Отворено писмо до Филип Рикер: Откажете се и Вие и Грците од идејата да не’ преименувате

  • Креатор на темата Креатор на темата M.O.P.
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.

M.O.P.

Niggaz were born to kill
Член од
27 јануари 2012
Мислења
1.435
Поени од реакции
1.305
Господине Филип Рикер, не знаеме, до заклучувањето на писмово до Вас, дали се уште сте во балканскиот вилает (во некоја, како што би рекол Мирослав Крлежа, „темна балканска крчма“), или сте во некоја исто таква меѓународна крчма, можеби веќе во удобната фотелја на Стејт Департментот во САД од каде се управува со судбината на светот.

Вие, колку што ни е познато, бевте тука за да се видите и да помуабетите со Јадранската група кандидатки за НАТО, во која спаѓа и Македонија. Патем, Вие дојдовте и со една подидеја, доколку тоа и не беше главната Ваша идеја, а посетата на јадранските НАТО-вци само изговор за тоа. Имено, Вие јавно ја повикавте нашата Влада, а со тоа и Македонците, да покренат јавна демократска дебата за проблемот со Името (гледате дека ние него го пишуваме со голема буква!), што ќе рече за нашето преименување на кое Вие и Вашата држава толку суптилно(?!) инсистирате. Притоа го имате предвид најновиот предлог на Метју Нимиц: Горна Република Македонија.

Добро, г. Рикер. Прво, ние немаме проблем со Името. Тоа е проблем на Грците чиј фашистички концепт за уништување на идентитетот на еден древен народ и негово бришење од светската карта на народите, за жал, го поддржувате и Вие, Вашата држава и ЕУ. А тоа е голем срам и за Вас и за нив, бидејќи тука отсуствува елементарно чувство за правда и вистинољубивост, вредности што Вие ги немате, а со кои толку многу се гордеете.

Патем, какво е тоа искрено пријателство ако ни го признавте Името (лукаво – за со нашите квислинзи да ја реализирате територијалната поделба во 2004 г.), а сега силно не притискате да го смениме. А што ќе правиме со оние повеќе од 130 држави што ни го признаа Името?! Да го смениме ли и да им речеме: извинете, не се викаме така, сега викајте не поинаку, со новото име! Што мислите, г. Филип Рикер, зарем овој народ е толку глуп и без самопочит? Таков ли е Вашиот заклучок од дипломатскиот престој во Македонија? Многу сте се излажале и затоа повлечете ја Вашата перфидна идеја за кукавичка дебата за проблемот со Името, кој ние го немаме.

Ако сакате дебата, и ние можеме да Ви предложиме. Дајте да дебатираме за Авганистан, за Ирак, за Сирија, за Гвантанамо, за Индијанците... Доколку, пак, сакате на македонска тема, поставете дебата за 2001-та за која Вашиот актуелен амбасадор кај нас јасно изјави дека била агенда на САД. А во 2001-та се пишуваше со ножеви врз кожата на невини македонски цивили, од вашите борци за човекови права се врзуваа со боцкав тел и се креваа во воздух со динамит под нив. Дајте да дебатираме за Охридскиот договор, или за територијалната поделба, кои по се изгледа исто така се американска агенда и чии катастрофални дефекти по однос на Македонците Вие воопшто не сакате да ги видите. Или дебата за пописот за кој Албанците не сакаат да чујат за да не излезе на видело нивниот вистински процент. Можеби и тоа е Ваша агенда.

Или и Вие, г. Филип Рикер, како Гркот Папуљас сметате дека веќе му дошол крајот на македонизмот и на македонското Име? Мислите ли дека НАТО и ЕУ се доволни за да се самоукинеме, како што нè притискате? Не, се лажете, нема никаква цена за откуп на нашето Име, г. Филип Рикер. Врз македонскиот народ веќе две децении се врши страшен притисок идентитетски да се избрише, да се самоукине со промена на Името. Но сфатете дека никој од нас нема право тоа да го стори: ниту владата, ниту народот. Никој! Освен, се разбира, некои силни империјални бомбардери и беспилотни летала – убијци, што делат правда низ светот, низ нови Хирошими и Нагасаки.

Врз македонскиот народ цели две децении се врши перфиден психолошки притисок за да се доведе до апатија и рамнодушност, па да рече: па добро, доста е, се согласуваме! Но тоа нема да се случи, г. Филип Рикер. Се надеваме дека нема да ја доживееме судбината на Хазарите и на Индијанците, сега на еден перфиден, но софистициран геноциден начин. Ќе одиме од град во град, од село во село, од човек до човек, нема да дозволиме да падне и да заспие духот на Македонците. Да знаете дека и неродените деца, зачнати во бакнежот на македонските љубовници, го носат печатот на нашето исконско Име и за ништо на светот него нема да го предадат. Кажете им го тоа на Папуљас, на Грците и на Американците. И откажете се од организирање дебата за Името. Ние таа дебата веќе ја отворивме со „Македонскиот манифест“, кој ќе Ви го испратиме и во кој порачуваме дека засекогаш и секаде остануваме Македонија и Македонци! Точка. Откажете се и Вие и Грците од идејата да не преименувате, а со тоа и да ја споделите нашата историска меморија и да не избришете од светската карта на народите. Во тој случај ќе треба и најсветата книга над книгите – Светото Писмо – да го фалсификувате, бидејќи таму Македонија и Македонците се обележани со божји печат. А и таа веќе се фалсификува во таа насока. Но...

Откажете се од намерата за наше преименување. Откажете се засекогаш. Бидете ни искрен пријател, Вие и Американците. Тоа Ви прилега.

Со почит,

Ефтим Клетников, Запро Запров, Георги Барбаровски, Стојан Стојков, Стефан Влахов Мицов, Слободан Пренџов, Васил Атанасов и Александар Русјаков, членови на Иницијативниот одбор на „Македонски манифест“.

Браво колку убаво напишано само да стигне кај него и да го прочита ова вонземјанинов како ЕТ е у главата
 
А бе луѓе, со лобирање и давање пари се придобиваат политички поени и се добиваат политички битки, а не со писма. И шо дека го пратиле писмото? Во глобална политика и дипломатија не се замараат со такви работи.Тие не се замараат со писма, тоа само за публика е добро. Не велам дека дека не се право и дека не им се добри поентите, ама тоа не е доволно за победа у вакви меѓународни дипломатско-политички битки.

Мислиш Рикер не го знае тоа? Сите го знаат... ама треба да им дадеш повод т.е причина за интерес.
 
Убаво си е писмово за читање ама дека ќе се постигне нешто шансите се нула.
Не знам зошто многу луѓе имаат некаква си замисла(заблуда?) дека Америка ни е нас пријател или пак непријател.
На Америка(се мисли на владата на УСА) воопшто не и е гајле за нашиот спор со името тие ниту ни посакуваат добро ниту лошо единствено што гледаат се нивните лични интереси т.е сакаат Македонија да влезе во НАТО за да испраќаме повеќе војници.(Доказ за ова е 2006 т.е самитот Букурешт кога Грците му залепија шлаканица на Буш)
А, како ќе се викаме при влезот во НАТО не ги интересира.

И тоа е целата приказна.
Најголемиот проблем кај нас е што нашиве политичари не знаат ниту А од Дипломатија ова го има кажано самиот Филип Рикер во таен допис кога се разоткрија документи од Викиликс.
 
Еј браво како им го кажаа, сеа одма ќе не примат секаде како Македонија па и тие имињата ќе ги сменат! :facepalm:
 
Не е нивна идејата да не преименуваат. Ние си ја поддржуваме таа идеја, и како слеп за стап трчаме во ЕУ. НИЕ водиме преговори за промена на името. Јасно кажува "ПРЕГОВОРИ ЗА ПРОМЕНА НА ИМЕТО!" Значи на крајот на преговорите треба да завршиме со променето име. Треба но и не мора.
Али тоа е само за во Еу и НАТО кои ја изгубија вредноста и станаа марионети. Признати сме од 140 држави под уставното име.
 
Не е нивна идејата да не преименуваат. Ние си ја поддржуваме таа идеја, и како слеп за стап трчаме во ЕУ. НИЕ водиме преговори за промена на името. Јасно кажува името ПРЕГОВОРИ ЗА ПРОМЕНА НА ИМЕТО! Значи на крајот на преговорите треба да завршиме со променето име. Треба но и не мора.
Али тоа е само за во Еу и НАТО кои ја изгубија вредноста и станаа марионети. Признати сме од 140 држави под уставното име.

Дааааааааааа ама се на некои тука САД,НАТО и ЕУуу и Грците и Бугарите им се криви, ах та проклета особина на политичарите-совест=Access DENIED i така поради таа нивна особина ние страдаме а се од втор ешалон наваму е корумпирано и гледа да молзи додека може.

Драги Македонци доколку ние до 2014 не влеземе во НАТО ќе следува повторно полити состојбава во која сме без претседател (кој нема никакви ингеренции) и уставен суд дисциплиниран од извршната власт најверојатно ќе дојде и тоа да немаме пари за куртон и на тој начин популавцијата да се зголеми...или профитот од десетици илјади абортуси!!!

Ние навистина имаме избор и согласно ООН имаме право да влегуваме во Сојузи како економски така и Воени а Алтернативата на НАТО веќе се формира и се гледа, и суровата реалност е дека НАТО е ОЧАЕН да Р.Македонија ја прими како стратегиско парче земја, имајте предвид доволни се две батерии С-400 или Израелски Ерроу па и ако треба Патриот ќе платиме и импрувд Хавк плус далекуметни радари па така на НАТО барем јужното крило ќе му биде де факто и де јуре прислушувано, следено, ако ја додадеме и Србија веќе е јасно за стратегискиот пораз на НАТО, всушност НАТО претрпе еден пораз а тоа е ветото од Грција и доколку не се реформира тешко нив иако функционира сега за сега.

Но ние сме будали, наместо повлекување на сите сили под НАТО (оние под ООН на пример Либан се ОК) и можеби немаше за џабе да ни убијат невини деца, бидејќи не се Албанците виновни за тоа туку тоа е класиичен Ал-каеда тероризам само ликвидацијата беше албански стил а не Арапско-Индонезиски како сечење глава или употреба на мачета), ние ќе го зголемиме нашето учество и ќе праќаме уште повеќе војска во Авганистан а инаку плаќаме по 60 милиони годишно, пресметајте сами колку е заштеда после 2007 активен одговор на една држава со СВОИ ИНТЕРЕСИ кои ГИ ШТИТИ.

Ова писмо нема да помогне туку ќе одмогне-ние бевме поканети токму поради лобирањето на САД(Германија тајно, и Турција ептен гласно), но џабе ако сам не си помогнеш никој нема да ти помогне.

Ние всушност веќе и немаме ни пушки доволно во случај да има потреба, ние не ја модернизираме Армијата, ние не вложуваме во наменска Индустрија(било преку откуп на права кои се се поевтини или офсет договори за заедничко производство...па и ОХИС го сјебаа) која подразбира висока технологија а не производство на кабли.

Ова е навреда за САД посебно беспилотните летала, искрено јас ги оправдувам а и можеме и ние да порачаме 2-3 дронови, тивки се, прецизни и така на лошите ќе им се случува пожар или поставена бомба во автомобил а уствари тој ќе осети што е навистина Hellfire во права смисла на зборот.
 
Ние ке плаќаме на НАТО кога ќе влеземе во алијансата, сега тие само ни плаќаат за војниците. А тоа е добро, барем имаме војници во форма, зимаат подобра плата од овие кои се тука. А на крај краеви, нашиве никој не ги присилува да одат таму, туку зимаат добра плата па затоа сеуште се таму.

Нато не претрпе пораз од грција... грција им го откупи цело старо железо (оружје) на европејците во замена за политичка поддршка

. А уса така си цепат како идиоти, доколку тие навистина сакаа Македонија можеше да ја направат Nо.2 (после нив) во светот. Тие рушат цели владеачки гарнитури, а не пак една грција да им застане на патот, туку тоа се е маска.
 
Рикер може газот да си го избрише со писмово...
 
Има вистина во ова ама пак факт е дека една Грција им удри шлаканица на САД.
Мислам фактите зборуваат сами за себе во 2006 имавме многу повеќе посветеност и поддршка од САД за влез во НАТО и пак ништо.

Точно е дека САД се голема сила, но во случајот со нашиот спор и они не можат многу да направат.
Воено ништо не им можат пошто се дел од истиот сојуз, економски и така грците се пред колапс така да и не гледам како би можеле Америве да се заканат.

Проблемот на спорот е што е преминат на ниво на секој граѓанин и нема шанса да се донесе одлука во Македонија или Грција без реферундум, а ако има референдум нема шанса да има компромис.(Иако компромис не може да има и од 1001 друга причина ама за тоа другпат)
 
Пријатели се и на Србите и Косоварите ама успеа да ги скараат и им го лапнаа Косово и си направија база Бонд стил.
Пријатели се и на Македонците и Албанците ама и на нас ни го лапнаа Криволак и Калето.
Пријатели беа и на Југославија ама на пријателска база ја растурија.
 
n
Има вистина во ова ама пак факт е дека една Грција им удри шлаканица на САД.
Мислам фактите зборуваат сами за себе во 2006 имавме многу повеќе посветеност и поддршка од САД за влез во НАТО и пак ништо.

Точно е дека САД се голема сила, но во случајот со нашиот спор и они не можат многу да направат.
Воено ништо не им можат пошто се дел од истиот сојуз, економски и така грците се пред колапс така да и не гледам како би можеле Америве да се заканат.

Проблемот на спорот е што е преминат на ниво на секој граѓанин и нема шанса да се донесе одлука во Македонија или Грција без реферундум, а ако има референдум нема шанса да има компромис.(Иако компромис не може да има и од 1001 друга причина ама за тоа другпат)

Наброј ми 5 работи кои уса би ги добила доколку и помогне на Македонија.

еве јас
1. Ништо
2. Ништо
3. Ништо
4. Ништо
5. Ништо

А ако се раскара со грција, од каде ќе шверцуваат дрога после?
Една од најголемите воени (Navy) бази на средоземјето им се наоѓа на Крит.
 
Точно е дека САД нема којзнае колкава корист од МК ама ако зборуваме за шверц на дрога си ја згрешил/а земјата.
Хинт(Косово :D )

Инаку единствена корист што НАТО ја имаат од нас е нашата геостратешка позиција и тоа што праќаме војници на мисии(ако не се лажам повеќе од Канада сме праќале секако процентуално)

Позначајно нешто е дали знаеш каков пораз би било за НАТО доколку ние утре влеземе во сојуз со Русија и они изградат амбасада како онаа на САД што ја имаме моментално?

Кажав во првиот пост веќе САД не ни е ниту пријател ниту непријател они си ги гледаат само личните интереси, а како што кажа моментално ние сме им далеку од приоритет за да ја жртвуваат Грција.
 
Дрогата во косове не е примарна цел, си имаат други бизниси таму, a за тоа ке видите за неколку години кога шпоновите ке еволуираат како покемони.
 
Дрогата во косове не е примарна цел, си имаат други бизниси таму, a за тоа ке видите за неколку години кога шпоновите ке еволуираат како покемони.

LOL
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom