Безбедноста - Скопје 2014

  • Креатор на темата Креатор на темата Anco
  • Време на започнување Време на започнување

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.606
Поени од реакции
15.409
Возраст
70
Локација
Skopje
Веднаш да разјаснам,не е темава за безбедноста на работниците додека се се уште
изведува проектот во изградба Скопје 2014 год.Иако до сега имаше и неколку настрадани во него.
Се работи за веќе завршените проекти-зданија и безбедноста на граѓаните со нивно пуштање во секојдневна употреба,било тоа да се згради или споменици или фонтани и слично.
Не навлегувам да речеме во она што незнам,на пример колку излези има стариот театар за во случај на потреба и евакуација на посетителите или пак другите музеи и згради.
Но еве што одамна приметив и се чудам како е тоа можно.
На пешачка околина-патека (плочник-мермер) е поставена некоја склуптура и мала фонтана.На исто ниво со сета нагазна околина кое е шеталиште и е дел од паркот Жена Борец карши собрание.
Фонтаната е поточно ЦРНА ТОЧКА, уствари дупка округла со обим околу 15-20 метри и длабочина до 1метар. Од сите страни е пристапна на исто ниво, нема никакво предупредување дека се приближувате до опасна отворена дупка. Бидеиќи целата околина е бела од квалитетен мермер,како хоринзонталната површина така и самата внатрешност на фонтаната па дупката и тешко се приметува. И при најмало невнимание и пад и нема каде да се задржите и постои голема веројатност и главата да ја скршите од подигнатата склуптура во средина на фонтаната.
А баш ова место доста се употребува за поминување и прошетки како на децата,така и на пензионерите кои одат во паркот или кон трговскиот цетар. Не ни сакам да помислам каква ќе биде тука состојбата кога зимно време и ќе замрзне околината на фонтаната и патеките.
Picture 358.jpg еве што убаво се гледа,секое дете го интересира да види што има внатре....
но лесно може да се лизне и да се повреди...Picture 370.jpg...ја гледате опасноста.............
..Picture 371.jpg кој гледа овде дека има „црна“ дупка, на 5-10 метри се изгледа рамно........
Што може најбрзо да се направи метална оградаPicture 369.jpg додека не се случила некоја немила случка по безбедноста на поситителите на проектот Скопје 2014.
--------------------------------
Јас знам дека тоа веднаш ќе се направи ОД ПОТОА.
 
Не се секирај децата ќе си создадат заштитен систем, штом ќе видат златна статуа одма им иде у главчето, фуј кич, какано, не идеме. :icon_lol:
 
Мене па повеќе ме интересира безбедноста на објектите што ги залепија на два метра од Вардар. Ќе биде смешно кога ќе почнат да гњурат во вода првите спратови за некое време.
 
Овде ќе се вртат истите муабети за проектов... Овој проект урбанистички е целосно misleading.
 
Од која сакаш гледна точка гледај го Скопје 2014 и пак ќе видиш промашај. Воопшто не ме чуди што е промашај и од безбедносна гледна точка.
 
Мене па повеќе ме интересира безбедноста на објектите што ги залепија на два метра од Вардар. Ќе биде смешно кога ќе почнат да гњурат во вода првите спратови за некое време.

Ajде де.. Викаш.Може и нафта ќе ископаат па ќе гњури у нафта.
 
Само странски фирми практикуваат безбедност, ние глеаме што полошо да ни се деси т.е. во превод да си ебеме матер едни на други. И на крај на суд ќе ти речат дека нема закон ако случајно те нападне цигла, зашто е несреќен случај мајкин... виша сила...
 
Арно што постојат форумиве,за да прочитаме некаде и дека постојат луге кои овој таканаречен проект 2014 го сметаат за апсурден,незрел,неурбан,.....,.,...,.,..,.,.,.,.,.....,.,...од повеке аспекти.
Оти според Сител,овој проект е нашата иднина.
Одкако почна да се реализира,економијата ни напредна и децата наместо осмина со кромид,на големите одмори јадат четврт плус осмина со месо(и тоа не крмомид со соја,риал месо):
Кој го знае колку е безбеден или не,времето се ке ни покаже.
Само незнам дали тогаш Сител ке постои или некој сосема трет ке ни ја покаже конечно реалноста и ке ни остави сами да размислуваме наместо да не програмира во бубашвабите да гледаме пеперутки.
 
Мене па повеќе ме интересира безбедноста на објектите што ги залепија на два метра од Вардар. Ќе биде смешно кога ќе почнат да гњурат во вода првите спратови за некое време.


Ќе биде после Вардар 2014 :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom