Европско Првенство 2013 - Словенија | генерална тема |

  • Креатор на темата Креатор на темата Supervisor
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Локација
Кајгана
EuroBasket_2013_logo.jpg

За околу 3 месеци не очекува најголемиот спортски настан во Европа за оваа година, Евробаскет 2013 во Словенија. За среќа и Македонија веќе по четврти пат ќе се најде таму.
Првенството ќе се одржи од 4-22 Септември во пет сали Љубљана, Јесенице, Копер и Цеље, додека завршницата додатно и во спортскиот центар Стожице во Љубљана со капацитет од 12.000 места.

Системот кој што е воведен за првпат минатото првенство во Литванија останува на 24 екипи поделени во четири групи.

Група А
Украина
Велика Британија
Франција
Германија
Израел
Беглија

Група Б
Македонија
Литванија
Србија
Црна Гора
Босна и Херцеговина
Летонија

Група Ц
Словенија
Полска
Шпанија
Хрватска
Чешка
Грузија

Група Д
Русија
Грција
Финска
Италија
Шведска
Турција

По три репрезентации од секоја група влегуваат во втора фаза. Вкрстуваат логично групите А - Б и Ц - Д.
Редоследот на вкрстување е во новоформирани две групи повторно од по 6 репрезентации односно најдобрите три од секоја група.

-------------

Распоред на натпревари на Македонија
4. Септември 17:45
Македонија - Црна Гора

5. Септември 21:00
Литванија - Македонија

6. Септември 21:00
Македонија - Србија

7. Септември ден пауза

8. Септември 14:30

Босна и Херцеговина - Македонија

9. Септември 14:30
Летонија - Македонија

Натпреварите во нашата група ќе се играат во сала Подмежалка во Јесенице (реновирана во 2010 со капацитет од 5.900 места).

vlcsnap-2011-01-30-13h12.png

Официјална веб страна

Цена на карти

Тие што планираат да одат нека ја видат темава Групно патување за ЕП 2013

И за крај, да не се заборави и пак да се повтори :icon_lol:

ДА ГО ПОВТОРИМЕ УСПЕХОТ ОД 2011, ДА ГО НАПРАВИМЕ И УШТЕ ПОДОБАР, НАПРЕД МАКЕДОНИЈО ПОКАЖИ КОЈА СИ, ДОКАЖИ ДЕКА МОЖЕШ И УМЕЕШ ДА БИДЕ МЕЃУ НАЈДОБРИТЕ ВО ЕВРОПА.

НАПРЕД МАКЕДОНИЈА, НАПРЕД МОМЦИ, ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА Е СО ВАС!!!
 
има нешто прелиминарни состави за екипите или рано е уште?
 
Шпанија-Франција финале. Словенија како домаќин може да земе 3. место.
 
Шпанија-Франција финале. Словенија како домаќин може да земе 3. место.
Ја бушиме ние Словенија сигурно. :D
Ние трети тие четврти..ќе ни го дадат местото и онака како на Србите ќе им го направиме првенството интересно.
 
има нешто прелиминарни состави за екипите или рано е уште?

рано е се знае само некој што сигурно нема да играат како Јасикевичиус, Пол Гасол исто и кај Србите има доста што не играат Перович, Ерцег, Саванович највероватно..
инаку отворете подфорум покасно не само една тема :icon_mrgr:
 
Шпекулации (гејски)

Најверојатно Теодосиќ нема да игра.
 
Шпекулации (гејски)

Најверојатно Теодосиќ нема да игра.

Со сигурност му одкажале, да и за Теодосич се чека одговор а исто кај Хрватска ќе го нема Планинич доста важен и добар играч иако имаат добар ростер сепак он би бил стартен плеј..

294229_10151492766792763_1601124299_n.jpg
 
Од каде ти тоа дека со сигурност му одкажале?
 
Од каде ти тоа дека со сигурност му одкажале?

Па и Српски медиуми објавија доста а и Теодосич готово заработил повреда во аут ќе биде 3-4 месеца така ништо од првенството.
 
Нема врска ова што го зборат,Тео го повреди листот и ќе го оперира,потребно време за да се врати по таа повреда е од 2 до 4 месеци.Се зависи од него,сепак јас мислам дека нема да игра ,а и да игра нема да биде во форма.
 
Па и Српски медиуми објавија доста а и Теодосич готово заработил повреда во аут ќе биде 3-4 месеца така ништо од првенството.

Не прашав за Теодосиќ, а другите четворица, погледај малку пред да цитираш.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom