.Sky.
Заменик министер без титула
- Член од
- 15 февруари 2013
- Мислења
- 6.857
- Поени од реакции
- 7.241
- Локација
- На Венера
- Веб-сајт
- www.facebook.com
Во Кина се гради Sky City, највисоката зграда во светот
Веќе е започнато градењето на највисоката зграда во светот, а се очекува со нејзината конструкција да биде завршено за три месеци, додека целосното уредување не би требало да биде подолго од 210 дена.
Ископувањата за темелите на Sky City во Чангша се веќе започнати, а зградатаќе биде висока 838 метри и ќе има 220 катови. Во склоп на оваа мегаструктура ќе има хотели,болница, пет училишта, електрана за сопствено производство на енергија, деловни простори, 104 лифтови и 17 хелиодроми.
Целта за градењето на оваа зграда е нејзината функционална намена што ќе биде способна да го поддржи сè побрзиот раст на популацијата во Кина. Всушност, Sky City ќе функционира како мал град во кој ќе живеат 17.000 жители во становите, како и неколку илјади посетители во хотелите.
Објектот ќе се гради со веќе познатата кинеска метода на монтажна конструкција, односно 270.000 тони челик ќе се употребат како основа на зградата, а потоа ќе се монтираат готовите ѕидови.
Вака би требало да изгледа зградата откако ќе се заврши со градење.
Токму најголемите критики се насочени кон конструкцијата, бидејќи архитектите и инженерите сметаат дека е невозможно ваков вид констукција да ја издржи тежината на целата зграда, особено кога станува збор за временска непогода како силни ветрови, бури или земјотрес.
Според конструкторите и досегашните успешни тестови, зградата може да издржи земјотрес од поголем степен, додека самата конструкција има еколошки предности. Тие целиот проект го опишуваат како совршено место за живеење.
Всушност, ова е визијата за живеење во пренаселените места во светот, а луѓето во иднина ќе мора да се навикнат на градби од овој вид, смета Broad Sustainable Building, компанијата што го работи проектот.
На следново видео можете да погледнете како ќе изгледа

Виа