- Член од
- 25 октомври 2011
- Мислења
- 135
- Поени од реакции
- 99
- Возраст
- 27

Турските трупи отворија оган кон сиријската територија бидејќи е нападнато нивно оклопно возило кое патролирало на сиријско-турската граница.
Турските војници возвратиле оган вчера попладне откако група од неколку напаѓачи пукала кон нивно возило со кое патролирале на делот од границата во јужната турска покраина Хатај, се наведува во соопштението на војската, а пренесува Ројтерс.
Турската војска исто така навела дека во тој напад не претпела штети.
Турција инаку во повеќе наврати во минатото одговараше на огнените напади упатени од Сирија.
Извор: Точка.