Where is Macedonia?

  • Креатор на темата Креатор на темата DRaGaN mebel
  • Време на започнување Време на започнување
Ако морам да издвојам причина, мислам дека најобјективната причина е тоа што сме ем мала земја ем млада земја. 22 години само постоиме независни на мапа.
Од друга страна ем сме незабележливи, ем не сме доволно мали за да бидеме забележани, (на пример Лихтенштајн и Андора се популарни по својата минијатурност)

Популарни сме:)! Сите мислат дека Македонија е муслиманска земја,бидејќи најголемиот дел кој "работат" во западноевропските земји се претставници со таа религиска определба,а се претставуваат за Македонци.
 
у заблуда си -
таму не ги прашуваат што се по вероисповед-
а, за тоа дека се изјаснуваат за македонци- точно е , поготово кога ќе направат некаков криминал - тогаш медиумите пишуваат дека се од Македонија
 
Дека е битен за географијата е, нема сомнежи околу тоа, меѓутоа, вулкан и држава не е исто(а тоа што во неа живеат говеда тоа е друго прашање).
Зарем не е срамно да не знаеш каде се наоѓа држава, а истата да е на ист континент со твојата? Само пример.
Зошто срамно, по што е позната Македонија па да ја знаат. Баталете ги вие оние кои пишуваат дека Македонија е центар на светот, реалноста е сосема трета.
 
Чекај, чекај, Македонија не е центар на светот?!

Значи, од прв ред се гледан географската големина, т.е. важноста. МОнт Еверест > скоро секоја држава.

Е сега, не знам дали е позитивно или негативно што на нас најмногу обрнуваа внимание на политичката географија :)icon_mrgr:)па затоа шестооделенци имаа чуено и за Буркина Фасо. Тоа е позитивно, ама негативно е што ги учеа како поимин (некаде постои таква држава) меѓутоа ништо друго. Покрај држави, учевме и колку крави и кокошки има во Македонија. За разлика од географски поими ко... Хекла :D Taka da, кој како зафатил од системот.

Нашиве не се ништо поарни од било кој надворешен во поглед на географија. Всушност, не знам зошто го третирате континентот Јуроп како домашен. Јас сметам дека треба да се знаат сите држави во светот, ама сите...
Ама... :D

Тоа дека е Европа како домашен континент е со причина, сепак географски и’ припаѓаме на Европа.А за сите земји, да се согласувам дека треба.
 
А уствари по што сме ние познати, каков успех на било кое поле го имаме или со што имаме придонесено кон човештвото за да знае просечниот Германец каде се наоѓа Македонија?

Или треба да не знаат заради лоповлукот на кривиот и wannabe диктаторчето?

За да те знаат, првенствено, а потоа и да те почитуваат, сето тоа треба сам да си го заслужиш.

Ваква беда од држава и јас не би сакал да знам каде се наоѓа, големо фајде од тоа демек.
 
Оуу леле, каква беда сме бе, ај жити се' кажи ми?
 
Ајде да не кажува да не забега темава!
 
А уствари по што сме ние познати, каков успех на било кое поле го имаме или со што имаме придонесено кон човештвото за да знае просечниот Германец каде се наоѓа Македонија?

Или треба да не знаат заради лоповлукот на кривиот и wannabe диктаторчето?

За да те знаат, првенствено, а потоа и да те почитуваат, сето тоа треба сам да си го заслужиш.

Ваква беда од држава и јас не би сакал да знам каде се наоѓа, големо фајде од тоа демек.

Тоа што бевме четврти во европа во кошарка и петти во европа во ракомет не треба да го знае секој просечен граѓанин на Европа ? Или тие малку надпросечните германци(европјани) треба да го знаат. Мислиш дека тоа е мал успех за да станеш познат како Македонец?

Јас мислам со тие спортски успеси треба да не знае и почитува просечниот германец!
Не е до географијата и до образованието, туку до интересот на граѓаните за една држава(во случајот Македонија).
Ако имаат гледано еден од погорните спортски настани сигурно треба да знаат за Македонија.

Со сите странци што сум разговарал и ме прашале од каде сум, сите знаеле каде е Македонија и барем постарите од нив имаат идено во Македонија.(y)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom