Едвард Сноуден обелодени дека САД масовно ги шпионираат сопствените граѓани

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.592
На линкот имате фантастично интервју со човекот што обелодени дека разузнувачките служби во САД, со знаење на властите, масовно ги шпијунираат сопствените граѓани.

Се' што пишувате на интернет и по телефон го снимаат и го складираат во бази на попдатоци. Тоа го прават и за секој државјанин на САД. Со такви информации можат да исконструираат или да манипулираат било кој човек или неговата биографија.

Џорџ Oрвел амa "до јаја".

Интересно е да се прати како властите во САД ќе се однесуваат сега спрема Сноуден, за кого е издадена потерница, а моментално се наоѓа во Хонг Конг. Aмериканската и светската јавност ќе го следат случајот со големо внимание.

Ако тргне репресивната машинерија како што тргнаа против Асанж/Викиликс на пример, мислам дека многу негативно ќе се одрази на Западниот систем. А лагите на властодршците, при што едно зборат, а сосема друго прават -- против сите демократски и слободољубиви стандарди -- веќе не им проаѓаат.

За многумина Едвард ќе биде херој, бидејќи откри невидена корупција и кршење на закоите во САД, но властите, естаблишментот, се очекува да го прикажат како човек што издал доверливи информации и да му судат по тој основ. Останува да видиме што ќе се случи.

Јасно, ова интервју не можеше да се публикува во самите САД каде што владее цензура во тнр. mainstream медиуми.

http://www.guardian.co.uk/world/2013/jun/09/edward-snowden-nsa-whistleblower-surveillance
.
 
Ќе биде интересно да се види што ќе му етикетира американската медиумска машинерија. Дали ќе испадне геј педофил, соработник на Осама или ќе се самоубие пукајќи си 5 пати во грбот од 2 различни калибри.
 
Типов е еден од главните компјутерџии во системот на разузнувачки агнеции на САД (systems administrator за NSA и senior adviser за CIA). Имал пристап како малкумина досега до базите на податоци. Вели можел да види многу повеќе од другите заради пристапот на информации, и почнал да приметува како масовно се кршат законите со кои фундаментално се подрива демократското општество.

Сноуден извадил податоци со кои го обелоденил постоењет на тнр. програма "PRISM" преку која властите на САД собираат податоци од корисниците на Facebook и Google, како и друга програма преку која се следи секој еден телефнски разговор во и до САД.

Директорот на Националната Безбедносна Агенција (NSA) Џејмс Клапер мораше јавно да потврди во Конгресот дека вакви програми постојат. Клапер изгелдаше како клен фатен на суво, бидејќи претходно тој негирал пред камерите дека Американските власти се вовлечени во такви недемократски практики.
 
За ова да го направиш ептен м*да треба да имаш.

Човек за пример и интервјуто вреди да се погледне.
 
Не е нешто што не го знаеме, но фалеше некој нивни да излезе и се тоа да го потврди. :)

Баш да видам како ќе заврши сето ова и колкава фама ќе се крене.
 
Мора да го скршат, немаат друг избор!
 
Се e џабе. Не постои начин да се спречи тоа, а уса ќе продолжи да продава демократија.
 
Единствен начин да се спречи сето ова е да ги исфрлат мобилните и компјутерите од употреба. A бидејќи Американциве се комплетно зависни од технологија, ќе продолжат да бидат шпионирани.
 
Сeкоја чест за Едвард, сега останува да се види како ќе реагира јавноста.

Најстрашниот дел од интервјуто е каде што каажува: Не можете да замислите до кој степен може да ве следат. :confused:

Без судски налог, кој гарантира дека сите тие податоци што ги собираат NSA нема да завршат во рацете на некој друг.

Anyhow, нема долго да поживее, ќе го најде некој дрон.
 
Златен Tor за да се заштитите од моментален history, али мејлови и срања се може да фатат... датибам то американците датибам...
 
Boundless%20Informant%20Large.jpg


Мапа што покажува од кои држави се извлечени најмногу податоци.
--- надополнето: 10 јуни 2013 во 04:16 ---
boundless-informant2.jpg
 
Почит за човеков. Дури и ако во случајот има некои работи што не ги знаеме (скоро секогаш има), вредноста на делото е неспорна. Риспект.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom