Барам на форумов и нема скоро ништо за RSS.
Ако некој не знае што е RSS: да не објаснувам еве видеа линк, линк... или текст
Нека биде ова генерална тема. Што следите? Кој читач го користите?
Google го гаси Google Reader на 1-ви јули па ми треба алтернатива. Што ќе користите вие?
InoReader е најблиску до Google Reader, барем по функционалност и по корисничко искуство. Кај мобилните апликации Flipboard, за мене, е без конкуренција.
Следам новости претежно поврзани со технологијата и општо некои. Го користев Google Reader али откако објавија дека ќе се гаси се префрлив на feedly, и на телефон и на PC. Перфекција е, посебно мобилната апликација.
Апликациите како Flipboard, Pulse... не ми се допаѓаат поради нивниот магазин-стил. Преферирам чист RSS, но ако некој преферира магазин-стил, feedly ја има и таа опција.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.