Жално за сите загинати во несреќата....
Јас сум убеден дека причина за несреќата е мнооогу поголема брзина на движење од дозволеното на двете возила. За да дојде до експлозија кај двете возила, мора да се случил удар со огромна сила, а таков удар се добива со огромна брзина......
Ако двете возиле се движеле со пропишаната брзина (претпоставувам на тој дел е 50-60) ,ќе имале време да реагираат и доколку и не успеат, последиците не би биле вака катастрофални...Дури и само едното возило да возело со прописна брзина, помала би била штетата и последиците...
За жал, во 99% од сообраќајните несреќи причина е човечкиот фактор и во во 99% од овие несреќи причина е несоодветна брзина......
Па мајку му, зарем толку е тешко да возиш со брзина која ја пишува на знаците....Ако возиш многу побрзо од дозволеното, можеби ќе стигнеш некои 20 мин. побрзо на целта (на 100 км. растојание).
А вреди ли за 20 мин. да го ризикуваш својот живот и животот на сопатниците во возилото?
Во случајов, се плашам дека возачот на БМВ заради убеденеста во моќта и безбедноста на возилото, ја ставил на коцка безбедноста на целото семејство...И за жал изгубил...
Не постои безбедно возило доколку не се управува според условите на патот....
За информација , NCAP тестот за фронтален удар се прави со брзина од 64 km/h, симулирајќи директен судар на две возила кои по препоставка се движат со брзина од 55 km/h (разликата во брзините симулира абсорбција на енергијата при удар на двете возила) . Значи производителите на автомобили и NCAP ви гарантираат добра заштита и безбедност на таа брзина (под услов да се користат појаси, и да биде опремено возилото со воздушни перничиња)...колку побрзо од тоа , толку помала безбедност и потешки последици...
Затоа, следете знаци и внимавајте на патот..Бидете вие господар на возилото...Ако оставите возилото да владее со вас....лошо,многу лошо..
Не сакам со овој пост да мудрувам или да делам памет, само сакам да изнесам некои факти кои се битни за безбеден сообраќај, а згрозен од секојдневните вести за тешки сообраќајни несреќи и голем број загинати....