- Член од
- 4 април 2006
- Мислења
- 9.179
- Поени од реакции
- 3.073
- Возраст
- 41
- Локација
- кај дримон
- Веб-сајт
- www.facebook.com
Многу фанови на серијалот „Star Trek“ сигурно се запрашале дали би била можна изградбата на вселенскиот брод „Enterprise“ – можно е, но по цена која го преминува здравиот разум.
Иако е невозможно да се размислува за сите футуристички работи кои ги поседува Ентерпрајз, како штитови, ворп погон и телепортации, и доколку се држиме до она што ни е достапно, би било можно да се изгради нешто најблиско до Ентерпрајз.
Вселенскиот брод е долг 725,35 метри, висок 190 метри, додека дијаметарот на чинијата на врвот изнесува 304 метри – секако, во прашање се димензии на последниот брод кој може да се види во најновиот „Star Trek“ филм .
Во филмот Ентерпрајз е правен во Ајова, САД, а доколку денес би го правеле на Земјата, процесот би можел да биде сличен на процесот на изградба на Меѓународната вселенска станица, што значи дека Ентерпрајз би се градел од делови кои потоа би биле составувани во вселената.
За да се изведе сето ова, би било потребно да се издвојат 468,4 милијарди долари и тоа е цена која не ја вклучува изработката.
Иако наизглед се во прашање многу нули, буџетот за одбрана во САД изнесува 3,803 трилиони долари, така што парите не се најголем проблем.
Меѓутоа, кога би се нашол во вселената, тоа би било само половина битка, всушност и помалку од тоа бидејќи Ентерпрајз не би имал од што да се брани.
Кога се во прашање фотонските торпеда, тоа нам не ни е на располагање, но достапни се тактичните нуклеарни ракети. Една од опциите би била балистичката ракета „UGM-133 Trident II“.
Прилично е нејасно колку торпеда носел Ентерпрајз, но „USS Voyager“ на себе имал 38, иако бил дизајниран исклучиво за научни цели, така што овој брод може да се земе како минимална потреба.
Секоја Тридент ракета чини 30,9 милиони, така што 38 „фотонски торпеда“ со транспорт во вселената би чинеле 6 076 200 000 долари.
И секако, Ентерпрајз не би бил Ентерпрајз без ласери, поточно дури шест. На сета среќа, морнарицата на САД поседува ласери кои би можеле да претставуваат соодветна замена.
Овој ласер систем би чинел 90 милиони долари.
На бродот секако му треба и екипаж.
Доколку ја погледнеме листата на познати членови на екипажот, тоа би значело дека на Ентерпрајз би требало да има минимум 11 лица. За среќа, НАСА и Русија објавиле колку чини обуката и испраќањето на астронаути во вселената – 70,7 милиони долари. Доколку кадетите однапред знаат да ја извршуваат својата работа и им е потребен само вселенски тренинг, екипажот на Ентерпрајз би чинел 777 700 000 долари.