навредам, но според разговоров и сосем проста логика можеме да дојдеме до заклучок.
- Личност на која што и сметаат звуци за растерување на птици ... во мозокот е развиена колку и еден гулаб/чавка/врапче.
- Колку поголемо сметање/главоболка толку поблиску до интелектуално ниво на една кокошка.
:D
 
Не би сакал никого да навредам, но според разговоров и сосем проста логика можеме да дојдеме до заклучок.
- Личност на која што и сметаат звуци за растерување на птици ... во мозокот е развиена колку и еден гулаб/чавка/врапче.
- Колку поголемо сметање/главоболка толку поблиску до интелектуално ниво на една кокошка.
:D


И сеа кокошки не праиш?
Зависи колку ти е развиен слухот, ако си некој 40 годишен, сигурно не слушаш како мене. А можда и некој наглув..
 
Дај бе не ситничарите... опркужени сте со секакви зрачења сега ова сметало :D

муабетов, да си жив и здрав. плус ако имате некој камен у бубрег за кршење прошетајте се по центар, песок ќе се напраи. :icon_lol:
 
Не ја сфаќам поентата на анкетата :)
Поќе ме интересира колку кошташе инвестицијата на овие џиџињата
 
Имаше на он нет статија за ова, дека лица над 30тина години неможат овој звук да го слушаат.
Иначе кога поминувам таму, страшно ме нервира, а и неможам да им објаснам на моите што е пошто они не го слушаат и ме прават луд :tapp: :tapp:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom