Kajgana's Football Fantasy Draft

  • Креатор на темата Креатор на темата Jonathan
  • Време на започнување Време на започнување
J

Jonathan

Гостин
Играва е врв, ја видов на друг, странски форум и одма решив да ја украдам. :свиркам:

Еве ги правилата:

- Учествуваат 10 членови
- Целта на играва е да создадете тим од 11 играчи (1 голман, 3 до 5 дефанзивци, 2 до 5 играчи од средината и 1 до 3 напаѓачи), избирајќи играчи кои се сеуште активни, фокусирајќи се на нивната моментална форма и формата од минатата сезона. Идејата е да се склопи најдобриот можен тим.
- Учесниците ќе избираат по 1 играч редоследно
- Откако ќе се комплетира првата рунда (сите учесници ќе изберат по 1 играч), почнува втората рунда, со обратен редослед на бирање од претходната рунда (последниот од првата рунда ќе бира прв во втората, претпоследниот во првата ќе бира втор во втората рунда и т.н.)
- Имате 12 часа да изберете играч. Ако не изберете играч за 12 часа, го губите редот и следен бира членот после вас, а наредната рунда вие бирате двајца играчи.
- Кога сите учесници ќе го комплетираат својот тим, ќе треба да ги постават своите играчи во формација по своја желба на следниот линк и сликите да ги прикачат во темава.
- Откако ќе ги добиеме сите тимови, ќе го замолам модераторот да постави тродневна анкета на која сите членови ќе можат да гласаат за членот со најдобриот тим по нивно мислење.
- Победник ќе биде учесникот со најмногу гласови. После тоа почнуваме нова игра.

Откако ќе се пријават 10 членови, редоследот на бирање ќе биде одреден преку random.org. Првиот што ќе се пријави ќе биде број 1, вториот 2 и т.н.


Пријавувајте се тука..

1. Jonathan
 
1. Ficoman
2. DaniBMW
3. Kova10
4. dragonsky
5. Jonathan
6. Leo Bonnie
7. kazioX
8. BooBojan
9. Epics™
10. Џонтра Волта

Еве го редоследот на бирање. Последниот бира 2 играчи одеднаш зашто е прв во наредната рунда.
Кога ќе бирате, пожелно е да го пингате тој што е после вас за да види дека е на ред, така мислам побрзо ќе иде. :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom