STEALTH
God is a DJ
- Член од
- 25 ноември 2011
- Мислења
- 10.721
- Поени од реакции
- 14.788
Футуристичка телекомуникациска кула во која ќе бидат сместени предавателите на македонските оператори и антенски систем за контрола и мониторинг на радиофреквенциите ќе се гради во близина на врвот на Водно, на 500 метри источно од Милениумскиот крст. Покрај современата телекомуникациска опрема, во рамките на објектот со вкупна висина од 155 метри ќе се изгради ротирачки ресторан со панорамски поглед на главниот град, но и административни простории на помала површина на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) и на Министерството за внатрешни работи (МВР). АЕК деновиве потпиша договор со градежната компанија „Гранит“ од Скопје за реализација на зданието кое ќе се гради во наредните 60 месеци. Вредноста на договорот изнесува 1.084.706.000 денари или над 17,6 милиони евра.
За овој објект со истата градежна компанија е потпишан уште еден договор во висина од 24,6 милиони денари во декември минатата година. Проектната документација за телекомуникациската кула ја изработи друштвото за производство, услуги и промет „Билд“, додека ревизијата на проектот ја изведе „Балкан консалтинг“. Заедно со основниот договор, финансиската конструкција на ова здание ќе изнесува околу 18,1 милиони евра. Проектот предвидува и инсталирање на високо софистицирана опрема за контрола и мониторинг на радиофрекфенциите и современа антенска опрема.
Кулата ќе биде повисока и од зградата на МТВ (70 метри) и од висококатниците на Џеваир Холдинг во Аеродром (135 метри).
http://www.build.mk/?p=26765

Нешто налик на ова?