Кажи пријателе ?

Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Кажи пријателе ?
Кажи пријателе ?![]()
Секако мора да се почне со база на Месечината, заради искуство и логистика но и заради ресурси (вода за гориво/потреби).Прво што ќе треба е да се изгради база на месечината, а понатаму да се изгради доволно големо вселенско летало кое ќе се лансира од месечината...
site sto mislat deka nema da uspee zaradi finansii
Прво да расчистиме една работа. Нема некој тука што повеќе би сакал ова да се деси одколку јас.
Тоа на страна ајде да зборуваме реално и со факти, без фантазирање.
Ниедна велесила нема направено ни обид за човечка мисија, макар и за посетување на друга планета. И сега некои клапчовци не само што ќе го направат тој подвиг, туку и ќе колонизираат планета? Самиот муабет е смешен...
Каква технологија постои? И колку кошта? И колку време треба за да се имплементира?
Пази ова не е само испраќање на мал робусен истражувачки механички објект на планета. Се работи за луѓе кои не можеш само да ги бутнеш во карго и да ги џитнеш во свемир па на пат од 8-9 месеци до Марс, за потоа од орбита да се спуштат на Марс...
Тие луѓе ќе побаруваат животна средина, кислород, вода, храна. Зборуваме за неспоредливо посложено и затоа поголемо „возило„, кое ќе кошто непоимливо многу пари и уште повеќе време, зошто ТАКВА ТЕХНОЛОГИЈА СЕУШТЕ НЕМА!
10 години до испраќањето на колонизатори на Марс?
100тина години можеби, со непоимливо многу повеќе пари одколку што воопшто некогаш ќе видат.
Значи ќе треба да изградат прво вселенска станица за градење на бродот во свемир, пошто ниедна ракета сегашна или идна, во догледно време нема да може да подигне таква тежина во орбита. За тоа ќе треба да школуваат и да обучат цел еден огромен тим од луѓе, со знаење кое сега не ни постои.
Забегувам во детали за да ја доловам сложенста и огромната обемност на еден ваков проект. И тоа ова е само за да се донесат луѓе во орбитата на Марс.
Што ќе прават кога ќе дојдат таму?
Се згазив од смеење кога прочитав дека прва цел било да „донесат луѓе кои ќе истражат погодни локации за колонијата„...![]()
![]()
![]()
![]()
...Хаха, демек како пред неколку векови, пионерите го скаутираат брегот, и оближните места за новата населба.
Аман, од свемир се гледа дека работава смрди.
Локацијата е најмал проблем, со сателити може да се слика било што на Марс, ретардирана е и самата помисла да спушта луѓе да шетаат по површината за да најдат локација.
Правиот проблем е концептот на една таква колонија, колонизаторите ќе треба да одгледуваат своја храна што значи и мини еко-систем од земјата, со се почва и соодветни билки.
Атмосферата е несоодветна. Притисокот е многу помал. Температурите се многу пати пониски од најекстремните на земјата. Значи зборуваме за потреба од софистициран идеално изолиран хабитат кој ќе побарува вештачки извор на кислород, топлина, соодветен притисок.
Да кажеме дека на планетата вода има во доволни количини. На северниот дел од планетата наводно има поголеми смрзнати количини вода. Но тоа значи потреба од технологија со дупчалки и пречистувачи и... се друго што сеуште не постои ни како концепт!
Да расчистиме, иницијаторите на оваа... „иницијатива„ не се научници ниту стучњаци во ниедна област. Тоа се само досетливи луѓе со идеја (дали идеја за повисока цел или идеја за полнење на џебовите уште не знаеме со сигурност). Типците немаат капитал, немаат имот и вистинска фирма, немаат ништо. Имаат регистрирано компанија во изнајмена канцеларија, без натпис на името на фирмата, без ништо. Сето ова се новинарски испитувања иначе, не е дека нагаѓам.
Значи немаат тим од стручњаци, немаат ама баш ништо. Имаат само пристап на интернет и со пристап до наивната раја која нема поим што представува колонизирање на друга планета.
Дури и да ја имаше таа технологија една NASA, или една ФКА (Роскосмос)... Мислиш дека ќе ја продадат лиценцата на некои тапчовци??!?
Прво законски не смеат, тоа е предавство и оддавање на државна тајна, второ нормално дека ќе мислат дека се работи за обид на конкурентите да им ја соберат технологијата.
Значи Марс1 ќе треба се да „откриваат„ одново.
Затоа мисијата за колонизирање на Марс ќе се одвива во неколку етапи.Ги спомнуваш SpaceX со Falcon Heavy со носивост од 53 тони?
Можеш ли да поимаш што се 53 тони за еден ваков проект?
Ништо.
Готовиот проект за носење на човечки екипаж на Марс би тежел стотици илјадници тони.
Значи ќе треба да изградат прво вселенска станица за градење на бродот во свемир, пошто ниедна ракета сегашна или идна, во догледно време нема да може да подигне таква тежина во орбита. За тоа ќе треба да школуваат и да обучат цел еден огромен тим од луѓе, со знаење кое сега не ни постои.
Забегувам во детали за да ја доловам сложенста и огромната обемност на еден ваков проект. И тоа ова е само за да се донесат луѓе во орбитата на Марс.
Што ќе прават кога ќе дојдат таму?
Се згазив од смеење кога прочитав дека прва цел било да „донесат луѓе кои ќе истражат погодни локации за колонијата„...![]()
![]()
![]()
![]()
![]()
Правиот проблем е концептот на една таква колонија, колонизаторите ќе треба да одгледуваат своја храна што значи и мини еко-систем од земјата, со се почва и соодветни билки.
Атмосферата е несоодветна....
Види, дури и овде на земјата е една работа да донесеш неколку луѓе на некоја планина... а друга работа е да им однесеш и храна за неколку години, алатки и материјал за градење на домови, готови привремени живеалишта, лекови, медицинска нега и уште еден куп други работи кои нема сега сите да ги набројувам.Ја потценуваш моќта на приватниот сектор.
Колку за пример, веќе во наредната година две аеронаутички компании ќе почнат со лансирање на туристи во вселената, каде веќе повеќе од 1000 луѓе имаат резервирано билети. Тоа ќе бидат суборбитални летови.
Потоа, од 2015, Спејс икс ќе почне со лансирање на астронаути до Меѓународната вселенска станица (МВС), нешто што му има успеано само на 3те најмоќни држави - Русија, САД и Кина. И тоа по цени кои ќе му конкурираат на ефтиниот Руски Сојуз.
Така ли е?Цената на едно лансирање на Фалкон Хеви е 80-125 милиони долари.
Цената на модулите во кои ќе живеат идните колонизатори не е поголема од неколку десетина милиони долари. Вклучувајчи ја и додатната опрема и "подготвувањето на теренот" не би требало да чини повеќе од 6 милијарди долари, како што е зацртано во планот на Mars one.
Со капсули ќе пренесуваат луѓе до Марс?Ниту вселенска станица, ниту ништо, доволни се капсулите за пренос до Марс.
Ако мислиш дека ќе им биде тесно... нема. Русите поминуваа години во тесните вселенски станици Салут, Алмаз и во нешто пошироката Мир и немаа гајле.![]()
Така велиш? Со која носивост и со која технологија ќе се однесе се она што е потребно да се изгради хабитат, да му се обезбеди атмосфера внатре која ќе се пречистува и одржува соодветна температура, тони и тони почва од земјата со семенски материјали, опрема за дупчење, пречистување и транспорт на вода од смрзнатите количини на Марс (кои патем во најголем дел се на северниот дел од планетата каде температурите се неспоредливо пониски од тие на екваторот). Сегашната технологија не може тоа да направи.Храна и залихи ќе добиваат на секои 2 години - на колку што се наоѓа прозорот за лансирање кон Марс од Земјата. Ќе почнат да одгледуваат и храна на Марс во специјално создадени услови ако е тоа потребно.
Види, дури и овде на земјата е една работа да донесеш неколку луѓе на некоја планина... а друга работа е да им однесеш и храна за неколку години, алатки и материјал за градење на домови, готови привремени живеалишта, лекови, медицинска нега и уште еден куп други работи кои нема сега сите да ги набројувам.
Спореди ја сега таа ситуација со условите на еден Марс каде на пладне на екваторот има највисока температура од -20 (просечната е многу пониска) а навечер паѓа до неколку стотици степени минус. Притисокот е неспоредливо помал од оној на земјата, исто и гравитацијата е помала, а атмосферата и таква каква што е ретка, и кога би била погуста дефинитивно не е за дишење (и не само заради тоа што нема кислород). Недостатокот од атмосфера како на земјата значи и немање на заштита од свемирската радијација, како и заштита од средните кон поситните метеори.
Има уште многу многу што да се пишува тука за што изгледа немаш ни представа, и како таков си добар претставник на наивните заложувачи на Марс Еден.
Така ли е?
Од каде ги извадија овие бројки типците од Марс Еден? Од газот?
Ниеден од нив не е ни научник ни стручњак на ова поле... Ентузујаст сум и јас, ама ни јас не би си доверил сам на себе да водам ваков проект -дури ни кога би било можно да обезбедам финансии: Што не е можно ни за преварантиве, бројките што ги „баратаат„ ликовиве од марс1 не се ни врвот од ајсбергот. Ама додека има овци за шишање ќе има и волна и џемпери.
Со капсули ќе пренесуваат луѓе до Марс?
И тоа го споредуваш со вселенските станици, каде помошта и обезбедувањето на замени на делови и космонаути, материјали, и се друго, е делеку колку едно лансирање од Бајконур?
Пак ќе ти кажам дека само со научната фантастика од рекламниот материјал на марс1 не правиш ништо. Реалноста е многу различна.
Така велиш? Со која носивост и со која технологија ќе се однесе се она што е потребно да се изгради хабитат, да му се обезбеди атмосфера внатре која ќе се пречистува и одржува соодветна температура, тони и тони почва од земјата со семенски материјали, опрема за дупчење, пречистување и транспорт на вода од смрзнатите количини на Марс (кои патем во најголем дел се на северниот дел од планетата каде температурите се неспоредливо пониски од тие на екваторот). Сегашната технологија не може тоа да направи.
Овие од Марс (ни)Еден ги вадат „фактиве„ од газот, а тебе ако ти е до научна фантастика има многу подобро напишани книги... Барем во тие книги можат да си дозволат да кажат дека имаме откриено преносни и мобилни реакторски мотори на фисија и слично.
Ајде потруди се најди како мислат да обезбедуваат енергија (немој само да ми кажеш дека со соларна енергија ќе завршат работа). Ќе транспортираат фосилни горива? Или се надеваат дека ќе најдат нафта на Марс?
Немам намера детално да ги студирам „материјалите„ на тапчовциве... имам многу поинтересна фантастика за читање во ебук ридерот.
Леминзи. Лајка имаше повеќе шанси......веќе има пријавено илјадници доброволци за патот во една насока?
За техничките аспекти изгледа нема потреба веќе да зборуваме чим толку им веруваш на „прилично дебелите анализи„ на група аматери без никаква научна или стручна позадина. Со среќа нека им е на идните „колонисти„ одржувањето на животната средина со се задоволување на сите енергетски захтевни процеси, само од соларна енергија.
Леминзи. Лајка имаше повеќе шанси...![]()
sto mislite za mars one ?
sto ke bide so lesevite na lugeto so ke prestojuvaat na mars do krajot na niniot zivot kako del od proektot mars one ?
koga razmisliv malku, mi izgleda deka coveckoto telo zaradi raspaganjeto e sovrseno za gubrenje
sto bi bilo ako zaradi maliot procent na kislorod na mars uspeat da posadat ednostavni rastenija kako muvla na mestoto kade bi se naogale grobistata na mars (pod pretpostavka deka nema da gi prakaat nazad lesevite)
mi izgleda kako interesna opcija za teraformiranje (najednostavna do sega) neznam dali bi uspealo
im pisav mail, mi vratija deka nemaat vreme da odgovaraat na secij email...prezafateni se so podgotovki
vase mislenje ?
EDIT: http://mars-one.com
Дефинитивно во еден правец...Да, и тоа како постои технологија (или во многу блиска иднина ќе постои со развојот на приватните Ред драгон и Драгон рајдер) за транспортирање на луѓе на Марс. Во еден правец.
Дефинитивно во еден правец...![]()