Внатрешно уредување на дуќан

  • Креатор на темата Креатор на темата .Sky.
  • Време на започнување Време на започнување

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Локација
На Венера
Веб-сајт
www.facebook.com
Денеска шетав низ дуќаниве во Скопје нешто бев да си купувам и забележав доста негативни работи посебно за внатрешното уредување во дуќаните. Сите добро знаеме дека денеска повеќето кои се одлучуваат да отворат дуќан занемаруваат една многу битна работа внатрешното уредување. Повеќето дуќани се стандардно уредени а при тоа се знае ќе ги бојадисаат со бела или пак друга боја целиот дуќан а при тоа не обврнуваат внимание на ситниците ниту пак на каблите,подот,ниту пак на надворешната врата туку едноставно одат по приципот абе ајде што ми е галје за тоа како изгледа дуќанот битно си работи. :cautious: Да но што е со естетиката? и убавиот изглед на еден дуќан, повеќето кои ги имаат отворено дуќаните никогаш не обврнуваат внимание на внатрешното уредување исто така и на изгледот од надвор. Јас доста малку дуќани знам каде што се надворешно и внатрешно убаво уредени и тоа имам забележано дека брендовите како nike,adidas,converse,mango и тн. Сите овие брендови во своите продавници доста добро им се уредени исто така да наведам и за хигиената која е на доста добро ниво за разлика од останатите продавници каде што уште кога ќе влезеш знаеш што те очекува стандард хигиената не е на ниво исто така и музиката која си ја пуштаат по желба вработените.

Што мислите вие за дуќаните дали внатрешното уредување е задоволително ниво?
 
Тие пари немаат киријата да ја платат, а не па да уредуваат внатре..
 
Тие пари немаат киријата да ја платат, а не па да уредуваат внатре..

Не би рекол баш така ... има доста кои ги познавам кои имаат пари. Но парите кои ги заработуваат кои им се плус ти е не ги вложуваат во својот дуќан туку напротив си ги трошат за свои потреби коли - ресторани одење и тн. Не би рекол дека е до немањето пари туку до тоа што повеќето си го тераат селското ...налупај работи во дуќанот а како изгледа ги заболе таквото. Истите такви ги има многу ширум Македонија :)
 
Тие пари немаат киријата да ја платат, а не па да уредуваат внатре..


Не мора да биде бутикот под кирија,може и свој да биде во сопствена кука а да не биде убаво уредено....Или пак сосема спротивно...Да плака а сепак да биде има добар внатрешен изглед.
Има места исто ко да влегуваш во некој како да се изразам,во некоја штала...Системот на едно коше,осветлувањето пола светилки прегорени пола не...А за гардеробата да не зборувам.Блузи и маици заедно на едно место.Па суреди ги бре,толку ли е тешко.А за зидовите да не зборувам...пожолтени исто ко да се од турското време.
 
Каков народ, такви дуќани. Не мора со ентериер, може и со сендвичи да се привлекуваат луѓе
 
Ај се фативте за дуќани,а овде едно Матично во метрополава е во состојба
како да си на селско буниште,баш така кој бил знае.
 
Ај се фативте за дуќани,а овде едно Матично во метрополава е во состојба
како да си на селско буниште,баш така кој бил знае.

Јас сум бил потапа амин ! (n)
 
Јас сум бил потапа амин ! (n)
Сигурно и мравките ги забележа во главната просторија. Како сватови.
Ај разбирам приватно Дуќанче - па мало, немал човекот пари во старт,
па купил такво за гранапче или текстил или авто делови.
Ама не разбирам фирма како Стружанка со свое произвоство на пример
во трг.центар Бисер а се „бутнала“ во неколку метри кв, не повеќе од
една кујна, и ако влезат две жени а веројатно со внучиња ете ти панаѓур.
Или во Автокоманда еден дуќан на Стокомак е прав лавиринт.
И мора ако купиш нешто да кружиш во кружен тек оти назад не се може
од тој позади тебе, само напред околу фрижидерите а се е набутано.
Кај касата не може ништо да ставиш се држиш во раце, а и корпи нема.
Но има и добро наредени дуќани посебно поголемине.
 
Ја ќе ти кажам. Мајка ми држи бутик за облека. Порано беше подобро, се сеќавам дека на ден некогаш носеше и по 250% за разлика од сега.. Плаќа кирија, продавачка, роба, царина, даноци, струја, вода, осигурување и што уште не.Што мислиш, даки е поважно како изгледа дуќанот/бутикот на некој или колку чини стоката која ја продава? Не викам дека е распаднат и во никаква состојба, хигиенски чист, сите потребни работи ги има, изгледа пристојно. Но не е класа како бутик во сити мал или веро.
 
Нејќете да знаете колку кирија плаќа Жужу на влезот/излезот од ГТЦ...
 
Нејќете да знаете колку кирија плаќа Жужу на влезот/излезот од ГТЦ...

Јас баш би сакал да знам сигурно некаде околу 600-700 евра :)би требало да биде ...
 
Јас баш би сакал да знам сигурно некаде околу 600-700 евра :)би требало да биде ...
А нејќе да знаете колку дуќани под кирија има бившиот татко на Скопје - Пенов,
или колку дуќани држи-купи за џабе Аларова околу зелен пазар и ги дава под кирија.Епа нивните деца ќе се буричкаат на Хаити или Хаваи а моите во леген стоплен на сонце.
 
А нејќе да знаете колку дуќани под кирија има бившиот татко на Скопје - Пенов,
или колку дуќани држи-купи за џабе Аларова околу зелен пазар и ги дава под кирија.Епа нивните деца ќе се буричкаат на Хаити или Хаваи а моите во леген стоплен на сонце.


Ситна роба, дучанчиња :D
 
1. Сметка за струја (зимно време за дуќан од 30 квадрата) одприлика 6000.
2. Сметка за вода одприлика 600-700.
3. Комунална такса 1000.
4. Две вработени во секој дуќан има а некаде помалце некаде повеќе одприлика се 2, со плата од 10.000 да речеме.
5. Книговодителка за тој дуќан месечно е одприлика 1200 денари некои повеќе некои помалце зимаат.
6. Кирија ако ја има, а 90% од бутиците и другите продавници плаќаат кирија (да заокружиме на 400 евра)


Ова се основни работи што мора секој месец да се плаќаат за еден дуќан а тоа е одприлика 53.000 денари или 900 евра месечно, а + што уште 2/3000 евра се потребни у просек за набавка на дуќанот ако е бутик, бижутерија, или сл. А, за маркет уште дупло.

И со овој стандард мислиш дека некој има пари да се сеќира дали каблите од радиото се глеале или не ? Дали дуќанот розов или бел му бил, у денешно време секој глеа да преживее...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom