@cool@
Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
- Член од
- 2 јуни 2007
- Мислења
- 23.601
- Поени од реакции
- 27.115

Белата вдовица, Јамајка, АКА 47, магла, Хаш микс, Супер Шива, Црквата - се имиња на главните причини младите туристи да си купат авионски билет за Холандија веднаш по навршување на полнолетството. Тоа се имињата на различни лесни наркотици, на марихуаната, коишто се нудат во мениата во т.нар. coffeeshops - популарните кафичи по холандски патент, во коишто слободно и неограничено се продаваат дроги за пушење . Пред и во нив секогаш има луѓе. . Ако си неискусен, можеш да се напушиш уште на сам влез ,вдишувајќи од невообичаената атмосфера. Независно од каде купуваш, ефектот е ист - улиците се преполни со насмеани и лежерни луѓе, со лесно залутани погледи.
А во Македонија забрана за пушење тутун

Минатиот месец новата холандска влада се откажа од плановите за воведување на национална карта за достап до таквите кафичи, во коишто се продава марихуана. Според плановите на предходната влада така наречената „карта за трева” требаше да се издава само на холандските граѓани. Но, тоа ќе го намалеше бројот на туристите во Амстердам.
На цветните пазари пак се продаваат готови сетови за одгледување на канабис, со упаства за одгледувањето и видот на земјата која е погодна за него...

брошура - упаство за употреба на трева, којашто се дели бесплатно заедно со марихуаната низ кафчите во Холандија:
Во многу култури хашишот и марихуаната се пушени векови наназад. Тие потекнуваат од растението Хемп. Ефектот од употребата им трае меѓу два и четири часа и се изразува со веселост и отпуштеност. Но како и секоја друга субстанција, може да се користи погрешно. Затоа:
1. Пушете и марихуана, за да се забавуте. Не очекувајте еден џоинт да ги реши проблемите место вас.
2. Ако пушите хашиш или марихуана секој ден, пробајте да прескокнете по неколко дена од време на време.
3. Пушењето на хашиш или марихуана влијае на концентрацијата , не пушете, ако ви предстои да учите, да работите или ако возите.
4. Нјакои видове хашиш или марихуана се по-силни од други - имаат по-висока содржина на ТХЦ. Искусниот пушач знае колку му е доста и знае кога да сопре. треба да сте умерени.
5. Ако сте неискусен, не е добра идејата да го комбинирате пушењето со пиење алкохол
6. Кога јадете space cake ( кекс со примес од марихуана) нема како да знаете колку канабис консумирате. Пред да сфатите веќе сте прекардашиле. Затоа започнете со мало парче. Минува 40 минути до час и половина пред да осетите нешто. Почекајте да се појават ефектите пред да изедете уште едно парче, во сспротивно ќе се предозирате
7. Понекогаш пушењето на хашиш или марихуана нема да ви влијае добро. Може да доведе до гадење или раастревоженост. Најдете спокојно место да одморите, напијте се или изедете нешто слатко. Не паничарите!
8. Не пушете, ако сте бремена!
9. Не купувајте канабис и хашиш од улица, побарајте си убав кофишоп. истите тие имаат лиценца за нив и тоа гарантира квалитет на продуктот, што го консумирате.
10. Никогаш не земајте хашиш или марихуана со вас ако патувате надвор од границите на Холандија!
Накратко – холанѓаните продаваат она, што другите нации и градови ги забрануваат.
Забранети плодови кај нив нема, а дозволата за нивна употреба има баш контра ефект- тие губат интерес кон истото