Мислењето на Македонците за добрите односи со соседните земји

  • Креатор на темата Креатор на темата Bateman
  • Време на започнување Време на започнување

Со која соседна држава имаме најдобри односи

  • Србија

    Гласови: 87 74,4%
  • Бугарија

    Гласови: 14 12,0%
  • Албанија

    Гласови: 9 7,7%
  • Косово

    Гласови: 6 5,1%
  • Грција

    Гласови: 10 8,5%

  • Вкупно гласачи
    117
Абе што лажете, што се правите енглези, за месец дена сите ќе се полетате у Грчка. Да им дадете некое еуро на тоа циганите таму. А замисли, пари никој нема...ама за у Грчка има :):):)
Ја мразеле Грчка...како да не.
Па си идат луѓето на наше море,а не во Грчка.:P
 
Па си идат луѓето на наше море,а не во Грчка.:P
Само што морето е Грчко. Парите на Грците им ги даваат.
Најпрво сите го забораваат геноцидот на Македонците, за разлика од нас Евреите сеуште имаат отворено случаи против нацистите и се сеќаваат со огорченост на геноцидот.
Потоа, таму сите Македонци се навредувани со називот скопјани и цигани и секоја година оштетуваат возила на Македонските гости од кој заработуваат за лебче.
Јас за мојте пари недозволувам никој да ме навредува и омаловажува. Јас не сум бил во Грција и никогаш нема да идам. Мојата гордост и националност вреди повеќе од еден мизерен одмор.
 
Само што морето е Грчко. Парите на Грците им ги даваат.
Најпрво сите го забораваат геноцидот на Македонците, за разлика од нас Евреите сеуште имаат отворено случаи против нацистите и се сеќаваат со огорченост на геноцидот.
Потоа, таму сите Македонци се навредувани со називот скопјани и цигани и секоја година оштетуваат возила на Македонските гости од кој заработуваат за лебче.
Јас за мојте пари недозволувам никој да ме навредува и омаловажува. Јас не сум бил во Грција и никогаш нема да идам. Мојата гордост и националност вреди повеќе од еден мизерен одмор.
Бате,со троа иронија ти го кажав тоа.
 
Гласав за државата Албанија.
Фер и коректен однос без многу очекувања едни кон други освен повремени испади на поединци.
Овие другите се сите проблематични - официјално и неофицијално.

не ти смета дека за нив си "фиромец"?
 
не ти смета дека за нив си "фиромец"?

Во однос на националната припадност никогаш не сум бил "фиромец" за нив.. Нема што да ми смета кај Албанците од Албанија.
Многу повеќе ми смета вашата (на останатите соседи) болна опседнатост со мојата етно-национална свест.
 
грЧки ДОКУМЕНТИ ЈА ДЕМАНТИРААТ АТИНА
Грци се колнеле пред Библија дека верно ќе преведуваат од македонски

Нотарски документ од 1915 година сведочи дека македонскиот јазик и идентитет за Грците бил неоспорен факт




Македонскиот јазик ниту е измислен, ниту е коминтерновска творба заедно со македонската нација, како што тврдат Грците во својата агресивна пропаганда, докажуваат документи од почетокот на минатиот век. Еден од нив е и нотарскиот договор од 1915 година склучен во Лерин. Договорот на 6 март 1915 година бил попишан меѓу Македонецот Ставро Стојчев и Турчинот Алим Јузеир. Ни едниот ни другиот не го знаеле грчкиот јазик, кој бил вопспоставен со грчкото администрирање на делот од Македонија што Грција го доби по договорот во Букурешт во 1913 година. Поради тоа, грчките власти во Лерин ангажирале преведувач што ги зборувал и македонскиот и турскиот јазик. Во нотарскиот акт пишува: „Пред мене, нотарот Василиу П. Кувела, во присуство на сведоци, грчки државјани кои ми се познати, здрави и неосудувани жители на Лерин, трговците Теодор Керамици и Христо Данаил, ми се јавија и се легитимираа Ставро Стојчев, земјоделец, жител на Опсирина, Околија Флорина и Алим Јузеир, жител на Флорина, земјоделец. Тие не го знаат грчкиот јазик. Првиот зборува македонски, вториот турски. Го повикавме преведувачот Наум Грива, трговец со тутун, кој се заколна пред Светото евангелие дека верно ќе врши превод од македонски и турски на грчки и обратно“.



Во натамошниот текст се зборува за заемот што Стојчев му го дал на Јузеир од тогашни 4.530 драхми, односно 220 отомански лири. Документот е потпишан од сите присутни и завeрен со печат на нотарот и на грчката административна управа. Документот е оригинален, со неколку таксени марки што тогаш поединечно чинеле по 25 пари.Овој документ со години го чуваат наследници на Ставро Стојчев. Тие документот му го отстапиле на Петре Наковски, поранешен македонски амбасадор во Полска, кој подолго време истражува и пишува за македонските бегалци од Егејска Македонија, а наскоро во издание на Архивот на Македонија ќе ја промовира и книгата „Македонските бегалци во Полска 1948-1975 година“.Овој е само еден од многуте документи во кој се побиваат грчките и бугарските тврдења дека македонскиот јазик и нација се измислени и дека се формирани со одлука на Јосип Броз Тито и Коминтерната. „Дневник“ дознава дека вакви документи со кои се демаскираат тврдењата на сегашната грчка пропаганда наскоро би можеле да му бидат презентирани и на посредникот на ОН во спорот за името, Метју Нимиц.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=B6DCEBF8A2E9EA4C810F75392CC5917D
 
Глеам сите србија абе луѓе кога ќе размислиш србија не ни признава црква бугарија и грција да не прашуваме косово не ги рачунам а албанија испадна нај фер.МОЕ МИСЛЕЊЕ
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom