фенг шуи

  • Креатор на темата Креатор на темата Leonidled
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
3 јуни 2013
Мислења
14
Поени од реакции
6
Возраст
35
За фенг шуи честопати луѓето мислат дека е начин на уредување на домот кој содржи многу мистичност во себе. Всушност фенг шуи е еден вид уметност и наука за живеењето и работењето во правилно уредено опкружување.
Таа се занимава со протокот и кружењето на енергијата на животот наречена Чи која е зависна од Јинот (позитивната енергија) и Јангот (негативната енергија). Вселената е едно огромно енергетско поле. Фенг шуи ја проучува оваа енергија, нејзиното движење и како таа делува на нас директно или индиректно.
Модерната електро-физика почнува да го прифаќа фактот за интеракцијата помеѓу енергијата на земјата и луѓето. Овие електромагнетни енергии се Чи линии кои се движат во внатрешноста на земјата, и на тој начин создаваат енергија за земјата и за луѓето кои живеат на неа.
Добрата контрола на енергијата во вашиот дом, ќе допринесе вашиот живот да се подобри и вие ќе привлекувате повеќе среќа и богатство. Поради ова се поголем број луѓе ги прифаќаат советите на фенг шуи за уредување на просториите. Како за пример, ќе го споменеме еден од најбогатите луѓе на светот Доналд Трамп кој за уредување на своите резиденции и деловни простории ги има ангажирано врвните експерти за фенг шуи.
 
Модерната електро-физика почнува да го прифаќа фактот за интеракцијата помеѓу енергијата на земјата и луѓето. Овие електромагнетни енергии се Чи линии кои се движат во внатрешноста на земјата, и на тој начин создаваат енергија за земјата и за луѓето кои живеат на неа.

Кога веќе спомнуваш физика, приложи докази.
 
Да приложам докази дека постои енергија?

Ако веќе збориш за некаква енергија треба да кажеш како се влијае на неа, со кој инструмент и во кои мерни единици се мерат промените на "енергијата" кога ќе го мрднеш каучот на лево или десно.

Или кога збориш за енергија мислиш на онаа мистичната што ја спомнуваат секаде, со мeрна единица 1В (1B=1minute of Bullshit)
 
Да приложам докази дека постои енергија?


Фино лепо те цитирав, не се прај глуп.
Еве ти уште еднаш.
Модерната електро-физика почнува да го прифаќа фактот за интеракцијата помеѓу енергијата на земјата и луѓето. Овие електромагнетни енергии се Чи линии кои се движат во внатрешноста на земјата, и на тој начин создаваат енергија за земјата и за луѓето кои живеат на неа.
Дај докази за ова цитираново.

Најпаметно би ти било да си ја остаиш физиката, ко што ти вика Лангелина... Збори си за фенг шуи....
 
Имам слушано за фенг шуи и викаат дека е добро и многу позитивно, ама според мене поубаво од тоа сам да си направиш по свој вкус нема :)
 
Знам нешто малку за фенг-шуи значи се работи за позитивна енергија кон себе зависи од околина и распоредот е сега прашањето ми е дали важат и за мртвите односно умрените да лежат кон исток дали има некаква врска за фенг-шуи или е плод на пагански традиции ???
 
Според мене фенг-шуи е тешка глупости и иако нема врска со темата ама морам да ги спомнам хороскопот, наталните карти и сите останати булшитс поврзани со астрологијата
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom