Заборавени професии

  • Креатор на темата Креатор на темата @cool@
  • Време на започнување Време на започнување
Само што отворив.
Пред земјотресот,живеев на улица Савска,онаа што води десно од клиниките
кон црквичето.Куќата под него беше и нешто последно во Скопје,под неа беше „јазот“
и бавчи и овоштарници а подолу Ложионица.
Ние деца веднаш штом ќе се смрачи одевме тука да ваќаме светулки баш исти како овие на сликава.Ги имаше повеќе на овие места веројатно поради водата. Некои деца ги закачуваше во косата,некој ги лепеа на челото и тие со светат.Инаку тие не светеа нон-стоп,туку ќе светне и ќе престане а за тоа време лета и ваќањето не беше лесно.Ти си мислиш дека си ја фатил но таа отишла понатаму.
Тоа за навечер а дење на истите места сме бркале пеперутки и хелехоптери кои уште потешко се фаќаа.лебдат така над јазот или водичките кај црквичето но со голема брзина бегаат ако пружиш рака.Си полневеме вода од чешмата пред црквичето но над него немаше ни една куќа,а водата најубава,сега е забранета за пиење(па дури и таа на ЛАЗО беше подолу а и на другите другови са српом и чеканом.
 
Само што отворив.
.
Anco, ај кажи збор два за чадорџиите - кои оделе од куќа до куќа и им ги поправале чадорите на луѓето - и тие спаѓаат во групата на заборавени професии :icon_lol:
 
Anco, ај кажи збор два за чадорџиите - кои оделе од куќа до куќа и им ги поправале чадорите на луѓето - и тие спаѓаат во групата на заборавени професии :icon_lol:
Ееееј...како ли ти текна за оваа професија.
Како не се сеќавам,дури и фацата би им ја погодил на тие неколку со тој ЕСНАФ низ Скопјево.( а старо купујем се уште постој)
Е овие лица имаа исто така „школуван“ глас како тие сега што ве будат некогаш и откупуваат стари работи, и сега има еден не му рамен ниеден оперски пеач кога ќе викне СТАРОоооооооооооооооооооооо, е неможем со зборови да го опишам.
Е сега за чадорџиите,тоа им беше главна работа,не помошна па да си мисли некој кога ќе заврне па ај ќе поправа расипани чадори.
Можеби ги немаше само во снеговите,тогаш одмараа и друго работеа а лопови имаше многу малку,такво беше времето,срамота беше да ти застане модра Марица пред врата,а не пак да те повози отпозади. Е тие чадорџии,изгледа си имаа и свој реон,свој маала,каде секојдневно кружеа,нема ден да не ги видиш или сретнеш.На грбот имаа едно тесно торбиче-ранец,или не тоа беше едно тесно лимено - долго кутиче во кој беа сместени жиците со разна големина од разни чадори и по некоја рачка од чадор,со крајот рачката како од бастум.Тоа баш личеше и беше така обесено на рамо како стрелите на Робин Худ.А во друго торбиче -ранец беше потребниот алат,а тоа од некој ислужен воен што го поминал и Караорман и Срем.
Со тие лица се соживеавме,дури и се знаеше кое време треба да поминат,маалскиот народ ги повикуваше во својте дворови и тука се поправаа тие чадори под страта смоква или дуња. А понекогаш и на камените са седење пред порти,кој се уште ги има некаде во
Ново Маало.
Нов чадор било скапо да се купи,поради немаштија,се спиеше се уште на сламарици на тие железни кревети.
Овие самовработени занаетчии си одеа пешки,значи не се сеќавам на ниеден да беше со „точак“ или добиче, затоа што таква им беше работаа,улична-маалска,од куќа на куќа, а и целот прибор и алат не им тежеше.
Еј кога би се нашол некој жив од овие мајстори па тој да раскаже повеќе, а веројатно има некој во Скопјево.
--------------
Попосле ќе се јавам ме потсети на некој други изумрени професии,за жал и изумрени мајстоти, а еснафот не им е продолжен.кој лично ги познавав и се од Скопје и ќе те замолам да најдеш слики од нивните производи.А исто така бидеиќи долго време живеев буквално во чаршијата на градот,над црквата Св.Димитрија,па и сите занаети и дуќани од чаршијата ги знам.[DOUBLEPOST=1398978126][/DOUBLEPOST]Picture 1203.jpg Пајтонџии, во Скопје во српско имало многу,околу 300 пајтонџии.Нешто интересно што имам читано за тоа српско,покрај тоа што овде имало 2/3 џандари од кралствотоСХС имало и најповеќе јавни куќи(во некоја тема пишував за нив) ама такви немало во внатрешноста во помалите места па така овие „ДАМИ“ со овие пајтони биле носени таму по порачка,како да речеме во Селото Војница велешко кај еден поет,потоа сопственик на хотел „Београд“ во Велес.........................................................................
Picture 1194.jpg чистачи на чевли - има уште некој. Јас ги помнам оние пред црквата Св.Димитрија,каде имаше и двајца од двете страни на вратата со Точна вага, (имаа доста работа)и уште продаваа дрвени закачалки.Се сеќава ли уште некој на нив.
---------------
Амали- Со дрвени колички и метални обручи на тркалата ги влечеа или буткаа со раце,ги имаше лоцирано кај старата железничка станица и веднаш до мостот (камениот) на левата страна до оној споменик од НОБ што го срушива.Ги имаше до 1969г.
--------------
Казанџиите- каква штета што ги срушива тие два дуќани на влезот во чаршијата десно до „Борово“.Па тоа требаше да стој вечно.
Секојдневно наутро ќе почнеше синфонијата на чеканите и цел ден така,да застанеш и да не се мрднеш од тоа место.[DOUBLEPOST=1398978783][/DOUBLEPOST]Picture 1549.jpg фурнаџии - фурни. Ги нема повеќе онакви какви што беа пред земјотресот Маалски.Секое маало фурна.
Оваа ја сликав некни во Дебар Маало.Сигурно не работи над 20 години. А ги нема ни старите мајстори,фурнаџии. По ново пекари.
Тие фурни се знаеше кога го вадат лебот и рајата беше наредена надвор пред онаа долга штица уште пред време додека не беше изваден лебот и чекаа и лаф муабет малку,комшиски.На Водњанска имаше ваква фурна карши главната врата. После земјотресот ниедна фурна немаше во Пајко Маало и Еврејско Маало,одевме во фурната кај Француски гробишта.А потоа живеев и долго време во Ново Маало последната фурна тука беше онаа на местото на ДОЗ-Кјуби и таа ја срушива почеток на 70 тите години.
 
Последно уредено:
Слаткари............. е не им го знам правиот назив на овие стари Еснафи-мајстори,а спаѓа во пекари или слаткари,
а не е ни едното ни другото, и е многу редок занает - стара професија која се пренесувала од колено на колено,
и не се кажувал рецептот на никого,тоа го знаеле малкумина и во семејството.
Кога земав мобилен си реков ќе ги сликам,но повеќе се изгубија-починаа,а други не гледам никаде,па ни производот.
Дали освен овие што јас лично ги познавав,има и други со вакаов Еснаф во Македонија незнам.Или во Европа.
Уште пред половина век и повеќе јас сум ги среќавал по црквите и манастирите (во Скопје, Св.Јован,Св.Петка,Св.Богородица)
------------------
Чичко Киро и чичко Никола, беа браќа (денес би имале над 90 години. А татко им уште нив како мали деца ги носел по манастирите,со тој Еснаф,а тие го наследиле од него.
Чичко Киро беше поредовен и нудеше поголем асортиман од тие нивни производи.Еве за што се работи.Некој може и се сеќава.
На црковните и манастирските слави,овие лица продаваа ги нудеа својте „ШАРЕНИ КОЛАЧИЊА“(пишував за нив и порано некаде)
Тие шарени суви колачиња беа во разни големини и разни форми.Некој беа и со сликички од некој Светци и мали икони.
Најпознат производ беше ланчиња од овие колачина во две бој:розеви и жолти плоснати тестенини исечени како со мала чашка, како некој ванилици.Тие шарени колачиња беа нанижани на обичен бел конец. Ние деца многу сме сакале да ни купат од тие „ланчиња“, бидеиќи и беа тие најефтини,а и тогаш немаше сладоледи и нестле и милки и доринди.
А ги имаше и во форма на мечиња,кончиња,патчиња и поголеми како плочки и разни други.Беа од многу бело брашно:
Рецептот за нив не го знае никој,освен нив, а велат дека биле трајни.(мислам дека беа од Тафталиџе)
Дали...@cool@...@cool@,можеш да најдеш некаде слики од овие колачиња,можеби по Руските форуми.
----------------
Сега ми текна имав отворено тема:Последниот шеќерџија во Македонија,и таму пишував и за овие мајстори.
Ама што овие теми не им се интересни на членовиве,туку се фанале само за фан клуб никој и.т.н.
 
Слаткари.............
Дали...@cool@...@cool@,можеш да најдеш некаде слики од овие колачиња,.
веројатно слични на овие биле:unsure:
p8150006.jpg
 
Да ,да, многу слични,нешто како ова, и точно имаше и срциња со овој облик и големина.
Само што тие наши мајстори и тестото го правеа во две бој, но и ставаа ваков шеќерен прелив во боја и сликички.
Ќе пробам некако да дојдам до синот или внуците,ги познавав и нив порано.
А еве и јас би го продолжил ова од утре,само да ја имам рецептата,со мерак би го работел.
Прашајте ги постарите,мора да знаат за овие колачиња и колку им се радувале како деца,пред ратот и после ратот.
веројатно слични на овие биле:unsure:
p8150006.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom