karan
бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Немој со тие приказни за вработени..Значи ти ме прашуваш нешто што немам ниту кажано, ниту прашано па сега избегнуваш и одговор и дискусија. Јас си прашав едно нешто а прашањето ми беше - зошто членот смета дека трошење пари на одмор како што треба е глупост. Не добив одговор.Ти ме прашуваш зашто некое младо дете да не потрошело 500 евра на одмор се на се. Петсто евра за трошење на одмор за вработен во европска земја не е ништо. Ало, европска земја е ова, не е африканска земја кај што уште има експлоатирање на труд во колониите.
Ама ако, нека продужат нека ви ги перат тоа мозоците, курчење било ова, убаво викам јас, ќе стигне време курчење да ви е два леба купување на ден, еден требало. Пред 5 години убаво се сеќавам луксуз беше одење два пати на одмор, лани - преклани луксуз беше одење во трговски да си купиш облека, еве сега пред некој месец гледам луксуз било една кутија цигари на ден/едно пиво да испиеш неделно.
Додека тука не експлоатираат, градежници рмбаат на +50 за 300 денари дневница, шивачки шијат на топло време за иста пара, даноците растат, гледате дека се трошат пари на нелогични набавки од кои се нема никаков доход, еве еден од владеачката гарда како си го поминува слободното време
![]()
Браос, во VIP ложа гледање утакмици ЛШ со фамилијата на еден фудбалер. Од другата гарнитура, фраерот вчера реков, два модела понова Ауди, на жена му Сеат Леон. Е не, ќе се заебаваат, ќе идат на одмор во Охрид 5 дена во приколица.
Вие продолжете да ги нарекувате тинејџерите на курви и пешковци само зошто сакале да одат или оделе Грчка на одмор.
Најголеми мераклии за одмор се невработените, и тоа одмораат ли одмораат, цело лето у Грчка, Турција, Црна Гора..
Ајде уште еднаш зошто сметаш дека е нормално да се потрошат 500 евра од некое бело сиренце кое не видело сонце цела година, а од друга страна пак кука дека нема за леб?
Или вака: кој тоа ако не работи има право на одмор???
Правото на одмор се стекнува со работа. Иначе од што ќе одмораш? Од излежување?
И каде во Европа одморот (во закржлавените мозочиња на нашата младина тоа значи исклучиво море, ако не не си бил на одмор) трае два месеци, притоа се подразбира трошење пари како да му е последно? За мене тоа е неразумно. Како бе, може одморот да ти е приоритет број еден пред квалитетната храна, облека, домашни потреби? Одморот доаѓа дури после тие нешта, затоа е луксуз.
Сите цмиздрачи се најголеми џаболебари. Лежи лебу да те јадам.
Мислиш во префалените европски држави функционерите не земаат неколкупати поголеми плати од обичните работници?? Не живеат мноооогу побезгрижно и побогато?