Патики на електропроводите -shoefiti

  • Креатор на темата Креатор на темата @cool@
  • Време на започнување Време на започнување

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.115
Уверен сум дека секој од вас нееднократно вишол зафрлени обувки на електричните проводи . Но, ме интересираше зошто, т.е причината зошто баш таму .Па прочепкав низ нетов и наидов на неколку верзии на објаснување за shoefiti “shoe tossing” или “shoe flinging”. Обувките некаде низ светов ги обесуваат и на дрва.
shoefiti7.jpg


Постојат неколку верзии за потеклото на традицијата на фрлање чевли на електропроводите:

1. Во американската армија со крајот на службата забележано е дека фрлаат во воздух се’ што им се наоѓа под рака. а првиот пар на чевли фрлени на жиците им стана традиција.

2. Фрлање патики на жици е и кај студентите по започнување или завршување на студиите.

3. Спортските екипи фрлаат патики по електричните проводи по поразот или по победата.

4. Во некои земји фрлаат чевли на жици во знак на сеќавање на загинат/ите на тоа место .

5. Означување на место каде се продава дрога .

6. обележување на свои области од страна на бандите.

7.некаде снетаат- дека е чисто хулиганска работа


Се верува дека чевлите на далноводите се еден вид на ритуал. На пример, студент кој дипломирал на училиште или факултет, ги фрла чевлите за одбележување на поводот.
Други- со тоа ја изразуваат нивната радост при склучување брак или на раѓање на дете . Уште за време на Големата патриотска војна, војниците ги фрлале чевлите врз електрични проводи на крајот на нивната основна обука или по завршувањето на воената служба.

shoefiti-brooklyn.jpg


На Форумите може да се најдат чудни интерпретации за ова фрлање на чевли на далноводи од целиот свет. На пример, во Колумбија, веруваат дека фрлените чевли ќе помогнат да се излекува болно дете, во Венецуела, па се надеваат дека ќе добијат нов пар на чевли :)). Во Шпанија, за време на суша со таков начин повикуваат дожд ,а во Гватемала начин да ги избркаат лилјаците.

Shoefiti Prague

:pos: http://500px.com/photo/23860773
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom