Исланд се откажа од членство во ЕУ

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.592
Исландскиот министер Гунар Браги Свенсон и соопшти на Европската комисија дека неговата земја се откажува од влез во ЕУ.

“Ова е начин на кој демократијата дејствува“ изјави Свенсон, и додаде дека двете партии кои ја сочинуваат исландската влада заговарале откажување од преговорите со ЕУ, а граѓаните ги попддржале во таа цел.

“Главната цел на ова патување беше да и кажам на Комисијата дека новата влада на Исланд реши да ги суспендира преговорите. Исланд е дел од Европа и сакаме да ги зајакнеме своите односи со Европските држави на други начини“.

Штефан Филе им изјави на новинарите во Брисел дека не му е лесно да ја прифати одлуката на Исланд, која ја доживеал и како личен удар.

“Верувам дека преговорите со Исланд треба да продолжат, и понатаму сме потпполно предадени и сакаме да го завршиме тој процес“ изјави Филе.

Исланд ги започна преговорите со ЕУ во 2010. година и затвори третина од 33 поглавја во преговорите.

Според анкетите, само 25% од граѓаните се за Исланд да стане членка во ЕУ.
 
Таму им се случи народ во вистинска смисла на зборот, не со рециклирани кондоми.

Народот ги избра најдобрите преставници на нивното општество, адвокати, судии, професори, писатели,обични луѓе, го променија Уставот, се отргнаа од канџите на банкарите и манипулантите и денеска тие се вистински репрезенти на интересите на народот.

Исланд е правото лице на Европа, ЕУ е она другото, изопаченото.
 
Држава двајца без тројца не сакала во ЕУ, голема работа. Башка, Исланд се членови во сите можни пактови и асоцијации во Европа и практично ги имаат сите права и економски врски како да се во ЕУ. Моја претпоставка е дека се плашат од имиграција па за тоа и се против. Не би можеле да се справат они со тоа.
 
Токму така. Не дека им смета Европската Унија, туку едноставно не сакаат имигранти. Економски и трговски тие се дел од ЕУ, само не сакаат политички.
 
Па не ни гледам некоја полза да бидеш политички партнер со ЕУ. Вака барем си имаат економски бенефит, а немаат политичка штета. Освен тоа на политички план се знае кој го има главниот збор т.е. Германија, Франција, Англија (плус уште некоја држава). Сите останати се членки само на хартија.
 
Тоа важи за сите мали држави во Европа, вклучувајќи не и нас. Фората е што Европа има доверба во Исланд како држава, поради историјата, културата и поврзаноста со другите држави, најмногу тие од Скандинавија. Кај нас проблемот е поинаков. И ние би можеле да бидеме како Исланд, но имаме проблематична историја, и тоа не многу далечна, со што немаме гаранција за иднината.
 
Е вакви примери треба нашите премиери да крадат .

Македонија - Исланд.....нема споредба на ниту едно ниво.Ништо,ама баш ништо нема споредливо меѓу Македонија и Исланд за Македонија да може да го следни нивниот пример. :)
 
Држава двајца без тројца не сакала во ЕУ, голема работа. .

Аma zatoa pak EU saka tamu ( t.e. gi saka vo Unijata).

A zoshto, znaesh li ?

I zoshto EU i ponatamu nastojuva da prodolzhi pregovorite?
 
Исланд нема национални проблеми, меѓуетнички проблеми, стандард и ред други работи. Развиена држава со мала популација и висок стандард. Македонија ако го следи овој пример многу е веројатно дека ќе ја нема од картата. Што побргу се интегрираме толку побргу би ги снемало меѓуетничките и национални проблеми.
 
Каков фатализам, ако не е ЕУ ќе престанеме да постоиме??? Кога ве читам се прашувам како воопшто живеете со таков „неможеме без ЕУ“ став?

Во ЕУ, Македонија следните 30 години не влегува па сега или ќе се бара друга алтернатива или ќе се кренат сите четири во вис и ќе се чека некој да те прегази пошто нели без ЕУ не се живее.

Сами си се утепувате, друг не ви ни треба :).
 
ama zatoa EU saka tamu ( t.e. gi saka vo unijata - a zoshto, znaesh li ?i zoshto EU i ponatamu nastojuvaat da prodolzhat pregovorite?


Прво, Исланд самите аплицираа за влез во ЕУ, и тоа 2009. Исланд скоро исклучиво тргува со ЕУ, па влезот би значел уште поголемо олеснување на таа соработка. ЕУ дефинитивно не зависи од Исланд во никој случај. Нормално дека нема да им речат “фала богу што прекинуваме разговори, не ве сакаме во ЕУ„. Исланд е фина државичка и нема проблем за ЕУ да ја приме.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom