Убиено дете во Париз

  • Креатор на темата Креатор на темата AnFem
  • Време на започнување Време на започнување
A

AnFem

Гостин
Вчера починал осумнаесет годишниот Клемент Мерик, кој бил убиен од страна на фашисти. Бил нападнат во близина на железничка станица претходниот ден.

Само мртов фашист е добар фашист. Смрт за фашизмот!

602334_10151654250956023_1649877526_n.jpg

Срање! :( Нека почива во мир...
 
Ќе дигнат протест изгледа парижаните...или ќе изиграваат уметници и ќе филозофираат на твитер.
 
Човек што се занимава со нацизам, кизнај колку досаден живот има.....жално.
 
Ако ги тргнеме маските, ќе дојдеме до еден едноставен заклучок: No one here gives a fuck.

Деца гинат постојано во Париз а и насекаде низ светот. Тебе ти е 'гајле' за детево само затоа што е убиено од страна на твоите идеолошки противници.

;)
 
А ти ме познаваш мене лично и знаеш како јас размислувам и што чувствувам. Дрско!
Ми се гади од експерти на кајганава како тебе, што „те познаваат“ повеќе отколку што се познаваш себеси. Фашизмот загрижувачки расте, а ти најде мене да ме анализираш и да даваш заклучоци за моите емоции. Сероња!
 
Симпатизер на левицата вчера вечер беше брутално нападнат во Париз од членови на групата „ЈНР“ (Млади револуционери националисти) и оставен на тротоарот во безсознание. Тој се наоѓа во клиничка смрт во болицата Пити-Салпетриер, јави дописникот на МИА од Париз.

Веста ја обелодени Алексис Корбие, национален секретар на „Партијата на левицата“, чиј симпатизер бил осумнаесетгодишниот Клемант Мерик, жртва на нападот.

Националниот секретар на Партијата на левицата инцидентот го окарактеризира како „фашистички ужас“.

Според полицијата станува збор за агресија со „политички карактер“. Министерот за внатрешни работи Мануел Валс во соопштението за печатот ја изрази неговата одлучност „да го искорени насилството кое го носи печатот на крајната десница“.

Лидерот на скиннед групата ЈНР, Серж Ајуб, го демантира учеството на своите членови во тепачката, префлајќи ја одговорноста врз симпатизерите на левицата.

Според соопштението за јавноста потпишано од страна на Антифашистичката акција Париз, Клеман Мерик, млад синдикалист од 18 години, дојден од Брест да студира на Политички науки во Париз, излегувал од една продавница во близината на железничката станица Сант Лазар, кога бил нападнат.

Од полициски извори се потврдува дека група на тројца скинеди од кои една жена, предизвикале караница и турканица пред продавницата со една друга група на млади. Потоа откако добиле „засилување“ ги сочекале младите пред продавница.

Напаѓачите се уште не се уапсени. Сведоците на тепачката за медиумите објаснуваат дека младата жртва била силно турната, по што неговата глава удрила во металниот столб. Еден од напаѓачите носел маичка на Националнито фронт, другиот имал тетовиран кукаст крст, но од партијата на крајната десница тврдат дека немаат никаква врска со нападот и напаѓачите.

Претседателката Марин Ле Пен ја нарече агресија „неприфатлива“ и “страшна“, барајќи ако се докаже дека ЈНР им дава инструкции кои одат во насока да предизвикуваат насилнички акти, да биде распуштена.

За денеска во Париз се закажани повеќе собири од страна на симпатизерите на левицата во чест на младиот студент.
 
Било кој политички или идеолошки мотив за убиство, е неоправдан, ужасен и страшен.
Немам разбирање за ниту еден убиец, но постојат луѓе кои имаат сериозни ментални нарушувања, кои се препознаваат тек после извршување на злосторство/злосторства, и е невозможно предходно да се тргнат од улица затоа што водат ,,нормален живот,,.
Но кога ќе видиш некој ваков задоен изрод, зошто би го оставил на улица слободен?

Слобода на мислење - секако, освен кога таа слобода се заканува да ги повреди правата на сите неистомисленици.
 
Така, силни се само кога ќе добијат засилување. Лигуши!
 
А ти ме познаваш мене лично и знаеш како јас размислувам и што чувствувам. Дрско!
Ми се гади од експерти на кајганава како тебе, што „те познаваат“ повеќе отколку што се познаваш себеси. Фашизмот загрижувачки расте, а ти најде мене да ме анализираш и да даваш заклучоци за моите емоции. Сероња!

Смирено. :)

Види, на никого овде не му е гајле за убиеното дете во Франција, исто како што на Французите не им е гајле за прегазената Кумановчанка. Јас само сум искрен. Никој овде нема да изгуби ни минута сон за убиениот кој ќе биде заборавен веднаш штом темава исчезне од десната страна на форумот.

Не ти е гајле ни на тебе за детето. Не те познавам, но нема ни потреба. Факт е дека ја отвори темава затоа што студентот ја делел истата идеологија како и ти, а е убиен од твоите противници. Чисто се сомневам дека би отворила нова тема доколку Французот бил некој најобичен студент, претепан од рандом бандити.
 
Немам намера да зборувам како јас се чувствувам за оваа или било која смрт. Тоа не е тема за разговор и не треба да те засега, ниту има потреба да се дискутира за ова. Поентата на темава е да го прикажам она нешто кое многу луѓе не сакаат или не можат да го прочитаат, т.е. порастот на фашизмот кој упорно тврдиме дека не постои. Знам дека ве заболе и сигурна сум дека вашите предци би се гордееле со тоа.
 
Кај нас припадник на специјалци од МВР уби дечко на сред плоштад, пази член на нивната партија, па највисокото раководство на ова министерство проба да го заташка случајот. Само потрцртувам паралела помеѓу двата случаи, каде нашиов е каде каде побанален. Излезноста беше ОК само на првите протести после се разводни цела ситуација, најмногу ради партиското полтронство што владее кај нас во огромна мера, на крај казнет беше извршителот, но овие замешаниве го продолжија својот престој на фотељите без око да им трепне.
Се надевам државата и парижаните ќе направат повеќе за нивниот, отколку нашава држава и ние што направивме за нашиот случај.
 
Немам намера да зборувам како јас се чувствувам за оваа или било која смрт. Тоа не е тема за разговор и не треба да те засега, ниту има потреба да се дискутира за ова. Поентата на темава е да го прикажам она нешто кое многу луѓе не сакаат или не можат да го прочитаат, т.е. порастот на фашизмот кој упорно тврдиме дека не постои. Знам дека ве заболе и сигурна сум дека вашите предци би се гордееле со тоа.
Анфем, ти изгледа од 1941 типкаш. поздрави ја баба ми и кажи и да не јаде многу мрсно.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom