дали можеби знаеш нешто да напишеш за луѓето кои ги палеле канделабрите на плоштад- како тоа изгледало - наводно биле газјени ламби и тие со дрвени скали секој ден ја обавувале таа работа.
А уште поинтересно е да чуеме нешто и за оџачарите
Сакав веднаш да напишам за оџачарите.Но бидеиќи не сум учесник туку само
посматрач се откажав. Еве каде беа оџачарските сервиси,главни во Скопје.
Се уште постојат тие простории онакви какви што биле по „ратот“ а и пред.
Беа на главната улица која сега не постој,која водеше од Камениот мост, па покрај црквата Св. Димитрија и бившата зграда на ЦК од левата страна,и по една „тешка“ угорнина се искачуваше накај Калето оставајќи ја црквата Св.Спас од десна страна.
Тука на ова место кога ќе се искачеше,значи пред црквата имаше наредено повеќе фотографски дуќани,и тие се уште затворени опстојуваат таму,а беа таму затоа што тука беше главниот пат на војската која се симнуваше од касарните на Кале. Пешки кон „излез во град“. До нив беа сервисите на оџачарите. На ќошето,а надолу има сокаче кое води кон старата чаршија.
Често пати сум ги гледал од нашиот двор уште рано наутро како оџачарите се симнуваат кон Еврејско и Пајко маало, по оваа главна со коцки послана улица.
Тогаш сите куќи се затоплуваа со дрва ама и обавезно јаглен(по скопски Ќумур) и оџачари беа секако потребни.Тие обично одеа пешки по двајца,или во прво поголема група па после се делеа.Постариот мајстор ја носи онаа сајла со четка а помалиот најчесто долгата древна скала.Беа облечени се во црно и со црна капа.
Се случи и еден немил настан тие години(пред 50 години).Еден многу млад оџачар настрада кога скалата му се закачила на еден камион па така тој се нашол под задните тркала и бил прегазен.
За осветлувањето, е тогаш беше веќе електрика и познатите предземјотресни сијалици-лустери кој го осветлуваа Камениот мост по три на столб,како оние што беа во купатилата над огледалото и сосем добро личеа. А водовод немавме.