Соларен авион

  • Креатор на темата Креатор на темата Јаневски
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
1 јануари 2010
Мислења
1.949
Поени од реакции
1.510
Извор: http://kajgana.com/solar-impulse-uspeshno-ja-zavrshi-pretposlednata-faza-vo-testiranjeto
----
Solar Impulse успешно ја заврши претпоследната фаза во тестирањето

Текст: Б.С.Б.
Наука | 17 јуни 2013

Авионот на соларен погон, Solar Impulsе, вчера успешно слета во Вашинготн по летот од Свети Луис, што претставува негова претпоследна етапа во патувањето низ САД со цел да се промовира технологијата што користи чиста енергија.
solar-impulse-uspeshno-ja-zavrshi-pretposlednata-faza-vo-testiranjeto-138004.jpg


Летот до Вашингтон траел 30 часови, а Solar Impulse ќе остане во Вашингтон до почетокот на јули, кога е планирана последната етапа на патувањето, односно летот кон Њујорк.

Solar Impulsе ќе биде првиот соларен авион способен за дневно и ноќно летање доколку успее планираниот потфат да се спроведе во дело.

Леталото се движи со помош на енергија собрана во 12.000 соларни ќелии сместени на крилата што истовремено ги полнат батериите за ноќно летање.

„Ова ги докажува веродостојноста и потенцијалот на чистите технологии и е клучно за ширењето на нашата порака, во иднина да се користат алтернативните енергии во новите технологии“, вели Бертранд Пикар, основач на проектот Solar Impulse.
----

Јас можам да кажам дека сум импресиониран, од технолошка гледна точка.
 
Јас па ич не сум импресиониран, распон на крила како 747 а пренесува еден патник, пфф. Добро само како експеримент, било каква комерцијална(реална) употреба нема да најде, освен како играчка за богаташи.
 
Извор: http://kajgana.com/solar-impulse-uspeshno-ja-zavrshi-pretposlednata-faza-vo-testiranjeto
----
Solar Impulse успешно ја заврши претпоследната фаза во тестирањето

Текст: Б.С.Б.
Наука | 17 јуни 2013

Авионот на соларен погон, Solar Impulsе, вчера успешно слета во Вашинготн по летот од Свети Луис, што претставува негова претпоследна етапа во патувањето низ САД со цел да се промовира технологијата што користи чиста енергија.
solar-impulse-uspeshno-ja-zavrshi-pretposlednata-faza-vo-testiranjeto-138004.jpg

Летот до Вашингтон траел 30 часови, а Solar Impulse ќе остане во Вашингтон до почетокот на јули, кога е планирана последната етапа на патувањето, односно летот кон Њујорк.

Solar Impulsе ќе биде првиот соларен авион способен за дневно и ноќно летање доколку успее планираниот потфат да се спроведе во дело.
.


Кој ве лаже бре дека ова е за некаква си цивилна употреба??

Па ова ќе значи развој на нова генерација беспилотни летала кои ќе шпиунираат а и ќе гажаат цели, посебно поради немање огромен топлотен одраз уште и Стелт технологија да му бапнат па оди собори го.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom