Во последно време се бележи пораст на вахабисти во Босна и Херцеговина, па оттаму се поставува прашањето колку се тие опасна закана за Балканот?
Според српски „Новости“ вахабизмот на Балканот има еластична верзија, доволно е да се носи „брада во срцето“.
На крилјата на „белите ѓаволи“ како што се нарекуваат себеси младите екстремни муслимани од Босна, вахабизмот се шири на Балканот, но и во Европа.
Инспирирани од вахабизмот и салафизмот се роди нова генерација на домашни џихадисти.
Незабележителни, поаѓајќи од класичен изглед на вахабистите, со брада и кратки панталони, тие се сериозна закана, предупредува Генералниот директорат за надворешни односи на ЕУ.
Во студијата "Салафизам-вахабизам" експертите посочуваат дека Босна стана срцето на џихадот. „Белите ѓаволи“ војуваат низ целиот свет, од Авганистан преку Чеченија и Турција во Сирија.
„На територијата на поранешна Југославија, вахабистите прво се вгнездија во Босна и Херцеговина за време на граѓанската војна, а денес нивното влијание се шири“, вели професор Драган Симеуновиќ од Академијата за национална безбедност за „Новости“ појаснувајќи дека за време на војната, некои од нив ги направија најужасните злосторства.
На Косово, објаснува професорот, се најслободни бидејќи таму нема кој да ги спречи. Во Санџак основале терористичка група која вежба на планината Нинаја. Додава дека во Црна Гора ги има во помал број, но доволно за да создадат сериозни проблеми, а за тоа ќе бидат дополнително мотивирани кога Црна Гора ќе влезе во НАТО.
Се претпоставува дека вахабистичкиот круг бори 3.000 од вкупно 1,4 милиони муслимани во Босна, а најмногу од нив се во Сараево.
Во студијата на ЕУ се вели дека екстремистите, околу 3.000 стигнале во Босна за време на војната носејќи со себе пари и оружје. Тука и се бараат почетоците на салафизмот.
Кои се вахабистите?
Вахабистите или на босански „вахабије“ се следбеници на исламска секта од Средна Арабија која во 18-от век ја основал Мухамед Ибн Абд ел Вахаб. На почетокот се бореле против турската власт, а потоа се приклучиле кон арапските феудалци. Денеска вахабизмот е службена религиска варијанта со призната идеологија меѓу богатите во Саудиска Арабија. Се практикува во уште неколку исламски земји.
Но, вахабизмот, пред се’, го бие лош глас бидејќи во овој ред припаѓал и големиот терорист Осама бин Ладен.
„Вахабистите ги менуваат правилата на животот и начинот на користење на силата и парите“, вели Симеуновиќ кој појаснува дека тие прво се закана за муслиманите, а потоа на ред се сите неверници.
Опасноста од вахабистите на Балканот е реална
Според податоците од ЕУ во Босна престојувал и Насер Ахмед Насир Абдулах ал Бахри или познат како Абу Џандал, личен телохранител на Осама бин Ладен.
„Опасноста од вахабизмот на Балканот е реална и во пораст“, тврди професорот.
„Нивниот број и влијанието на Балканот постојано расте благодарејќи на нивните пари и сиромашните балкански муслимани. Невработените следбеници на вахабизмот примаат и по неколку стотини евра месечно, а на ним тоа многу им значи“, појаснува тој додавајќи дека многу муслимани од Косово им се приклучуваат само поради парите.
Истражувањата покажуваат дека за 40 отсто од муслиманите во Босна вахабистите не се неприфатлива опција и дека дури 12 отсто од нив се подготвени да им се приклучат. На балканските муслимани се’ помалку им смета нивната строгост, начин на облекување, молење и односот кон џамијата и драстичните правила како обрежување на жените за да немаат грешни мисли.
Според професорот Симеуновиќ вахабистичката стратегија која настапува во Европа е се’ поеластична.
„Така, на пример, веќе не е обврзувачки носењето брада, ако “брадата се носи во срце“. Еден од лидерите на вахабистите, Екрем Авдијуа од јужниот дел на Косовска Митровица, кој на времето го формираше и ОВК, муџахедински одред од стотина вахабисти, кого српската власт го приведуваше, па пушташе, денеска е познат по тоа што праќа оружје и на други начини помага во основање на вахабистички терористички групи во Санџак, на кои лидерите им се убиени или во затвор“, појаснува тој.
На босанските вахабисти не им е потребна идеологија, но затоа им се потребни пари и логистика. Па, така Иран и Пакистан ги снабдуваат со оружје, а Саудиска Арабија дала над 373 милиони долари за босанскиот џихад. Во Босна има повеќе од 40 екстремистички здруженија кои имаат над сто канцеларии низ целата земја.
Опасност од тероризам
Иако со порастот на бројот на вахабисти на Балканот реално расте и опасноста од тероризам, Симеуновиќ, нагласува дека тоа не смее да доведе до параноичен однос спрема муслиманите, бидејќи и тие се нивни жртви. Тој потсетува дека терористичката група од Нинаја прво сакала да подметне бомба во џамијата во Нови Пазар.
„Соочени со се' поголемото влијание на вахабизмот на Балканот, Америка во Турција виде сила која ќе го потисне, бидејќи поголемиот дел од муслиманите на Балканот е врзан со т.н. народнен ислам, кој е донесен на Балканот за време на турската окупација“, вели тој и додава дека Турците навистина не го сакаат вахабизмот во Турција, а тој од тука може лесно да се прошири и таму и затоа тие ќе ги дадат сите сили за го спречат... Но, едно е сигурно - вахабистите дојдоа, а со нив и проблемите.
„Вахабистите се национална опасност, но и закана за регионалната и меѓународната безбедност“, вели Џевад Галијашевиќ, експрет за тероризам.
„Вахабистичкото движење, е претежно верско, но може да се смета и за политички феномен, а неговото делување како облик на политичко насилство е тероризам“, вели тој за „Новости“.
„Со силна проповед за геноцид, тактики и цели, вахабизмот покажува јасна намера да се воспостави исламска држава на глобално ниво. Тие не се грижат ниту за средства, ниту за цели“ – предупредува Галијашевиќ.
Вахабистите во Македонија – забранета тема
Ги гледаме и во Македонија, со бради и поткусени панталони, жените од глава до пети во бурки, ретко се комуницира со нив, повеќето се плашат, а никој не зборува за нив, вахабизмот е табу тема, иако нивното присуство во државата е се’ поочигледно.
Од ИВЗ неколку пати посочија дека има џамии кои не се под нивна контрола и дека не смее народот нив, како центар на исламот во Македонија, да ги поврзува со разни екстремистички движења.
И во Македонија вахабистите се поврзуваат со Саудиска Арабија и анонимни донации на пари. Пред неколку години лондонски „Сандеј тајмс“ напиша дека во Македонија се произведуваат следбеници на џихадот, а само пред неколку недели 39-годишниот Албанец од Гостивар Расим Н. загина во судирите во Сирија како член на бунтовничкото движење „Јабха ел-нусрах“.
Медиумите пишуваа дека најмалку дваесетина лица, главно од албанската етничка заедница во Македонија, учествуваат во вооружените судири во Сирија, а уште осумдесетина и во други земји - Авганистан, Дагестан, Ирак, Ингушетија..., кои се мотивирани од верски, исламски мотиви.
Кога беше соопштена вестта дека има македонски државјани на фронтот во Сирија и Авганистан, еден експерт за безбедност, истакна дека се потребни план и превенција во однос на вакви случувања и потенцијални опасности. Тој укажа дека инцидентите од минатите години покажуваат дека радикални исламски структури дејствуваат во регионот.
Тој посочи дека суштината на тоа треба да биде луѓето да се дестимулираат од таквото делување, апелирајќи да не се паничи, но и да не се остави проблемот сам да се реши.
Според истражувањата спроведени на Балканот се заклучува дека вахабизмот носи глобална опасност. Тој не заобиколува ниту еден континент и не признава идеолошки, национални или верски граници.