ИТ фирми и пракси во Скопје

  • Креатор на темата Креатор на темата StaticStupid
  • Време на започнување Време на започнување
One more interview to go yuhuu :D
Never half-ass two things, whole-ass one thing. По оваа филозофија си терам во животот. Моментално учам Јава, и дури не ја научам перфектно не одам на друго, дефинитивно ќе комбинирам и бази во меѓувреме. Ова моево можеби е правилно, али одзема време, еве година дена не аплицирам нигде, тек таму март април друга година. Му кажувам на друг совет за побрзо да се вработи.
Перфектно нема да ја научиш никад. Поготово ако не почнеш да работиш. Две години спремање за интервју за џуниор е исклучително глупо трошење на време. Во ред е да се спремиш и да излезеш посигурен во себе, ама ако ти требаат две години, можеби не ти е најсреќен избор струкава.
Автоматски споено мислење:

Да им треба човек тогаш ќе те викнат. Вака само гледам едни исти огласи секоја недела. 5+ искуство и нон стоп се објавуваат. Фирмиве не го гледаат ЦВ-то ниту проектите ваши. Све е или нема одговор или ти даваат задача да решиш и толку.
Со кое искуство тврдиш дека не гледаат CV или проекти? Имаш инсајдер у сите фирми? Еве ја тврдам дека не е така. Ако твоите проекти не биле доволно добри да ти обезбедат интервју, можеби на други со подобри проекти и CV ќе им. Ајде да ти средам интервју месецов да видиме што толку тие фирми пропуштиле до сега. Бива?
 
Последно уредено:
Јас во првото CV изнаредив се што сум учел на факултет, а не тоа што повеќе знам. И на интервјуа многу прашања не знаев. Од мое искуство, максимум 5 технологии наведете.
 
Перфектно нема да ја научиш никад. Поготово ако не почнеш да работиш. Две години спремање за интервју за џуниор е исклучително глупо трошење на време. Во ред е да се спремиш и да излезеш посигурен во себе, ама ако ти требаат две години, можеби не ти е најсреќен избор струкава.
Автоматски споено мислење:

Со кое искуство тврдиш дека не гледаат CV или проекти? Имаш инсајдер у сите фирми? Еве ја тврдам дека не е така. Ако твоите проекти не биле доволно добри да ти обезбедат интервју, можеби на други со подобри проекти и CV ќе им. Ајде да ти средам интервју месецов да видиме што толку тие фирми пропуштиле до сега. Бива?

Колку глуп и арогантент заклучок. За тие две години нема само синтакса и теорија да учи сигурно. Јас после 6 години работно искуство и две години спремање уште учам, изгледа сум ја промашил професијата. :)
 
Постојано се учи во технологијата,но сепак се согласувам дека 2 години се многу ако се посветиш на учење една технологија, освен ако не учи интезивно. И јас сум почетник, сеуште учам скоро 2-3 месеци и се чуствувам спремна за пракса нормално, така најдобро се учи, а дома не можеш да станеш експерт секако...
 
Колку глуп и арогантент заклучок. За тие две години нема само синтакса и теорија да учи сигурно. Јас после 6 години работно искуство и две години спремање уште учам, изгледа сум ја промашил професијата. :)
А ти да прочиташ убаво што сум пишала? Реков 2 години учење за интервју за џуниор е губење време. Во тие две години ако се вработи многу повеќе ќе научи и напредува.
 
Не знам како е во Јава секторот. Но во php обично ти бараат познавање на јаваскрипт + фрејмворк/jquery, OOP концепти + познавање на фрејмворк (за џуниорско интервју добив прашање опиши request lifecycle во ларавел), работа со git, сетирање на околина во виртуелка или докер + искуство со линукс системи, бази.
 
Последно уредено од модератор:
Со кое искуство тврдиш дека не гледаат CV или проекти? Имаш инсајдер у сите фирми? Еве ја тврдам дека не е така. Ако твоите проекти не биле доволно добри да ти обезбедат интервју, можеби на други со подобри проекти и CV ќе им. Ајде да ти средам интервју месецов да видиме што толку тие фирми пропуштиле до сега. Бива?
Ете. Се сте со врски таму...
 
Перфектно нема да ја научиш никад. Поготово ако не почнеш да работиш. Две години спремање за интервју за џуниор е исклучително глупо трошење на време. Во ред е да се спремиш и да излезеш посигурен во себе, ама ако ти требаат две години, можеби не ти е најсреќен избор струкава.
Автоматски споено мислење:

Со кое искуство тврдиш дека не гледаат CV или проекти? Имаш инсајдер у сите фирми? Еве ја тврдам дека не е така. Ако твоите проекти не биле доволно добри да ти обезбедат интервју, можеби на други со подобри проекти и CV ќе им. Ајде да ти средам интервју месецов да видиме што толку тие фирми пропуштиле до сега. Бива?
Бива. Среди интервју
 
Абе нашиот народ има една убава изрека која за во приватен сектор важи и те како: "со лага ага не бидува". Ај кај почетници може и ќе ви прогледаат низ прсти ако сте лажеле дека знаете нешто, ама кај поискусни се лета и од работа ако тие скилови се задолжителни за проектот, а вие немате појма.
Автоматски споено мислење:

А ти да прочиташ убаво што сум пишала? Реков 2 години учење за интервју за џуниор е губење време. Во тие две години ако се вработи многу повеќе ќе научи и напредува.
Од досегашно искуство ни 2 месеци не им се ефективни во тие 2 години. Влегуваат во лупот на туторијали и препишување на проекти од готови примери без вистински да ја разберат суштината. И кога ќе ги запнеш на вистински проект, се како паднати од Марс. Мој впечаток е дека се почесто не навлегуваат суштински во работите туку само површно прават чепни троа и пак одново истото или некоја нова технологија.
Реално ако имаат основа со програмирање од факултет и со правилен пристап, не повеќе од 1 година е доволно да се спремат за на реални проекти.
 
Последно уредено:
Колку се спремни овие со курсеви од по 3-4 месеци да работат на реални проекти што мислите? Ама реално.
Без факултет, без никаква основа од програмирање, повеќето студирале нешто сосем трето и сега се вработуваат по ИТ компании...
 
Абе нашиот народ има една убава изрека која за во приватен сектор важи и те како: "со лага ага не бидува". Ај кај почетници може и ќе ви прогледаат низ прсти ако сте лажеле дека знаете нешто, ама кај поискусни се лета и од работа ако тие скилови се задолжителни за проектот, а вие немате појма.
Автоматски споено мислење:

Од досегашно искуство ни 2 месеци не им се ефективни во тие 2 години. Влегуваат во лупот на туторијали и препишување на проекти од готови примери без вистински да ја разберат суштината. И кога ќе ги запнеш на вистински проект, се како паднати од Марс. Мој впечаток е дека се почесто не навлегуваат суштински во работите туку само површно прават чепни троа и пак одново истото или некоја нова технологија.
Реално ако имаат основа со програмирање од факултет и со правилен пристап, не повеќе од 1 година е доволно да се спремат за на реални проекти.

Се е процес и треба време. Ако се оптеретуваш само со тоа да најдеш работа влијае на психолошкиот момент кога ќе отидеш на интервју и да блокираш. Да, можеби луѓето од финки/етф кои изучувале програмски јазици 4 години можат со интензивно учење од два три месеца да се спремни за работа на реални проекти. Но човек кој апсолутно немал допир со програмски јазици да ми каже дека два три месеца ти се доволно колку да почнеш, лаже и учи на памет. Јас книгава после година дена изучување имав проблеми да ја разберам

еквивалент е на книгата на The Gang of 4 од јава екосистемот и ти ги разглобува некои од најважните дизајн патерни во софтвер девелопмент, а на џуниорско интервју добиваш прашања - објасни ми репозитори, објасни ми синглтон, објасни ми стратеџи патерн.
 
Колку се спремни овие со курсеви од по 3-4 месеци да работат на реални проекти што мислите? Ама реално.
Без факултет, без никаква основа од програмирање, повеќето студирале нешто сосем трето и сега се вработуваат по ИТ компании...

Ниту еден од тие не е спремен одма после курс/академија да работи на реален проект.

Воедно, и тие со факултет, одма после факултет на прво работно место НЕ се спремни да работат на реален проект.

За тоа постојат праксите, за тоа постојат тие ентри левел позиции.
 
Колку се спремни овие со курсеви од по 3-4 месеци да работат на реални проекти што мислите? Ама реално.
Без факултет, без никаква основа од програмирање, повеќето студирале нешто сосем трето и сега се вработуваат по ИТ компании...
Не се 3-4 месеци туку скоро цела година. И после цела година ќе видиш слика 5000х5000 од 5 мега ставена во див од 300х300, додадени атрибути на col-md-6 класа, 47 линии код за нешто што се средува само со display: flex;, if statements каде што треба да потрошиш минимум половина час да најдеш зошто стојат таму за на крај да излезе дека ќе работи нештото и без нив и.... го превртуваш бирото. Нема што да правиш друго.
Не се они криви, никој не им објаснил основни работи.

И јас како Paranoia, сите што аплицирале за фул стак позиција и мислат дека се обесправени при селекција во некоја од фирмиве, нека ми пратат CV. Доколку ги нема глупостиве веднаш закажувам интервју.
 
Се е процес и треба време. Ако се оптеретуваш само со тоа да најдеш работа влијае на психолошкиот момент кога ќе отидеш на интервју и да блокираш. Да, можеби луѓето од финки/етф кои изучувале програмски јазици 4 години можат со интензивно учење од два три месеца да се спремни за работа на реални проекти. Но човек кој апсолутно немал допир со програмски јазици да ми каже дека два три месеца ти се доволно колку да почнеш, лаже и учи на памет. Јас книгава после година дена изучување имав проблеми да ја разберам

еквивалент е на книгата на The Gang of 4 од јава екосистемот и ти ги разглобува некои од најважните дизајн патерни во софтвер девелопмент, а на џуниорско интервју добиваш прашања - објасни ми репозитори, објасни ми синглтон, објасни ми стратеџи патерн.
Се согласувам дека на интервју е голем притисокот и може да се збуниш, ама се познава бунење на некој што разбира и некој кој само слушнал-недослушнал и лаже дека знае.
Последното интервју за надвор ми траеше повеќе од 1,5 час и 4ца ме бомбардираа со прашања од различни области (технички директор на компанија од 400+ души со околу 300 луѓе во технички сектор (се чудев како ваков левел на човек се замара да седи на интервју и да прашува, ама постариве колеги викаат дека таму стигнал чекор по чекор од обичен инженер и 20 години искуство, и за сениор позиции без негов амин нема примање), HR, проект менаџерот, експертот кој ни е тим лид), шанса нема да не те фатат во толку долго интервју дека ги лажеш бидејќи навлегуваа во апла ситни детали кои може да ги знаеш само ако си работел. Ова воедно ми е и прва работа каде се што имаа наведено на огласот и се користи на проектот) тука обично ми барале 10 технологии а сме користеле макс пола од тоа). Уште повеќе ми се допадна и процесот на интервјуирање, само едно интензивно интервју и за помалку од 10 денови одлучија кого примаат.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom